Активности

Оглас: Ангажирање на аналитичари на медиумскиот дискурс

на 6. 03. 2013 | | sq, en
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, анализи и едукативни текстови, објавува оглас за привремено ангажирање на аналитичари на медиумскиот дискурс. Аналитичарите кои се членови на тимот ги имаат следните задачи:
  • идентификуваат случаи на непочитување на професионалните новинарски стандарди во медиумите, меѓу кои и прекршување на човековите права или трендови во квалитетот на работата на медиумите во поширок контекст;
  • спроведуваат анализи базирани на критичка анализа на дискурси за таквите случаи.
Кандидатите за членови на тимот треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат познавања од областа на човековите права (професионален ангажман, едукација, невладино делување);
  • да имаат

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

на 15. 02. 2013 | | sq, en
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти. Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен

Оглас: Барање за понуда за дизајн на веб-интерфејс за Сервис на проверка на факти од медиумите

на 1. 02. 2013 | | sq, en
Метаморфозис, во својство на организација која го спроведува Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, објавува оглас за понудувачи за дизајн-решение за интерфејс на веб-сајт, кој е наменет за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции. Целта на проектот, поддржан од американскиот народ, е да се зголеми моќта на граѓаните на Македонија да бараат одговорност од страна на медиумите и да им помогнат на новинарите во исполнувањето на нивните професионални стандарди, преку онлајн-алатки за јавна едукација и подигнување на свеста. Ова ќе биде овозможено преку Сервисот за проверка на факти од медиумите, насочен кон зголемување на барањата на граѓаните за професионални и објективни вести и
СТРАНА 3 of 3123