verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Една погрешна информација – цел текст упропастен

на 25. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт]

  Овој напис ја изевстува  јавноста дека поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, починал од природна смрт, но, во исто време на читателите им соопштува и една погрешна информација: дека на телото на разузнавачот ќе се прави обдукција. И, токму со пласирањето на ваквата дезинформација е упропастен  целиот текст. Линк до оригиналниот напис: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт Датум и време на објавување: 23.11.2015, 16:16 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМРАЦИЈА

Материјалот што го рецензираме информира за причините за смртта на поранешниот шеф на военото разузнавање, кој на 23 ноември 2015 година беше пронајден во шумскиот појас во близина на селото Раштани кај Кичево, откако еден

Ем позајмен напис, ем прикрива информации

на 19. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Познат Македонец уапсен во САД]

  Веста што е пред нас само половично информира дека „познат Македонец е уапсен во САД“. Таа прикрива дека станува збор за синот на првиот премиер на независна Македонија. Линк до оригиналниот напис: Познат Македонец уапсен во САД Датум и време на објавување: 17.11.2015, 07:50 Датум на рецензирање: 18.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ЦЕНЗУРИРАНО

Написот нема проблем со вистинитоста, пренесува точна информација. Ама таа е нецелосна  – премолчено е дека се однесува на синот на Никола Кљусев, информација која беше објавена уште претходниот ден. Овој материјал, според формата во која е пласиран, најверојатно, заедно со насловот е „позајмен“ од еден друг медиум. Меѓутоа, во текстот што го рецензираме недостига првата реченица, која истовремено

Прикриени острите критики од Брисел за политичката криза, натежнуваат фалбите за Владата

на 13. 11. 2015 | |
   

[Рецензија: Аналитичари: Седмата препорака потврда за реформскиот курс]

  Имаме нагласено необјективен прилог во кој извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е презентиран со диоптријата на власта. Овој спинерски материјал, кој натежнува од фалби за Владата, ги прикрива острите критики од Брисел за политичката криза, судството, економијата, меѓуетничките односи, борбата против корупцијата, (не)почитувањето на човековите права, слободата на медиумите… Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: Седмата препорака потврда за реформскиот курс Датум и време на објавување: 10.11.2015, 17:36 Датум на рецензирање: 12.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Прилогот што е пред нас се повикува на официјален документ, но селективно го прикажува. Во него е премолчено дека во новиот Извештај од Брисел, се посочува дека Македонија минува низ

Непрофесионален текст кој отворено се става на страната на една политичка опција

на 10. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Неуспешен обидот на СДСМ да ги избегне изборите]

  Ова е еден од серијата тенденциозни текстови, кои медиумот ги објави истиот ден (6 ноември 2015 година), откако партиските лидери конечно ги усогласија деталите околу спроведувањето на Договорот од Пржино. Написот, кој, всушност, е само „преџвакување“ на материјалот објавен четири часа претходно, нагласено се труди да ја прикаже опозицијата како губитничка страна, која, наводно, очајнички се борела да ги одложи изборите предвидени за пролетта 2016 година. Во оваа манипулативна приказна влегува и „извергланото“ сценарио за сериозен внатрепартиски конфликт во СДСМ, во кое неизбежно е инволвиран и Сорос и тоа во „радикалното крило“ на социјалдемократите! Линк до оригиналниот напис: Неуспешен обидот на СДСМ да ги избегне изборите Датум и време

Внимателно селектирани парчиња од кои не се гледа дека прстот е вперен во власта

на 6. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела]

  Прилогот што е пред нас ги премолчува најважните поенти од изјавите на претседателот на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент (ЕП) – Џани Питела и европарламентарецот Ричард Ховит, дадени по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев (4 ноември 2015 година). Овој материјал прикрива дека двајцата дипломати експлицитно посочија дека одговорноста за неспроведувањето на Договорот од Пржино е кај ВМРО-ДПМНЕ и кај нејзиниот лидер и ги повикаа да ги исполнат обврските од Договорот. А, токму со ваквото селективно прикажување на информациите, написот свесно се става во заштита на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела Датум и време на објавување:

Собраниски извештај во кој опозицијата како да не постои

на 4. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија не известува објективно за собраниската седница на која беа реизбрани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и уште еден нејзин член. Иако овој материјал е прилично опширен, тој воопшто не ја доловува вистинската атмосфера од дебатата во парламентот, туку го фаќа само аголот на власта. Линк до оригиналниот напис: Собрание: Усвоени повеќе законски измени и дополнувања Датум и време на објавување: 02.11.2015, 19:22 Датум на рецензирање: 03.11.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

САМО РЕПЛИКИТЕ ОД ВЛАСТА

Фактички, станува збор за собраниски извештај, целосно преземен од  државната информативна агенција (што е наведено во написот, само не е ставен линкот), озаглавен со технички наслов: „Собрание:

Непроверена приказна, пренесена како неприкосновена вистина

на 30. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!]

  Овој напис ја дезинформира јавноста дека министерот за здравство ја напушта функцијата, а него ќе го замени пратеник од редовите на владејачката партија. И, тоа го прави уште со самиот наслов во кој тврди: „Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер“, што подоцна се покажа неточно. Линк до оригиналниот напис: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер! Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

За што, всушност, станува збор? Текстот се повикува на друг медиум – има и линк, но проблемот е во тоа што не ја проверува веста. Се потпира само на (дез)информациите до кои дошол

ТВ-дневник: МТВ не ја виде пораката на амбасадорите до Груевски!

на 30. 10. 2015 | | en
Еклатантен пример за „сечено, лепено, монтирано, креирано“ – 2.33 минути претворени во 46 секунди. Фото: скриншоти  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на МТВ од 27 октомври 2015 година, во 19.30 часот]

 

Целата изјава на дипломатите не беше доволно интересна за државната телевизија, која пушти внимателно „сечено, лепено и балансирано“ парче  –  „цели“ 46 секунди од настапот на Гарет, со пораки и до власта и до опозицијата. Со тоа се

Предизборен рекламен спот наместо новинарски производ

на 21. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните]

  Координативниот состанок на премиерот со некои министри, директори на јавни претпријатија и со градоначалници (од редовите на владејачката партија) е искористен за наменски прилог во кој се величи власта – премиерот. Овој материјал нема проблем со вистинитоста, изворите, ниту со содржајноста. Но, има фалбаџиски тон и креира перцепција дека Владата се грижи за граѓаните и е посветена на решавањето на нивните проблеми. Линк до оригиналниот напис: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните Датум и време на објавување: 19.10.2015,  16:55 Датум на рецензирање: 19.10.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ГРИЖЛИВАТА ВЛАДА!

За што, всушност, станува збор? Настан (координативен состанок во Владата) кој заслужува максимум техничка вест од неколку реда, се предимензионира и се

Селективен текст кој го премолчува скандалот со едночасовното доцнење на премиерот

на 17. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Грижата продолжува: Нов објект за децата со оштетен вид во Кисела Вода]

  Овој селективен текст го премолчува скандалот со едночасовното доцнење на премиерот и не кажува дека американскиот амбасадор, по 45 минути трпеливо чекање, церемонијата за новите простории во училиштетото „Димитар Влахов“ ја почнал сам со министерот за образование. Исто така, иако реновирањето на училиштето за деца со оштетен вид е американска донација, тоа е  искористено за фалење на Владата и на премиерот, дека се посветени во решавањето на  проблемите на овие лица. Така што, излегува дека власта се кити со туѓо перје! Линк до оригиналниот напис: Грижата продолжува: Нов објект за децата со оштетен вид во Кисела Вода Датум и време на објавување: 15.10.2015, 14:04 Датум

Претплатете се за најнови вести