Милошоски можеби има семејни проблеми, ама дел од новинарството има поголеми!
Објавено во Рецензии
on 22 - 09 - 2015 Автор: Тео Блажевски
[Рецензија: Антонио Милошевски е избркан од дома, жена му го фатила во секс со неговата секретарка]
Кај учените новинари и во демократските општества никогаш не било спорно прашањето, генерално, каде е границата на приватноста и на почитувањето, споредено со јавниот интерес. Но, кога таа граница се пречекорува, постојат јасни правила во професијата, кои доколку не се почитуваат, доведуваат до девалвација на новинарството, но уште повеќе до девалвација на јавниот интерес.
Штетите од тоа се тешко надоместливи – публиката, т.е. граѓаните полека престануваат да веруваат во новинарите и во медиумите, а јавните личности, особено кога станува збор за политичари, се охрабруваат уште повеќе да не ја почитуваат јавноста и да го игнорираат правилото на отчетноста – услов без кој е незамисливо занимавањето со политика во нормалниот свет.
Линк до оригиналниот напис: Антонио Милошевски е избркан од дома, жена му го фатила во секс со неговата секретарка
Датум и време на објавување: 19.09.2015
Датум на рецензирање: 22.09.2015
Рецензент: Теофил Блажевски
Токму тоа се случува кога некој медиум ќе објави „вест“ каква што е оваа, предмет на нашава рецензија. Таканаречената вест, бидејќи во овој материјал се прекршени повеќе правила и етичко однесување во професијата. Најпрвин, има проблем со три категории кои се строго нормирани и кај нас и во светот. Тоа се вистинитоста, сензационализмот и забраната за мешање коментар и факти.
Вистинитоста е недокажлива во овој материјал. Како извори се наведени „сигурни извори“, но никаде не се гледа дека се прашани личностите кои се наведени во текстот, ниту, пак, е нагласено дека веста е непроверлива.
Сензационализмот извира уште од самиот наслов: „Антонио Милошевски е избркан од дома, жена му го фатила во секс со неговата секретарка“. Тука само накратко ќе потсетиме на прекршувањето Кодексот на новинарите на Македонија кој прецизно го регулира начинот на известување за вакви теми. Но, исто така, и на културата на говорот кој го употребуваат новинарите и медиумите:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерената комуникација со јавноста – член 15 од Кодекс на ЗНМ.
Зборовите, „се ебат“, „кеца кај ќе стигне“, „секс со неговата секретарка“, „глупаво човече“, се доволен доказ дека „мајсторот“ што ја пишувал „веста“, воопшто не внимавал на својот речник и на тоа дека ѝ се обраќа на јавноста, а не е на улица, во друштво пред „кооперација“, на пример.
Коментирањето во вест, односно мешањето факти со ставови, е, исто така, строго забрането во новинарската професија, не само кај нас туку секаде во светот. Во оваа вест, тоа е сторено уште со првата реченица:
„Па па ова демохристијаните се ебат кај ќе стигнат ни бог ни сопруга не почитуваат.“
Како почнува, авторот така и завршува:
„Ете тој Антонио, демохристијанот што продава сказни за семејството кеца кај ќе стигне.“
Говорот на омраза е можеби најтешкото, иако не и последно прекршување на стандардите во професијата. Тој е забележлив и во првата реченица од веста што ја цитиравме, кога се говори со омраза кон цела група луѓе кои себеси се доживуваат како демохристијани, но и во однос на омраза по однос на сексуална припадност, каде јасно се гледа ставот на пишувачот на „веста“ :
„Да се убиеш од латентен педер сега Антонио испадна швалер, евоулираа и гејовите.“
Има уште многу да се пишува за конкретната „вест“. Но, и ова што досега го истакнавме е доволно за да ја оцениме како четиво кое нема допирна врска со новинарството (јас лично би го употребил зборот „повраќаница“) и кое, за жал, му нанесува голема штета на истото, на довербата на јавноста кон новинарите и кон медиумите, но и на однесувањето на јавните личности кон самата јавност.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
посредно
дискриминира
верска дискриминација, дискриминација според сексуална ориентација, политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови