Рецензии

Кажете го она што сакаме да го чуеме!

на 12. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Ванхојте за средбата со Милчин: „Дури и во оваа држава“ имам право на приватност]

  На еден портал за два часа излегоа двa написа за ист настан. Ова е вториот и тој се обидува да добие посаглам потврда од еден од актерите на настанот. Истовремено, се забележува упорност во барањето потврда на изнесеното во првата вест и тука има своевидна испрашувачка настојчивост. Но, откако изворот бил упорен во држењето до своите мотиви, се отишло на претворање на веста во наменско портретирање на изворот. Се работи, инаку, за олеснувачот Питер Ванхауте и за неговото приватно пиење кафе во еден ресторан во Дебар-маало.
Линк до оригиналниот напис: Ванхојте за средбата со Милчин: „Дури и во оваа држава“ имам право на

Спинувана приказна во корист на власта

на 12. 02. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ ги користи амандманите за да ја блокира работата на Комисијата за образование]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски скроен  и неаргументиран. Уште со насловната конструкција се испраќа тенденциозна порака во која се обвинува опозицијата дека сака да ја блокира седницата на собраниската Комисија за образование, која на 3 февруари 2016 година расправаше за владиниот предлог за основање нов универзитет „Дамјан Груев“. Но, во написот нема докази за ваквите обвинувања. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ ги користи амандманите за да ја блокира работата на Комисијата за образование Датум и време на објавување: 9 февруари Датум на рецензија: 11 февруари Рецензент: Силвана Жежова  

А КОЈ БЕШЕ НАСИЛЕН НА 24 ДЕКЕМВРИ?!

Однесувањето на опозицијата во текот

Половична и збунувачка информација

на 12. 02. 2016 | | sq
 

 

[Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП!]

  Во овој текст се пласирани половични податоци, со што читателите се површно информирани за тоа кои добивки од игрите на среќа треба да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП). Линк на оригиналниот напис: Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП!  Датум и време на објавување: 02.02.2016 Датум на рецензирање: 11.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕПРЕЦИЗНОСТ

Информацијата дека во УЈП треба да се пријават добивките од спортска прогноза и од заработувачката на интернет е вистинита. Меѓутоа, во написот не е убаво објаснето конкретко кои добивки треба да се прикажат во даночната пријава. „Доколку, освен плата и пензија

Специјалната јавна обвинителка ставена на отстрел

на 12. 02. 2016 | |
 

[Рецензија:Како се збогати Катица Јанева?!]

  Судејќи според сè побројните медиумски прилози во кои безобѕирно и неаргументирано се напаѓа специјалната обвинителка Катица Јанева, нема дилема дека против неа се води своевидна специјална војна. Методите се различни, а новинарскиот производ што е предмет на оваа рецензија е во форма на серијал со неколку меѓусебно неповрзани епозоди. Во секоја епизода централната личност е иста, но се однесува на друга ситуација. Сите тие се ставени во функција на нејзината дискредитација и обвинување дека е „вмешана во заговорот против власта, во полза на опозицијата“. Линк до оригиналниот напис: Како се збогати Катица Јанева?! Датум и време на објавување: 08.02.2016, 18:00 Датум на рецензирање: 09.02.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Самата насловна конструкција е

Има ли тука вест?!

на 12. 02. 2016 | | sq

Напис: Студент: Билал Касами бил и е до граѓаните за секој нивен проблем

„Д-р. проф. Билал Касами секогаш бил покрај оние на кои навистина им служи. И како професор секогаш беше рамо до рамо со студентите во секоја преземена иницијатива, секогаш беше покрај нас кога имавме потреба за совети и никогаш не се двоумеше да нè насочи на правиот пат. Професорот Билал Касами, како на времето кога беше професор, така и како иден лидер на Албанците во Македонија, убеден сум дека нема да се двоуми да биде блиску до граѓаните за секој нивни проблем, нема да штеди ништо за да направи ние Албанците во Македонија, да излеземе од овој долгогодишен мрак и за да видиме и ние некој светол ден

Може да се почне од сомневања, но основа се фактите

на 12. 02. 2016 | | sq

Напис: Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!

Скопје, 30 јануари: -Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, започнал интензивна кампања за да ги убеди неговите поранешни сопартијци да се вратат во редовите на неговата партија. Како што се дознава неофицијално, Тачи повикал неколку јавни личности кои се познати како поддржувачи на оваа партија, нудејќи им и позиции во листите за пратеници. Ловот на оваа партија, главно се одвива во таборот на ДР-ДПА, субјектот кој успеа да привлече еден дел на членството, но и борбата за нови гласачи.

[Рецензија:„Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!”]

Под притисок постојано да бидат во потрага

Ќор-фишек наместо мегаскандал

на 11. 02. 2016 | |

[Рецензија: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието дека Ван Хојте бил потплатен од СДСМ со 1.250.000 евра за рушење на медиумите!]

  Невистинит од насловот па сè до последната реченица. Ова би била куса дефиниција за писанието што користи форма на новинарски текст, но нема никаква врска со новинарството. Поттурен им е на читателите како информација за божемна коруптивна афера, опремен со бомбастичен наслов и потпрен на тврдење на сосема некомпетентен и нерелевантен извор. Овој текст неуспешно се затскрива зад маската на истражувачко или вочдог-новинарство кое трагало и дошло до вистината, но тој не е ништо друго освен евтин пропагандистички памфлет наменет за дискредитирање на европосредникот Питер Ванхауте. Линк до оригиналниот напис: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието

Двапати пресметај, еднаш објави!

на 11. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Утре почнува судењето за „Диво насеље“, 18 обвинети за тероризам]

  Чиста математика. Не е исто 18 и 29, поточно, ептен е различно. Вистинската информација е 29 обвинети, а не 18 како што пишува во овој текст.  Линк до оригиналниот напис: Утре почнува судењето за „Диво насеље“, 18 обвинети за тероризам
Датум и време на објавување: 08.02.2016 12:42  Датум на рецензирање: 09.02.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

18 ≠ 29

Овој производ има една, ама, сепак, крупна мана и таа се поврзува со вистинитоста. Точно е дека судење ќе има.  „Да“ за случајот „Диво насеље“, но „не“ за бројот на обвинети што ќе се појават во судницата. Имено, вкупно обвинети за кумановските настани се 29-мина, а не 18 како што

„Новото“ паркиралиште за жени, старо четири години

на 11. 02. 2016 | | sq
 

[Скопје доби паркинг само за жени (фото)]

  Текстот „информира“ дека Скопје добило паркиралиште само за жени, а всушност, информацијата е „бајата“ четири години. „Новото“ паркиралиште за жени е старо колку и самата катна гаража кај НУБ „Климент Охридски“ , односно од 2012 година. Линк до оригиналниот наслов: Скопје доби паркинг само за жени (фото) Датум и време на објавување: 03.02.2016 Датум на рецензија: 09.02.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА

Овој материјал е преземен од друг медиум (тоа е наведено , но не е ставен линкот) и пласиран без да се провери веста, која фактички е прилично „бајата“. Ваквиот начин на објавување на информациите се коси со првиот амандман од Кодексот на новинарите Новинарот треба да објавува точни,

Цунами од конструкции

на 11. 02. 2016 | | sq
 

 

[Рецензија: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка]

  Во медиумската кампањата, која оркестрирано се води против специјалната обвинителка Катица Јанева за да се дискредитира како личност, да се наруши кредибилитетот на институцијата на чие чело се наоѓа и со конструкции, измислици и со притисоци да се исплаши нејзиниот тим, тешко е да се одреди дали прилозите се вест во низа или кампањата против неа прераснува во „цунами“. Линк до оригиналниот напис: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка
Датум и време на објавување: 06.02.2016, 20:19 Датум на рецензирање: 08.02.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ЕДЕН НЕ Е МНОЖИНА

Текстот во насловот најавува: „Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка“. Според ваквата најава, логично е