Активности

Питер Померанцев: Во светот на постфактите иднината исчезнува

на 21. 02. 2017 | | sq
Питер Померанцев: Демагозите и популистите на гледачот му нудат непријатели и заговори. Фото: СПФМ  

Следи обраќањето на украинско-британскиот автор и новинар, Питер Померанцев, еден од најзначајните светски аналитичари и критичари на современата авторитарна пропаганда, кое преку видеоконференциска врска од Лондон го изнесе на Меѓународната конференција „Е-Општество: Проверка на факти и влијанието на новите технологии во општеството“. Таа се одржа во Скопје на 31 јануари 2017 година, во организација на

Најава: Меѓународна конференција „Е-општество.мк“ – Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството

на 23. 01. 2017 | |
Во име на организациониот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете учество на дванаесеттата Меѓународна конференција „Е-општество.мк“, која оваа година е на тема „Проверката на факти и влијанието на новите  технологии врз новинарството“. Конференцијата ќе се одржи на 31 јануари 2017 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, Македонија. Kонференцијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Настанот ќе обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и на организации кои работат на развој на оваа област, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства за справување со медиумски манипулации за да се зголеми квалитетот и отчетноста на

Предизборен молк

на 24. 12. 2016 | |
  Почитувани читатели, Од 24 часот денеска до 19 часот в недела (25 декември 2016 година) трае предизборниот молк. Во овој период „Сервис за проверка на факти во медиумите“ нема да објавува нови содржини – ни на веб-страницата на „Сервисот“, ниту на страниците и на профилите на „Сервисот“ на социјалните мрежи.

Телевизиска проверка на факти – зашто политичарите лажат

на 21. 06. 2016 | | sq
Во рамките на годинешната POINT 5.0 конференција на невладиниот сектор од Запданиот Балкан, која се одржа во Сараево кон крајот на мај, беше организирана и маѓународна работилница за проверка на фактите на телевизија (TV Factchecking). Оваа дејност расте засилено и сега во светот има околу 100 операции за проверка на факти искажани во јавноста, пред сè, од страна на политичарите, во повеќе од 40 земји од светот. На работилницата беа присутни претставници од Фондацијата „Метаморфозис“: Владимир Петрески, уредникот на „Сервис за проверка на факти“, Теофил Блажевски, уредник/новинар во „Вистиномер“ и Симона Атанасова, новинар во Агенцијата „Мета“. Погледнете го видеозаписот од работилницата, изработено одколегите од босанскиот istinomjer.ba:

Соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите, клучна за доброто владеење

на 6. 04. 2016 | | sq
Соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите е исклучително битен фактор кога е во прашање влијанието врз доброто владеење и поттикнувањето на граѓаните да бараат отчетност од државните институции и да бидат вклучени во креирањето на јавните политики. До ваков заклучок дојдоа присутните на вчерашната тркалезна маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за добро владеење“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, на која беше означен почетокот на

Средба со медиумите на албански јазик денес во Македонија

на 1. 11. 2015 | | sq
Десетина новинари од неколку медиуми, онлајн и пишани, национални и локални телевизии, учествуваа на средбата „Албанските медиуми денес во Македонија“, што беше организирана од Фондацијата „Метаморфозис“. Целта на ова средба беше промовирање на Проектот  за проверка на факти во медиумите и неговата важност, особено придонесот што ја дава оваа иницијатива со цел да се зголеми свеста на јавноста за професионалното новинарство, но и како помошна алатка за самите медиуми за почитување на новинарските стандарди. На средбата се диксутираше околу реалноста на албанските медиуми во Македонија, при што, од присутните новинари и уредници, во фокусот беа постигнувањата, но и предизвиците на новинарството на албански јазик во Македонија. На средбата се дискутираа и заедничките чекори за да се овозможи натамошен развој на

Се одржа обука за медиуми против говор на омраза во Струмица

на 22. 10. 2015 | |
На 20 октомври во Струмица се одржа третата обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 25 претставници на медиумите како и локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.   На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор на

Успешно одржана обука во Струга за справување со говорот на омраза

на 16. 10. 2015 | |
На 14 октомври во Струга се одржа втората обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 16 претставници на медиумите како и неколку локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука.   Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите. На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор

Одржана обука за справување со говор на омраза

на 9. 10. 2015 | |
На 07.10.2015, во Хотел Stone Bridge се одржа првата од серијата обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали, организирана од фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите. На оваа обука присуствуваа 23 претставници од медиумите од различни градови. На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите

Обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера

на 30. 09. 2015 | | sq
Почитувани, Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје упатуваат повик за пријавување учесници за обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и за администратори на веб-портали.  Целта на обуките е да придонесат за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со „Сервисот за проверка на факти од медиумите“. Обуките ќе се одржат во текот на октомври 2015 година на следните датуми и локации:
  • 7 октомври (среда) во Скопје,  хотел „Стоун бриџ“
  • 14 октомври (среда) во Струга,  хотел „Дрим“
  • 20 октомври (вторник) во Струмица,