verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

„Репортери без граници“: На 111. место, Македонија е „лошото момче на Балканот“

on 26 - 04 - 2017       
meta

Париз, 26 април, 2017 – 9:56 (META)  – Најновиот извештај на „Репортери без граници“ ја рангира Македонија на 111. место според индексот на слобода и земјата ја нарекува „лошото момче на Балканот“.

Според „Репортери без граници“, слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозијата на владеењето на правото е највидлива во Македонија.

Оттаму нагласуваат дека клеветата била отстранета од кривичниот законик во 2012 година, но дека обвиненијата се замениле со приватни тужби, со можност за тешки парични казни и за затворски казни за новинарите и за сопствениците на медиумите.

„Имаше многу извештаи за закани, насилство, малтретирање и за заплашување на новинарите за време на политичките демонстрации во 2016 година, но само неколку од одговорните беа гонети. Политичката нестабилност влијае на работата на новинарите и притисокот од владејачката партија ги натера некои од медиумите самите да се цензурираат“, се вели во најновиот извештај.

Македонија со 111. место е последна од сите земји во регионот. Србија е на 66. место, Босна и Херцеговина на 65. место, Хрватска на 74. позиција, Албанија на 76. место, Косово на 82. место, Грција на 88. позиција и Бугарија на 109. место.

На прво место, според индексот на слобода, е Норвешка, на второ  Шведска, на трето – Финска, на четврто – Данска, на петтото место е Холандија, а потоа следуваат Костарика, Швајцарија, Јамајка, Белгија и Исланд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *