verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фактите треба да се докажаат за да биде валидно мислењето

on 23 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Зошто СДСМ ги бара доказите за пуч Република Online-crop-resize

[Рецензија: Зошто СДСМ ги бара доказите за „пуч“?]

 

Би било од голема корист доколку некој има шифра за да го идентификува форматот на оваа медиумска содржина. Пренесена е од печатеното издание на медиумот во рубриката „Македонија“ и ништо повеќе. Ова го констатираме на почетокот на оваа рецензија затоа што стилот на авторот и конструкцијата на содржината повеќе наликуваат на мислење, ама не се ниту тоа. Како прво, содржината формално не е ставена во таква рамка, а како второ, покрај прилично личните ставови во текстот, непоткрепени со автентични аргументи, оваа медиумска содржина е некаов хибрид. Од сѐ и сешто.

Но, најмногу од претпоставки и од конструкции кои авторот сам си ги поставува, сам си ги одговара и ги реди според лего-системот без соодветно „новинарско лепило“.

Зошто СДСМ ги бара доказите за пуч Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Зошто СДСМ ги бара доказите за „пуч“?

Датум и време на објавување: 20.09.2015, 10:22

Датум на рецензирање: 22.09.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Низ целиот текст авторот „полемизира“ со претходно изнесени ставови на функционери на СДСМ (Заев, Ременски), но рецензентот на овој текст не може, а да не се оттргне од впечатокот што доминира низ целиот текст дека сите акценти на замислените полемичари во текстот се ставени во контекст што му одговара само на авторот на овој текст. Или, авторот поставува прашања кои и самите се хипотетички и оттаму неизоставно наведуваат на хипотетички одговори од типот „што би било кога би било“.

На пример:

„Може ли да се верува дека намерата на СДСМ, чиј лидер е четвртиот осомничен во случајот „Пуч“, кој не ги почитува судските покани чекајќи на случајот да работи специјалниот обвинител, дека би ја оставил можноста да „влијае“ врз сета таа архива без да се обиде да ги спаси првенствено Заев и Верушевски?“

Како да се чита овој текст, освен на единствен начин дека имплементира сомневања, а одговорите, кои ги дава самиот автор, се конструкции врз основа на претпоставки.

Поради тоа, како заклучок, дури и кога се пишува мислење, треба да се напомене дека, дури и кога се „облекува“ во лично мислење, медиумската содржина не може да отстапува од вечните стандарди во новинарството, а тоа се вистината и фактите.

Тука веднаш да кажеме дека мислењата се разликуваат од фактите. (Повеќе на оваа тема еднаш веќе пишувавме тука, во рубриката „Новинарски лекции“, под наслов „Нема само една вистина, нема една Македонија“).

Мислењето е заклучок до кој дошол некој врз основа на или поттикнат од фактите. Во голема мера мислењата се формираат и од она за што луѓето сметаат дека е факт. Само што сите лекции по новинарство велат дека фактите мора да бидат докажливи и недвосмислени.

Фактите, најчесто, се дефинираат како информации кои опишуваат дека нешто се случило. Тие можат да бидат директно осведочени од новинарот или прифатени како такви од некој што ги соопштува. И во двата случаи за овој тип факти се претпоставува дека се точни. Во секој случај, пред да известува за нив, секој новинар мора да препознава дека изјавите во врска со фактите доаѓаат од веродостојни и релевантни извори. Тоа го преодредува начинот на кој тие факти ѝ се презентираат на медиумската публика. („Нема само една вистина, нема една Македонија“)

Мислењата, пак, врз основа на такви, докажани факти, можат да бидат различни. Но, фактите мора да бидат докажани за да биде мислењето валидно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

Има наведување

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

Делумно

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести