verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Адвокатот на Темелко претставен како експерт

on 17 - 02 - 2016       

 

http___lider.mk_2016_02_13_stavre-djikov-baranjeto-na_ 11

[Рецензија: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по ниедна точка]

 

Во потрага по објаснувања и по оправдувања за одбивањето на барањата на СЈО за примена на мерката притвор против осуммина осомничени, дел од медиумите се обидоа да најдат експерти што би го оправдале ваквиот потег на судиите од Кривичниот суд. Инаку, се работи за прво одбивање на мерката притвор, кое воопшто е побарано од кој било обвинител во последните години (за ова поопширно види тука).

Во оценуваниот прилог такво оправдување на одбиената мерка е најдено кај поранешниот републички јавен обвинител, Ставре Џиков. Но, токму тој соговорник со таков квалификатив, во овој случај, е погрешен. Зошто?

http___lider.mk_2016_02_13_stavre-djikov-baranjeto-na_Линк до оригиналниот напис: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по ниедна точка 

Датум и време на објавување: 13.02.2016, 20:00

Датум на рецензирање: 16.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ЗАКОНИТО, РАЗУМНО, ПРАВИЧНО

„Поранешниот ајвен обвинител вели дека му е драго што судијката која што постапуваше по тој предмет донела законито решение.

-Значи, ние сите во ова невреме каде што за жал има голема политичка пропаганда од сите страни, која навистина штети на имиџот на Македонија, а и на самите судски процеси, така да сметам дека судијката донесе едно не само законито и правично решение во однос на мерката притвор да не се определи, туку се донесе и едно разумно законско решение. Така што, драго ми е, господинот Едмонд Темелко се наоѓа на слобода и во постапката ќе учествува нормално, нема причина ни да бега ни да влијае на сведоци, бидејќи од нашиве сознанија презентитрани од страна на судијата во претходна постапка видовме дека СЈО презело обемна предистражна постапка во изведување на многу докази според нив, вели Џиков.“

Што би заклучиле вие од ова? Дека се работи за крајно стручно лице кое може од независен аспект, со увид во списите (!?) да суди како судот „донел законито и правично решение“, односно, „разумно законско решение“.

Најпрвин за оваа реченица. Што е тоа законито, а неправично? Ако веќе има комбинација законито и правично, би можел ли поранешниот јавен обвинител да ни објасни какви се „другите комбинации“? На пример, да речеме: „незаконито, а правично“?!

Понатаму, „да се донесе едно разумно законско решение“ , подразбира дека е можно и законско, ама помалку разумно законско решение? Овие примери од „екпертскиот“ јазик и нивната конфузност само укажуваат дека се немаат вистински зборови да се одбрани она што тешко може да се брани. Логичката конфузија и повторување е само одраз на блокадата на разумот и на правните квалификации!

 

КЛИЕНТ – БРАНИТЕЛ – ЕКСПЕРТ

Секако не држи ниту основата за ослободување од потенцијалната мерка притвор. Џиков споменува дека доказите на СЈО ги има толку многу што судот може по нив да пресудува, но се заборава дека постојат и други мотиви за притворот: влијание на сведоците и можност да се побегне. Во случајот на неговиот клиент тоа се споени можности, бидејќи тој како авторитет во албанското село каде е кмет (градоначалник), сега дури може и да им се одмазди на „поткажувачите“, на пример.

Го споменавме зборот „клиент“. Меѓутоа, во текстот никаде ја нема релацијата адвокат – клиент! А Темелко го има Џиков за еден од тројцата адвокати што го бранеле. Значи, имаме класичен судир на она експертското и на професионалниот ангажман! Во текстот на едно место се споменува тајмингот на почетокот на процесот на оценувањето на валидноста на мерката притвор, ама сè уште читателот не може да се снајде „кој е кој“, бидејќи во тој процес учествуваат и судии и адвокати и обвинители.

Оваа квалификација е намерно одбегната за да се добие  „експерт“,  што во конкретниот случај (напис),  претставува измама на консументот на веста, бидејќи во прашање е адвокат на клиентот (Едмонд Темелко).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести