Рецензии

Непрофесионално и пристрасно

на 16. 09. 2015 | | sq

[Рецензија: Не е лесно во Битола да си директор освен ако си партиски]

  Навистина е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ) кога наведува серија недоследности што воопшто не соодветствуваат со познатите стандарди за еден професионален новинарски текст. Како прво, нејасна е мотивацијата за текстот и неговата медиумска вредност, кога целиот текст почива на фотографии стари неколку месеци и тоа од една сосема рутинска активност. Освен тоа, читателот на СПФМ со право реагира и кога наведува дека за тврдењата во веста оти родителите и децата биле присилени да учествуваат во уредувањето на училишниот двор, нема извор кој може да го потврди тоа. Некој од родителите. Тоа не е професионална постапка. Линк до оригиналниот напис:

Новинарите не се политичари и треба да го запомнат тоа

на 16. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?]

  Овој текст е класичен пример за спин во новинарството и за дефокусирање на јавноста. Написот е полн со коментари насочени кон дискредитација на првите луѓе на опозицискиот СДСМ и од авион се гледа дека е политички пристрасен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител? Датум и време на објавување: 10.09.2015 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во насловот, авторот на текстот прашува: „Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?“. Одговорот на ова прашање е јасно. Но, сепак, во написот се прави обид да се дефокусира читателот и да се нагласи наводниот

Локалните улички, националните медиуми и пропагандата

на 16. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Изградена нова улица во економската зона Марино-Кадино]

  Оваа вест е пример како пропагандата неретко преминува во бесмисленост по извесен период. Во демократските земји, властите не мора баш секој ден да бележат „работни победи“. Во рационалните општества е јасно дека светот не функционира на таков начин и дека секоја власт има работи што мора да ги спроведе, а кои се секојдневни и прозаични, може да се и поважни, но не заслужуваат удирање во гради по медиумите. Но, во недемократските општества, каде што властите мора постојано да го потхрануваат својот сомнителен легитимитет, се појавуваат и вакви вести кај нивните пријателски медиуми. Можноста за ширење на „вакви“ вести е уште поголема во време на интернетот и на новите комуникациски технологии,

Кога текстот е за дневно-политичка намена, сите новинарски стандарди паѓаат во вода

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот Протокол кој обрзува да нема тендер за трет мобилен оператор]

  Текстот има една цел, а тоа е да го наруши угледот на Радмила Шекеринска, која е мета на хајка последниве денови за скандалот со „Маѓар телеком“. Притоа, половина од написот се прашања на кои нема одговор ниту новинарот, ниту јавноста. Линк до оригиналниот напис: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот Датум и време на објавување: 13.09.2015, 15:03 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Иако Шекеринска уште при првиот текст објавен за наводна нејзина инволвираност во овој скандал веднаш демантираше, во овој напис не се нашло за потребно да се пренесе

Вака вести пишува пропагандист! Од којзнае која провинција!

на 15. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!]

  Главниот проблем со оваа куса фото-вест е насловот: „Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!“. Тој е исклучително навредлив, звучи невкусно и дури со отворен анимозитет кон странските дипломати. Линк до оригиналниот напис: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција! Датум и време на објавување: 14.09.2015, 14:27 Датум на рецензирање: 14.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРИМИТИВИЗАМ

Веста има само две реченици ама е „отровна“! Од  неа просто извира силна нетрпеливост кон странските претставници во земјата. Особено, од  насловната конструкција, која е со таков навредлив речник што се граничи со примитивизам. Инаку, „столбот“ на веста се две фотографии на кои е прикажано возило со дипломатски таблички, паркирано со предниот дел

Јавноста не треба да биде лишена од двете страни

на 15. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: БЕСА го гради мостот во Куманово кој што беше заборавен од власта]

  Доколку новинарот информира за некоја иницијатива, веста не треба да заврши само со една страна. Секогаш треба да се побара и официјалниот став, бидејќи може да се добие впечаток дека се поддржува само една страна. Веста што ја рецензираме не ги претставува двете страни. Другата страна не е присутна во текстот. „Aктивисти на Движењето Беса во Куманово почнале со работа за градење на еден мост кој што беше урнат пред 7-8 месеци од надојдената вода. Тие одлучиле доброволно да го градат овој мост, бидејќи нивните апели до локалните и централните власти за изградбата на мостот кој што поврзува еден дел од населбата „Бахче“ каде што

Тенденциозно спојување на ИД и на бегалците преку пратка со оружје

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ: Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС]

  Вест што лесно се вклопува во една антиемигрантска атмосфера, која и онака е обележје на дел од нашата јавност. Се работи за информација дека грчката погранична стража уапсила екипаж на брод полн со оружје во близина на островот Крит и дека тоа бил брод на ИД, кој требало на мигрантите во форма на хуманитарна помош да им го дели откако тие ќе стапнат на европско тло. Ова, секако, е вознемирачки факт, но е комплетно неточен и шокатно е како се нашол во нашите медиуми (главно електронски) без проверка и барем подоцнежно извинување и исправка? Линк до оригиналниот напис: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ

Ако прашаш, ти си „на дрога или нервно растроен“, ако тепаш, ништо не ти е

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Саше Политико на дрога или нервно растроен]

  Плукачки производ наменет само за омаловажување на опозицијата, но, пред сè, на личност која, да бидеме реални, практикува, во најмала рака, контроверзно известување од настани на кои се појавуваат владини челници. Но, начинот на кој тој работи, а очигледно е дека тоа не му е по мерак на властодржецот, никому не треба да му дава за право јавно, повторувам јавно, да ја преиспитува неговата здравствена или ментална состојба и паралелно да дели дијагнози, без притоа да даде некаков саглам доказ. Линк до оригиналниот напис: Саше Политико на дрога или нервно растроен Датум и време на објавување: 10.09.2015, 17:14 Датум на рецензирање: 12.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НАПАДЕН Е, МОЖЕ ДА

Не е злато сѐ што сјае – особено ако „златните прачки“ се преголеми

на 14. 09. 2015 | |
 

[Рецезнија: (ФОТО) Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато]

  Станува збор за непримерен, несериозен, нелекториран и неуреден текст од три-четири реченици со тврди, но со ништо аргументирани ставови. Објавените фотографии, пак, се посебна приказна. Само со едно пребарување на сите нив со наредбата „Search Google for this Image“ на интернет-пребарувачот „гугл хром“, веднаш се гледа дека ниедна од нив не е употребена од ниеден малку од малку поеминентен извор и дека нив ги има единствено на социјалните мрежи каде се користат само за разни форми на пропаганда и за ништо друго. Малку повнимателно ако се погледнат, веднаш се забележува дека прачките од „злато“ се едноставно преголеми и со оглед на неговата густина, кога

Железничкиот сообраќај нормализиран, ама како и зошто не ви кажуваме

на 14. 09. 2015 | |
 

[Рецезнија: Нормализиран железничкиот сообраќај]

  Проблемот со оваа вест е што таа е или недовршена, зашто некои важни информации недостигаат или таквите информации се едноставно прикриени. Како прво, тоа е чудо едно како се успеало во една вест која во својата суштина се однесува на штрајк на железничкиот персонал, воопшто да не биде спомнат зборот „штрајк“, туку редица други помеки форми како „не ги извршуваат работните задачи“, „одбивање работа“, „железничкиот сообраќај беше прекинат“ и слично. Како што е чуден и почетокот на веста, кој вели дека е нормализиран сообраќајот, дека синдикалните организации и раководството се договориле (Кои синдикални организации? Колку се? Кои вработени ги застапуваат?), но не се кажува ни што е тоа за што е постигнат договорот и