verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Железничкиот сообраќај нормализиран, ама како и зошто не ви кажуваме

on 14 - 09 - 2015       

МИА-0987-0980760-final-crop-resize

 

[Рецезнија: Нормализиран железничкиот сообраќај]

 

Проблемот со оваа вест е што таа е или недовршена, зашто некои важни информации недостигаат или таквите информации се едноставно прикриени. Како прво, тоа е чудо едно како се успеало во една вест која во својата суштина се однесува на штрајк на железничкиот персонал, воопшто да не биде спомнат зборот „штрајк“, туку редица други помеки форми како „не ги извршуваат работните задачи“, „одбивање работа“, „железничкиот сообраќај беше прекинат“ и слично. Како што е чуден и почетокот на веста, кој вели дека е нормализиран сообраќајот, дека синдикалните организации и раководството се договориле (Кои синдикални организации? Колку се? Кои вработени ги застапуваат?), но не се кажува ни што е тоа за што е постигнат договорот и што тој договор содржи.

МИА-0987-0980760-finalЛинк до оригиналниот напис: Нормализиран железничкиот сообраќај

Датум и време на објавување: 11.09.2015, 20:48

Датум на рецензирање: 14.09.2015

Рецензент: Владимир Петрески

Станува збор за крајно штура вест за една многу важна тема која се однесува на прекин на патничкиот и на товарниот железнички сообраќај во земјава. Веста јавува дека сообраќајот се нормализирал, но не кажува дали штрајкот е завршен. Напротив. Се вели дека договореното не било прифатено од  „само еден синдикат на машиновозачите и тие не ги извршуваат работните задачи“. Но, не се кажува колку тоа има синдикати на машиновозачите и колку од нив членуваат во овој „само еден синдикат“ кој и понатаму штрајкува. Како што и не се објаснува како тоа сообраќајот е нормализиран, кога членовите на еден синдикат на машиновозачите уште штрајкуваат.

Сепак, она што е најголемо промашување е тоа што нема ништо за постигнатиот договор. Што тој договор воопшто содржи. На крајот од веста се вели дека машиновозачите барале исплата на целата јунска плата и на придонесите, но не се кажува дали ова барање им е прифатено или тие го повлекле барањето.

Крајно е невообичаено кога се има на линија директорот на една фирма чии работници се во штрајк, како што во случајов се разговарало со директорот на „МЖ Транспорт“, Никола Костов, тој да не се праша што содржи постигнатиот договор и да не се праша како тоа сообраќајот е нормализиран кога дел од машиновозачите на возовите сѐ уште штрајкуваат.

Да не говориме, пак, што истовремено со постигнувањето на овој тајновит договор со непозната содржина, медиумите известија дека железничките билети за бегалците на релација грчка граница – српска граница поскапеа за 150 отсто од (10 на 25 евра), откако пред месец дена поскапеа за 100 отсто (од 5 на 10 евра). Врската меѓу овие два настани ја забележаа медиумите и тука веднаш се поставува прашањето дали договорот се однесува токму на ова – за железничкиот персонал да ја добие платата што му доцни направен е договор на штета на трета страна, односно бегалците, и ако тоа е точно, зошто е така сторено. Можеби ваквата мерка била неопходна, можеби не, но она што е најважно е фактот што не знаеме што се случило, ама имаме силни индиции дека на ваков начин, преку грбот на бегалците, е решено да се дојде до пари.

Но, за содржината на постигнатиот договор во веста нема ништо, зашто за тоа не бил ни прашан директорот Костов или договорно е одлучено за тоа да не се пишува. Да не било така и директорот да одбил да одговори, на пример, во веста тоа би било и наведено како што налага новинарската практика.

Настрана, пак, фактот, што други медиуми, три дена по објавувањето на оваа вест велат дека штрајкот воопшто не е ни прекинат, дека 90 отсто од железничките линии се откажани и дека 80 отсто од машиновозачите сè уште штрајкуваат.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не може да се утврди

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести