Рецензии

Непримерна комуникација со јавноста

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Рецензија: ОБСЕ реши: Избори на 24 април!]

Кого има пред себе медиумот кога пишува и објавува новинарски содржини: публиката и јавниот интерес или своите финансиски и политички ментори? Ако се овие вторите, тогаш може да се очекуваат вакви „проблесоци“ кои се резултат на инсуфициенцијата, односно, недостигот од култура за јавна комуникација. Зашто да ѝ се обратите на публиката со извикот „Ало, комуњари“, не значи ништо друго освен медиумска некултура. Линк до оригиналниот напис: ОБСЕ реши: Избори на 24 април! Датум и време на објавување: 13.01.2016 – 16:22 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

(НЕ)КУЛТУРА НА ГОВОРОТ

Неопходната потреба медиумите да ја негуваат културата на говорот и примерната комуникација со јавноста е опфатена и со Кодексот на новинарите во

Навредите на мегдан – вистината скриена

на 15. 01. 2016 | |

[Рецензија: Како Петар Гошев стана “Перо апашот”]

Колку лесно се забораваат новинарските стандарди, објективноста, па и вистината, кога пред објективот се наоѓа критичар и политички неистомисленик на гарнитурата чиишто политички ставови се бранат и се афирмираат? Одговорот на ова прашање може да го даде и анализата на текстот што е предмет на оваа рецензија.
Веќе од насловот се гледа дека во пишувањето на написот се извадени ракавиците – тој е отворено навредлив и обвинувачки. Истовремено, на читателите им ветува објаснување: како тоа екс-гувернерот на Народната банка на Македонија станал „апаш“, народски збор за криминалец, крадец? Сепак, кога ќе се исчита, следи разочарување бидејќи текстот нуди куп невистини, навреди и полувистини, а многу малку вистини. Клучниот аргумент за наводниот криминал на

Текст со сите нишани

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Аналитичари: Нема услови за фер избори без целосна имплементација на Пржино]

  Текст правен како што треба, нареден, стокмен, со сите новинарски нишани – од извори, до јасно именувани соговорници, лишен од непотребни сугестивни интервенции и од коментари. Материјал што на публиката ѝ разглобува една сложена политичка ситуација.  Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: Нема услови за фер избори без целосна имплементација на Пржино  Датум и време на објавување: 12.01.2016   18:05  Датум на рецензирање: 14.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   УБАВ ПРИМЕР Имаме комплексно прашање на кое му е пристапено професионално, сè за на јавноста да ѝ се понуди подобра слика за прашањето низ согледувањата и анализите на неколкумина соговорници, секој од нив одлично упатен во одредени аспекти од проблемот што се

Текст за кликови

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види]

  Самиот наслов на текстот наведува на мислење дека оваа семејна драма можеби се случила во Македонија, што го привлекува читателот да клинке на текстот, за потоа да сфати дека на некој начин е прелажан затоа што ситуацијата се одвивала во друга земја. Линк до оригиналниот напис: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види Датум и време на објавување: 11.01.2016, 09:51 Датум на рецензирање: 14.01.2011 Рецензент: Симона Атанасова  

ИЗМАМЕНИ ЧИТАТЕЛИ

Текстот, всушност, e кратко прераскажување на фејсбук-статус на анонимна жена од Белград. Како додаток на текстот е

Предупредување: снежна бура од наслов!

на 14. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија]

  Насловот на текстот (со зацрнети и големи букви) има интенција да го привлече вниманието на читателите и притоа тој свесно предизвикува паника дека ќе ни се случи снежна бура! Дури, направен е таков избор на насловната конструкција што прозвучува како„бурата“ да се случува во моментот. Имајќи предвид, пак, дека сите официјални предупредувања од можни временски непогоди ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, насловот без конкретни докази во текстот ја дезинформира јавноста. Линк до оригиналниот наслов: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија Датум и време на објавување: 13.1.2016 Датум на рецензија: 14.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

СЕЕЊЕ ПАНИКА

Во содржинскиот дел на написот нема елементи што ќе го поткрепат тврдењето искажано

Равенство меѓу пријател и фејсбук-пријател

на 14. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот]

  Овој текст има спинерски наслов: „Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот“.  Специјалната обвинителка Јанева, всушност, е пријател со Бекири на „Фејсбук“, што е различно. Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот Датум и време на објавување: 10.01.2016, 23:32 Датум на рецензирање: 14.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

„ФЕЈСБУК“ – КРУНСКИ ДОКАЗ!

Тоа што Катица Јанева е со некого пријател на „Фејсбук“, не значи дека е пријател со таа личност и во приватниот живот. Таа може и воопшто да не го познава Бекири, како што, впрочем, е случај со голем број  ФБ-пријателства. А и да го познава, тоа не  е некаков грев. Тоа не

„Ликвиден“ текст за ликвидноста

на 13. 01. 2016 | |

[Рецензија:Како да останете ликвидни во 2016?]

  Неликвидноста е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат македонските компании, а пред истиот предизвик ќе бидат исправени и во 2016 година. Текстот што го рецензираме, дава одговори на прашањето кое се поставува и во самиот наслов „Како да останете ликвидни во 2016 година“. Поткрепен со извори, анкета , податоци од релевантен странски медиум (Гардијан), текстот е информативен и содржаен за компаниите. Линк до оригиналниот наслов: Како да останете ликвидни во 2016?  Датум и време на објавување: 8.1.2016 Датум на рецензија: 13.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова

 

ДЕСЕТ ОДГОВОРИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛИКВИДНОСТА

Текстот почнува со порака до компаниите дека е потребно да се грижат за своите побарувања, укажувајќи на ризикот од штетата

Текст како изгаснат фенер, виси и не осветлува!

на 13. 01. 2016 | |

[Рецензија: Заев веќе не може да го сокрие стравот]

  Четиво што нуди дијагноза на актуелната политичка ситуација, а таа, наводно, била „страв“?! Така се објаснува изјавата на првиот човек на опозицијата за можноста априлските избори да се поместат за неколку месеци. Се пренебрегнуваат, јасно и намерно, забелешките на СДСМ, но и на дел од меѓународната заедница, дека, како што велат, сè уште не се завршени голем дел од обврските од Договорот од Пржино и, наместо тоа, се одредува дијагноза дека опозицијата не само што се плаши, туку тоа веќе не може ни да го сокрие.  Линк до оригиналниот напис: Заев веќе не може да го сокрие стравот  Датум и време на објавување: 11.01.2016 13:39  Датум на рецензирање: 12.01.2016  Рецензент:

Без професионализам, текстовите остануваат „палаври“ (празни зборови)

на 13. 01. 2016 | | sq
Оригинален напис: Зборовите на Мендух Тачи „палаври“, притворените од Бродец „умираат во затвор“, а тој се занимава со Куманово
Скопје, 4 јануари – Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ветил дека ако ДПА стане дел од новата влада, тогаш под итно ќе го реши проблемот со притворените косовари од Диво Населје во Куманово. Тој не дава објаснување дали и овој случај ќе го реши како оној од Бродец. Тој ова го изјавил во едно интервју дадено за весникот Лајм. Инаку, во 2007 година, ДПА која беше дел од владата заедно со Премиерот Никола Груевски, организираше една голема полициска акција во Бродец, Тетово. Во оваа акција имаше неколку жртви, и голем број на селани беа приведени и малтретирани на најбрутален начин од

Некоректен и етикетирачки текст

на 12. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Фабриката на СДСМ со исти фалс производи]

  Слаб материјал што се обидува новинарскиот порив „нешто да се дознае“, да го претстави како некакво опозициско фабрикување вести. Истовремено, некоректно се прави знак на равенство меѓу одредени медиуми и СДСМ. Нема аргументи, нема вистински извори за темата што се наметнува, нема соговорници, ама затоа има етикетирање и шпекулирање. И тоа премногу.  Линк до оригиналниот напис: Фабриката на СДСМ со исти фалс производи  Датум и време на објавување: 10.01.2016 10:42 Датум на рецензирање: 11.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

АКО НЕ МИСЛИШ КАКО ВЛАСТА, ТОГАШ СИ СО ОПОЗИЦИЈАТА!

Реално, посетата на премиерот на САД и престојот на еврокомесарот за проширување во Скопје доаѓаат во чувствителен период – политичката криза во земјата е далеку