Рецензии

Со неодмерен и таблоиден наслов нема објективност

на 23. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Опозицискиот НВО-сектор веднаш почна со притисок врз обвинителот]

  Во овој текст не е проблем само што се инсистира на наводната поврзаност на невладиниот сектор со опозицискиот СДСМ, ниту што иницијативата на граѓанската платформа „Ајде“ да му даде артикулирана поддршка на новоизбраниот обвинител од името на обичните граѓани, потсетувајќи го на сериозноста на работата на која се нафатил и на обврските што ги презема е оквалификувана како притисок, туку што тоа го прави без аргументи, пласирајќи ставови и убедувања како готови факти. Наднасловот и насловот прилично речито го формулираат сето она што била намерата да им се соопшти на читателите со овој текст, така што обидите да се задржи професионалниот пристап и да се почитуваат новинарските стандарди кои

Сечено, лепено, монтирано, креирано

на 23. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?!]

  Надзорот над медиумите е една од најдобрите алатки за следење на нивната општествена улога и професионалноста со која тие пристапуваат во вршење на својата функција. За ова што го рецензираме може да се каже дека е крајно непрофесионално, некоректно и манипулативно и би можело да се категоризира во нова новинарска форма – сечено, лепено и монтирано. Со една единствена цел – да се дисквалификуваат опозицијата и нејзините први луѓе и да се изманипулират граѓаните. Нарушени се сите принципи на новинарството: непристрасност, објективност, вистинитост.

Линк до оригиналниот напис: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?! Датум и време на објавување: 20.09.2015 17:30 Датум на рецензирање: 22.09.2015 Рецензент:

Недостигот на потврда го зголемува бројот на кликнувања, но ја губи довербата

на 23. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот]

Веста што ја рецензираме не содржи ниту еден доверлив елемент врз основа на кој се пишува една информација или вистинска новинарска вест. Како што може да се види од објавениот текст, авторот се обидел да прикаже една состојба, атмосфера меѓу партиските кадри на ДУИ, но овој свој навод или констататија, не го поткрепува со изјава, фотографија или видеоснимка, како што би требало да се направи при подготовка на една професионална вест. Линк до оригиналниот напис: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот Датум и време на објавување: 09/09/2015 Датум на рецензија: 16/09/2015 Рецензент: Бењамин Арифи Единствената основа којa на авторот му се чинела

Фактите треба да се докажаат за да биде валидно мислењето

на 23. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Зошто СДСМ ги бара доказите за „пуч“?]

  Би било од голема корист доколку некој има шифра за да го идентификува форматот на оваа медиумска содржина. Пренесена е од печатеното издание на медиумот во рубриката „Македонија“ и ништо повеќе. Ова го констатираме на почетокот на оваа рецензија затоа што стилот на авторот и конструкцијата на содржината повеќе наликуваат на мислење, ама не се ниту тоа. Како прво, содржината формално не е ставена во таква рамка, а како второ, покрај прилично личните ставови во текстот, непоткрепени со автентични аргументи, оваа медиумска содржина е некаов хибрид. Од сѐ и сешто. Но, најмногу од претпоставки и од конструкции кои авторот сам си ги поставува, сам си ги одговара и ги реди според

Научи барем да пцуеш на македонски

на 22. 09. 2015 | |
  [Рецензија: МАРШ ВО “ТРИ ЛЕПЕ….”: Зборуваат за сиромаштија, нееднаквост и лажат! Земале 200.000 долари за сајт кој чини не повеќе од 350 евра!]   Не еднаш сме се нашле во ситуација во „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) да се занимаваме со написи што немаат никаква новинарска, информативна или цивилизациска вредност и да мораме да се прашаме дали таквите написи воопшто заслужуваат рецензија или е подобро да ги оставиме без никаква реакција и со тоа да им дозволиме да завршат на буништето на новинарската историја преку едноставно паѓање во заборав. Иако многупати нашата одлука била токму таква, за жал, не секогаш било упатно да си дозволиме да премолчиме. Во ситуација кога пропагандата, манипулациите, па дури и

Шпекулативна „слобода“ наместо работа со факти

на 22. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Документите од судот во САД потврдуваат: Корумпираноста на Владата на Бучковски и Шекеринска македонските граѓани ги чинела најмалку 38,4 милиони евра]

  Шпекулацијa, неаргументираност, отсуство на вистински извори, пристрасност. Дали е ова новинарство? Во никоја смисла не е професинално. Новинарот секогаш мора да ги проверува фактите, а текстот што е предмет на рецензија е пример за спротивното. Во него има непроверени факти, а нема ниту обид за проверка. Нешто што е во целост спротивно со професионалните и со етичките стандарди. Во Членот 1 од Кодексот на новинари стои: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и

Милошоски можеби има семејни проблеми, ама дел од новинарството има поголеми!

на 22. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Антонио Милошевски  е избркан од дома, жена му го фатила во секс со неговата секретарка]

  Кај учените новинари и во демократските општества никогаш не било спорно прашањето, генерално, каде е границата на приватноста и на почитувањето, споредено со јавниот интерес. Но, кога таа граница се пречекорува, постојат јасни правила во професијата, кои доколку не се почитуваат, доведуваат до девалвација на новинарството, но уште повеќе до девалвација на јавниот интерес. Штетите од тоа се тешко надоместливи – публиката, т.е. граѓаните полека престануваат да веруваат во новинарите и во медиумите, а јавните личности, особено кога станува збор за политичари, се охрабруваат уште повеќе да не ја почитуваат јавноста и да го игнорираат правилото на отчетноста – услов без кој

Пропагандата не претставува новинарство

на 21. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Aли Ахмети дочекан како вистински командант]

  Пропагандата е најголемата штета што може да му се нанесе на професионалното новинарство. Обидот преку новинарски написи да се стигне до политички маркетинг, не соодветствува со професионалните стандарди. „Во сликите што ви ги нуди Aктуале.мк се гледа како лидерот на ДУИ, Али Ахмети е дочекан од голем број на жители на општината Ликово, каде што учествуваше во отворањето на салата во ова албанско населено место.“ Линк до оригиналниот напис: Aли Ахмети дочекан како вистински командант Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензија: 17.09.2015 Рецензент: Aдриан Керими Кога го читаме текстот, на почетокот се добива впечаток дека тој е коректен. Имаше јавен интерес да се известува за настанот, особено по

Емирот од Дубаи, неговиот несреќен син, Цеца и нејзиниот син Вељко

на 21. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар]

  Пред нас имаме вест упропастена со погрешен наслов и со промашена фотографија. И ваквата двојна грешка го прави написот лош и збунувачки, кој наместо да информира – дезинформира. Линк до оригиналниот напис: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар Датум и време на објавување: 19.09.2015, 15:16 Датум на рецензирање: 20.09.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ВЕСТА „УТЕПАНА“ СО НАСЛОВОТ И СО ФОТОГРАФИЈАТА

Самата вест се потпира на вистинити факти и посочува прецизни извори на информации (иако не се линкувани). Но, првата порака што им се испраќа на читателите преку насловната конструкција „Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар“,  е неточна. Имено, не

Насила импутирано признание преку изјава превртена на глава

на 21. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: На Заев не му пречи да ги навредува сопартијците-признава дека бомбите се фарса и недокажуват ништо]

  Во информациите, кои се очигледно намерно срочени во еден центар, тешко е да се дефинира кој прв објавил вест, информација, колумна која се мултиплицира во целата владина пропагандна машинерија, стереотипизирајќи го лидерот на опозиција Зоран Заев како „лоше момче, манипулант, криминалец, лажго“… Текстот што го рецензираме за неколку часа е објавен и во другите најекспонирани медиуми блиски до власта: Сител, Канал5, Пулс24, Денешен, Нетпрес…, па подолу кажаното важи и за нив. Станува збор за интервјуто на лидерот на опозицијата Зоран Заев во емисијата „Вин вин“ со новинарката Оливера Трајковска на телевизијата „24Вести“, при што се неколку реченици извадени од контекст и