verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цунами од конструкции

on 11 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

КАНАЛ 5 - Телевизија - http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=89735 11

 

[Рецензија: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка]

 

Во медиумската кампањата, која оркестрирано се води против специјалната обвинителка Катица Јанева за да се дискредитира како личност, да се наруши кредибилитетот на институцијата на чие чело се наоѓа и со конструкции, измислици и со притисоци да се исплаши нејзиниот тим, тешко е да се одреди дали прилозите се вест во низа или кампањата против неа прераснува во „цунами“.

КАНАЛ 5 - Телевизија - http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=89735Линк до оригиналниот напис: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка
Датум и време на објавување: 06.02.2016, 20:19

Датум на рецензирање: 08.02.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЕДЕН НЕ Е МНОЖИНА

Текстот во насловот најавува: „Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка“. Според ваквата најава, логично е да се очекуваат повеќе слични мислења на темата што се обработува. Од не докрај содржинскиот прилог, првиот заклучок е дека еднина не може да биде множина, бидејќи се работи за издвоено мислење на само еден експерт. Ваквата манипулација се прави за читателите да се доведат во заблуда дека повеќе експерти сметаат дека

„Има некоја тајна врска меѓу раководството на Социјалдемократскиот сојуз и специјалната јавна обвинителка, вели политичкиот аналитичар Сотир Костов коментирајќи ги последните случувања на специојалното јавно обвинителство и изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во кои најавува какви активности ќе превзема Катица Јанева во пресрет на предвремените парламентарни избори. И станува јасно дека специјалната обвинителка се наоѓа под нечие влијание.“

 

СЕКОЈ Е НЕВИН ДОДЕКА НЕ СЕ ДОКАЖЕ ВИНАТА

Откако експертот го кажал своето мислење, авторот се надоврзува со свој коментар и констатира дека специјалното јавно обвинителство го тресат скандали, кои се резултат на кривични дела меѓу кои и корупција. Во текстот нема извор од каде му е информацијата, ниту има факти со кои би ја докажал евентуалната корупција.

„Специјалното јавно обвинителство изминативе денови го тресат и скандали поврзани со кривични пријави за непрофесионално однесување на обивнителите, нудење поткуп.“

Оваа информација е пласирана како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема никакви докази ниту навестувања дека има докази за нудење поткуп, кои ѝ се познати на редакцијата.
Искривоколчено е пренесена и изјавата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, од трибината во скопската населба Капиштец ( каде тој кажал дека од СЈО очекува само тоа што го очекуват и многумина граѓани), а потоа е ставена во контекст на неговата блиска релација со специјалната јавна обвинителка. Од неговиот говор е извлечен заклучок дека таа работи според инструкциите на опозициската партија и е под нивното директно влијание, што е шпекулација.

Информирајќи на ваков начин, прекршени се основните начела на професионалното новинарство и членовите 1 и 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 14. Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести