verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографија на „Фејсбук“ злоупотребена за оцрнување

on 10 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)]

 

Тенденциозен и коментаторски текст кој има цел да го дискредитира заменик-министерот за земјоделство од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, и јавноста да оформи негативен став за него. Ова е еден од написите објавени во медиумите наклонети на владејачката партија, во кои се спроведува негативна кампања за кандидатските пратенички листи на СДСМ (предложени на партискиот конгрес на 6 ноември 2016 г.), особено за носителите на листите.

namesto-na-teren-nikolovski-od-sdsm-tera-kampanja-po-kafeani-foto-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)

Датум и време на објавување: 06.11.2016, 22:44

Датум на рецензирање: 10.11.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

„КРУНСКИ ДОКАЗ“

Како предмет на оваа анализа имаме материјал кој е конструиран врз основа на фотографија објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“. На неа е прикажан Николовски во еден скопски ресторан и тоа е „крунски доказ“ дека тој воопшто не работи на терен туку „тера кампања по кафани“. Сликата е земена од нечиј приватен фејсбук-профил, а во текстот не е наведено дали е добиена дозвола за нејзиното преземање.

Во написот се занемаруваат сите прес-конференции и посети на Николовски низ другите градови на Македонија и неговите средби со земјоделците. За сето ова нема ниту еден единствен збор. Но, затоа само една слика од кафана е сè што е потребно за тој да биде оценет како неработник.

Во текстот, исто така, во коментаторски манир се тврди дека Николовски, иако е дополнителен заменик-министер за земјоделство, наводно, не  ја познава оваа област:

„Николовски важи за десна рака Заев и негов шеф на кабинет. Николовски, кој моментално е заменик-министер за земјоделие, благодарение на политичкиот договор, ќе остане запаметен по класичното непознавање на земјоделието и неговите излети по земјоделските посеви“.

За ваквата констатација не се презентирани аргументи, туку е само паушално нафрлена. На читателската публика не ѝ е понуден ниту еден пример во прилог на ваквите наводи ниту, пак, се посочени докази со кои би се поткрепиле искажаните тврдења. Таа е оставена слепо да верува на напишаното.

Со ваквиот пристап се прекшени  преамбулата и неколку членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои :

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. (Преамбулата)

 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (1)

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (13)

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… (16)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести