verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример за одличен новинарски текст

on 10 - 11 - 2016       

dw-za-izborite-vo-sad

[Рецензија: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален]

Како солиден новинарски текст изгледа овој што го рецензираме. Односно, секој квалитетен напис има глава и опашка – и секако, месо помеѓу. Се подразбира дека таквиот текст мора да биде објективен, професионален, содржаен, но ништо помалку важно не е ниту доброто и читко пишување, граматички исправните реченици и разбирливото пренесување на работите, за текстот да биде четиво за читателите од 17 до 77 години.

 

analiza-izbori-vo-sadЛинк до оригиналниот напис: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален

Датум и време на објавување: 08.11.2016

Датум на рецензирање: 10.11.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕКСТ СПАСТРЕН УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ

Текстот почнува според новинарските правила. Има глава во која сублимирано е опишана идејата на текстот:

„Хилари Клинтон или Доналд Трамп? Ова е прашањето кое денеска го врти светот, а интересот не е помал и во Македонија. За едни Клинтон е стабилна и сигурно ќе победи, додека други велат Трамп е подобар“.

Потоа приказната се расплетува со тоа што побарано е мислење од граѓани на Македонија кои се анкетирани на плоштадот Македонија. Мислењата, кои во целост ја покажуваат реалноста, се поделени. Дури се внимавало и на методолошкиот пристап на изборот на анкетираните граѓани, па тие се избирани пропорционално и според полот и според возраста.

Така, анкетирани се:

„’Доналд Трамп ќе победи бидејќи е подобар од Клинтон“, вели еден повозрасен господин со кого разговаравме на плоштадот Македонија.

И младиот Кирил смета дека шансите на Трамп се подобри во однос на Клинтон.

Активистката Ивана Јордановска, се надева дека Хилари Клинтон ќе победи од три различни побуди: кој е нејзиниот противник, потенцијалот за исполнување на политиките и симболиката зад нејзината победа…“

Од сето ова написот извадил заклучок дека мислењата се поделени, а љубопитноста е голема и многумина внимателно ги следат дебатите меѓу двајцата кандидати за американски претседател, како и скандалите што секојдневно ги следат Клинтон и Трамп.

Сепак, текстот не останал само на граѓански анкети, туку за да добие содржајност, консултирал или побарал мислења и од двајца експерти кои ги следат случувањата со претседателските избори во САД. Тоа за читателите значи дека текстот студиозно е правен, без брзање, што развива чувство на доверба. Со тоа се проширува и вербата во медиумот, што е и целта на новинарството.

 

ОДЛИЧЕН ПРИКАЗ НА РЕАЛНОСТА

Големата заинтересираност кај Македонците за изборите во САД точно е прикажана во овој текст, а сублимирани се впечатоците и очекувањата. Притоа текстот воопшто не коментира, туку ги остава соговорниците да зборуваат. Како и секој добар новинарски производ, така и овој остава читателите сами да си донесат заклучок на крајот.

Дека текстот е непристрасен се гледа и во насловот: „Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален“, во кој е истакнато мислењето на соговорниците. Тој не сугерира, ниту коментира.

Сè на сè, ова е одличен новинарски производ. Разигран, со соговорници, објективен и непристрасен, лесно читлив, текст што создава впечаток за нешто добро.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести