Рецензии

Спинерска конструкција

на 3. 03. 2017 | | sq

[Револтирани граѓани до Шилегов: Ќе ја продаваш ли Македонија? (ФОТО)]

    Написот е коментаторски  и претставува своевидно слободно толкување на фотографија, без притоа да се запазат новинарските жанрови и стандарди за професионално информирање. Линк до оригиналниот напис: Револтирани граѓани до Шилегов: Ќе ја продаваш ли Македонија? (ФОТО) Датум и време на објавување: 27.02. 2017 Датум на рецензирање: 02.02.2017 Рецензент: Димитар Тануров    

ЛОШ МИКС

Написот, според својата форма, е мешавина од фотовест и од вест, но ако се анализира според содржината и начинот на кој е составен, може да се заклучи дека има премногу текст за фото-вест, а премалку податоци за вест. „Ниту партискиот портпарол Петре Шилегов не е поштеден од гневот на револтираните граѓани кои остро се

Kога има пропаганда во новинарството, слична е на партиската!

на 1. 03. 2017 | | sq

 

Напис: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата

Професорот, писател, публицист и интелектуалец Агим Винца рекол дека за да постои и да напредува долгорочно како држава, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете најголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите заедници што живеат во неа. „Чудно е што лидерите на албанските политички партии во Македонија многупати се покажале повредни отколку нивните колеги Mакедонци, во заштита на Македонија како држава, станувајќи вака нејзини верни „чувари“. Македонија, како што сум истакнал уште пред четврт век во мојата книга „Назапирливиот народ“ (1992), е мултиетничка, мултикултурна и мултиверска држава и може да опстане само како таква, а не

На челото на веста, коментар!

на 1. 03. 2017 | | sq
 

Напис: Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека доцна синоќа од ДУИ ги добиле документите со предлози за законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не видел што содржи документот, но една група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска и голем број експерти од партијата и надвор од неа го проучуваат материјалот. „За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и потребите на албанските граѓани и, секако, и на другите малцинства. Предлогот да биде во согласност со Уставот и да ги одрази практичните потреби на граѓаните и јас мислам дека ќе најдеме решение“, рече Заев.  

[Рецензија: „Заев не го менува

Немало хакерски напад на веб-страницата на претседателот

на 1. 03. 2017 | |

[Рецензија: Хакирана веб страницата на претседателот]

  Написот пренесува неточна информација која не е детално истражена и објаснета, а веројатно поради недоволно познавање на проблематиката, погрешно е пренесена ситуацијата која била забележана на веб-страницата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Последните два пасуса од текстот изгледа како да „висат“, тие немаат никаква врска со главната вест  за наводниот хакерски напад на официјалната интеренет-страница на шефот на државата. Линк до оригиналниот напис: Хакирана веб страницата на претседателот  Датум и време на објавување: 27.02. 2017 Датум на рецензирање: 28.01.2017 Рецензент: Димитар Тануров    

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

„Хакирана е официјалната веб страница на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, www.president.gov.mk. Насловната страница е во функција, но не можат да се отворат известувањата за активностите на претседателот“.

А што е битно како се храни внуката на Заев?!

на 28. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО)]

  Текстот претставува политичка пропаганда, што е надвор од новинарските стандарди, особено ако се земе предвид дека не станува збор за јавна личност, туку за роднина на еден експониран политичар. Идејата на написот е преку внуката на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, да се дискредитира Заев. Линк до оригиналниот напис: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО) Датум и време на објавување: 20.02. 2017 Датум на рецензирање: 27. 02. 2017 Рецензент: Димитар Тануров  

САМО ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ

Бомбастичниот наслов, кој е класичен пример за собирање кликнувања, најавува дека тоа што внатре може да се очекува е сензационализам. Споменувањето на презимето „Заеви“ асоцира дека текстот што ќе

Знаењето најдобро штити од грешки во текстовите

на 28. 02. 2017 | | sq

[Рецензии: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати]

    Рецензираме напис со видеоприлог кој донесува интересно стручно согледување на актуелните политички состојби во македонското општество, гледани низ стручната диоптрија на клинички психијатаар. Но, текстот поради погрешно разбран збор треба да добие негативна оценка, бидејќи ги дезинформира своите медиумски консументи.  Имено, на прашањето на новинарот како ги толкува актуелните испади на јавни личности, кои преку социјалните мрежи отворено застанаа зад агресивната пропаганда на една политичка партија, па дури и отворено повикуваат на насилства, психијатарот тие личности ги оквалификува како веројатни „нарцистички психопати“, односно личности со клиничка дијагноза со патолошки манифестации на однесување. Тој истакнува и дека меѓу политичарите има доста нарцистички психопати и тие

Шпекулативен текст за заплашување на народот

на 28. 02. 2017 | |

[Рецензија: Ако помине договореното на Заев, збогум на Македонија по 26 години независност]

    Текст полн шпекулации, кој има една цел – заплашување и манипулирање на јавноста. Написот е целосно базиран на непроверени и непотврдени информации, а притоа се шпекулира со сензитивни податоци и тврдења. Единствената намера на текстот е да се оформи негативно мислење за коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ преку пласирање непроверени, но и неточни информации, за тоа што содржи договорот помеѓу двете партии. Линк до оригиналниот напис: Ако помине договореното на Заев, збогум на Македонија по 26 години независност Датум и време на објавување: 26.02. 2017, 11:54 Датум на рецензирање: 27.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ПАУШАЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Во написот се користат фрази како, на пример: „во

Наслов без „покритие“

на 28. 02. 2017 | | sq
 

[Рецензија: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени]

    Наменски конструиран наслов да заплаши, да ја потресе јавноста. Но, кога подобро ќе се „загребе“ по неговата површина, ќе се види дека е само насловна конструкција без покритие. Линк до оригиналниот напис: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени Датум и време на објавување: 23.02.2017  Датум на рецензирање: 27.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески    

ДИСХАРМОНИЈА

 Пример, во најлошо светло, за дисхармонија меѓу насловната конструкција и самиот напис. Поточно, насловот во овој случај отскокнува од релативно коректната содржина. Главната одлика на употребената формулација е спинот – се сугерира

За уличарски речник нема место во медиумите!

на 28. 02. 2017 | | sq

 

Напис: МОЧКОТО АЛАЈДИН ДЕМИРИ!

Одвратно, понижувачко, гадно и навредливо е за сите нас кога на екранот гледаме еден човек како Алајдин Демири како дава мислења за разни општествено-политички настани. Ова навистина ги преминува сите граници и Aлбанците во Македонија, без разлика како се политички ориентирани, не може да бидат понижени до толкава мера и да слушаат од валканата уста и мозок на Алајдин Демири, брборење  кое  смрди на алкохол и на урина. Зошто да глумиме дека сме заборавиле, кога сите ние, како тетовчаните така и Aлбанците знаеме кое е ова ниско суштество во човечка форма што се вика Алајдин Демири. Да се потсетиме: – Алајдин Демири пред десет години формираше политичка партија и на избори од повеќе од 600.000

Чуден „текст“, уште почуден наслов

на 24. 02. 2017 | |

[Рецензија: Фото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас]

    Текстот што е предмет на оваа рецензија е проблематичен од неколку аспекти. Ова, всушност, воопшто и не е текст во вистинска смисла на зборот. Станува збор за  копија  од некакво барање за податоци кое, наводно, СЈО го доставило до неколку фирми. Ваквиот „документ“, за кој не е познато како и од кого е добиен, потоа е врамен со проблематичен и чуден наслов. И, тоа е сè! Линк до оригиналниот напис: Фото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ЗБУНУВАЧКА ОБЈАВА

Насловот тврди дека Катица Јанева поднела кривична пријава против Драган Павловиќ-Латас. Кога ќе се