Рецензии

Текст што самиот се побива

на 18. 02. 2016 | | sq

[Скандал: Интервју на Заев за порно сајт!]

  Текстот што е предмет на рецензија се обидува да го обезвредни и да го омаловажи медиумот за кој лидерот на опозицијата дал интервју, а, од друга страна, цитира делови од интервјуто што ги смета за интересни. Интенцијата е медиумот да се претстави како сигурно поле за настап на лидерот на опозицијата, поврзувајќи го неосновано со неговото гостување на една телевизија со национална концесија. Линк до оригиналниот наслов: Скандал: Интервју на Заев за порно сајт! Датум и време на објавување: 14.02.2016 Датум на рецензија: 16.02.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

КОНТРАДИКТОРНОСТ

Текстот е контрадикторен бидејќи во него првин се изразува сомнеж за вистинитоста на интервјуто, а потоа сомнежот се отстранува со констатацијата дека, „интервјуто

Оцрнување на Шекеринска со подгревање на старата „манџа“

на 18. 02. 2016 | |

[Заминаа ли Шекеринска и сопругот од Македонија?]

  Tекстoт се пресметува со опозициската политичарка преку нејзиниот сопруг и тоа за наводна кривична пријава од пред неколку години. Инаку, написот, најверојатно, е враќање „мило за драго“ за текстовите што се објавуваа дента кога поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше на распит во Основниот суд Скопје 1(12 февруари 2016 година). Тогаш некои медиуми шпекулираа за тоа каде е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, откако еден „портал“ излезе со наслов: „ЈАНКУЛОВСКА ВО ДИПЛОМАТСКА ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА“. Сепак, новинарството не е професија за враќање „долгови“, туку треба точно и вистинито да ја информира јавноста. Па, гледано во тој контекст, треба да се каже дека споменатиот „портал“ го нема

Нова измама со стара снимка

на 18. 02. 2016 | | sq

Напис: Нова снимка од Куманово: Полицаецот Македонец му ја пцуе мајката на уапсениот Албанец

Новата снимка од полициската акција во Куманово што е објавена на „Јутјуб“, ни носи уште еден скандалозен момент. За време на апсењето на еден од припадниците на кумановската група се слушаат навреди и вулгарни пцости од страна на еден полицаец кон припадниците на кумановската група. „Врзи го, хе мајката….“, се слуша валканиот јазик на еден од полицајците. Делот од видеоснимката кој ги содржи пцостите, може да го проследите од 1.20  до 1.40 минута, пишува „Лајм“. Полициската акција во Куманово се случи на 9 и на 10 мај, кога министер за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска, за чие именување неколкупати гласала и ДУИ, заедно со нивниот „легендарен“

Сини етикети за Јанева

на 17. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева во акција за спасување на Заев]

  Во текстот што го рецензираме од почеток до крај доминира намерата да се спинува и да се исполитизира настапот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), дури и по цена на сопствена професионална дискредитација. Почнувајќи од сензационалистичкиот и тенденциозен наслов: „Катица Јанева во акција за спасување на Заев“, па до фотографијата која е непристојна фотомонтажа и до воведот кој  се повикува на рекла-кажала, имаме политички инструирана содржина пласирана за да ја искриви реалноста и да манипулира со граѓаните.

Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева во акција за спасување на Заев Датум и време на објавување: 12.02.2016 14:04 Датум на рецензирање: 16.02.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ДА СЕ ОЦРНИ СЈО

Всушност, имаме класичен

Адвокатот на Темелко претставен како експерт

на 17. 02. 2016 | |
 

[Рецензија: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по ниедна точка]

  Во потрага по објаснувања и по оправдувања за одбивањето на барањата на СЈО за примена на мерката притвор против осуммина осомничени, дел од медиумите се обидоа да најдат експерти што би го оправдале ваквиот потег на судиите од Кривичниот суд. Инаку, се работи за прво одбивање на мерката притвор, кое воопшто е побарано од кој било обвинител во последните години (за ова поопширно види тука). Во оценуваниот прилог такво оправдување на одбиената мерка е најдено кај поранешниот републички јавен обвинител, Ставре Џиков. Но, токму тој соговорник со таков квалификатив, во овој случај, е погрешен. Зошто? Линк до оригиналниот напис: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по

Конструкција од нафрлани обвинувања

на 17. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци]

  Текст конструиран единствено на паушално нафрлани обвинувања без понудени докази, документи или каква било потврда за напишаното. Четиво кое служи за манипулирање, но и за нарушување на угледот и на професионалноста на престседателот на невладината „Мост“, која е вклучена во набљудувачкиот процес на изборите. Линк до оригиналниот напис: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци Датум и време на објавување: 09.02.2016, 14:03 Датум на рецензирање: 16.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ИНВЕСТИТОР, СОПСТЕВНИК НА ЗГРАДИ – А ДОКАЗИ ИМА ЛИ?

Написот (кој е преземан од друг медиум и не е линкуван), го обвинува првиот човек на невладината организација

Исфорсирана равенка: СДСМ=СЈО

на 17. 02. 2016 | |

[Рецензија: ВИДЕО: Заев наредува, а СЈО и Јанева исполнуваат]

  Под коментаторскиот наслов се крие еднострана неаргументирана објава со неосновани, неатрибуирани тврдења, насочена кон дискредитација на личности и на институцииите што ги претставуваат. Недостигот на атрибуција на изложените тврдења и формата на изразот налик соопштение ја откриваат политичката пристрасност на текстот. Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: Заев наредува, а СЈО и Јанева исполнуваат Датум и време на објавување: 14 Февруари 2016, 09:30  Датум на рецензирање: 15 Февруари 2016  Рецензент: Александар Пешев

СЕЧЕНО, ЛЕПЕНО, ИЗРЕЖИРАНО

Коментаторската природа на текстот се согледува во првите реченици. Се наведува дека „Она што Зоран Заев го нарачува, специјалнната јавна обвинителка Катица Јанева го испорачува“, и се коментира дека специјалниот јавен обвинител имал политичка прес-конференција.

Измешани „лончиња“

на 17. 02. 2016 | |

[Рецензија: Обвинителките грубо ја прекршија пресумпцијата на невиност]

  Во овој текст има сè и сешто: од мешање лончиња и употреба на несоодветни термини, до политизација и едноставно вулгаризирање на сериозен случај за сомневања за сторени бројни незаконитости во изборен процес. А, зошто бил таквиот медиумски „труд“? Објаснувањето, најверојатно, лежи  во тоа што инволвираните се поранешни државни функционери и луѓе од врвот на владејачката партија.  Линк до оригиналниот напис: Обвинителките грубо ја прекршија пресумпцијата на невиност  Датум и време на објавување: 12.02.2016  Датум на рецензирање: 15.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 ОБВИНИТЕЛКИТЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО КАБАЕТЛИИ

Овој материјал со сета сила се труди да ни ја „продаде тезата“ дека обвинителскиот двоец Фетаи-Ристовска на прес-конференцијата на која ги најавија активностите на СЈО против

Не е важно кој објавува, важно е да се напаѓа!

на 17. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Специјалната Фатиме јавно се заканува!]

  Текстот е едностран, граден врз основа на непроверени и на погрешни факти и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Оваа медиумска содржина свесно ја дезинформира јавноста дека обвинителката Фетаи, наводно, се заканувала откако Судот не ги прифати барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Линк до оригиналниот напис: Специјалната Фатиме јавно се заканува! Датум и време на објавување: 14.20.2016 – 22:46 Датум на рецензирање: 15.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот се темели на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ и тоа на ФБ-страница на обожаватели, а која не е ниту раководена од самата обвинителка. „Специјалната јавна

Предизборно „билдање“ на патриотизмот

на 16. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија]

  Текстот е несодржаен, необјективен и сензационалистички. Со спин сака да прикаже некакво антимакедонскo и антидржавно однесување на СДСМ и на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за целосна шпекулција во интерес на поттикнување на патриотизмот кај гласачите во пресрет на иборите. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија Датум и време на објавување: 12.02.2016, 14:10 Датум на рецензирање: 15.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДА СЕ КОМПРОМИТИРА СЈО

Овој напис е ставен во функција на пропагандни и на манипулативни цели. Тој нема апсолутно никави допирни точки со вистината и со основните етички норми во новинарството. Неговата