verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За проектот

Сервисот за проверка на факти во медиумите (СПФМ) е портал кој работи на засилување на професионалните и етичките стандарди во македонското новинарство и тоа, пред сè, преку проверка на фактите во новинарските содржини, но и преку објавување на едукативни и информативни содржини насочени кон ширење на професионалното и етичкото новинарство.

Порталот за проверка на факти во медиумите настана во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите (СПФМ) и се спроведуваше од ноември 2012 до февруари 2017 година од страна на Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје.

СПФМ и понатаму работи на проверката на факти и подигнување на професионалните новинарски стандарди во земјава.

*  *  *

Граѓаните имаат право на објективни вести и информации засновани на факти и професионални новинарски стандарди!

Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која во времетраење од 52 месеци ја спроведуваше Метаморфозис, имаше за цел да им овозможи на граѓаните на Република Северна Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување онлајн-алатки и ресурси за јавна едукација и подигнување на јавната свест. Намената на онлајн Сервисот за проверка на факти од медиумите беше и е зголемување на побарувачката на граѓаните за објективни вести и информации засновани на факти и професионални новинарски стандарди.

Компонентата Сервис за проверка на факти од медиумите ја спроведуваше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ (www.metamorphois.org.mk). Проектните резултати опфаќаа:

  • Воспоставување на Сервисот за проверка на факти од медиумите, кој обезбеди:
    • Создавање траен јавен запис со кој се документираат низа клучни прашања поврзани со квалитетот и отчетноста на медиумите во Македонија, преку стручни рецензии на написи и анализи објавени на веб-сајтот proverkanafakti.mk.
    • Отворен простор за граѓаните и професионалните медиумски работници да одржуваат структурирана јавна дискусија за прашањата поврзани со квалитетот на медиумските производи преку Сервисот како онлајн-платформа.
    • Основа за застапување за отчетност на медиумите.
  • Зголемување на побарувачката меѓу граѓаните за објективни вести и информации засновани на факти и професионалните новинарски стандарди, како резултат на објавените едукативни содржини за јавна едукација.
  • Зголемено ниво на јавна свест за стандардите на професионалното новинарство и примената на критичкото размислување како начин за спротивставување на медиумските девијации.
  • Зголемена свест на медиумските работници за професионалните стандарди содржани во релевантните кодекси, како и за нивната должност да ја бараат и да известуваат за вистината, на транспарентен и отчетен начин.

Проектните активности опфаќаа:

  • Постојана продукција на аналитички написи според однапред определена методологија заснована на етичките новинарски кодекси: рецензии од страна на новинари и аналитички написи со цел да се зголеми јавното образование и да се поттикнат дебати за точноста во медиумските производи.
  • Соработка со медиумите и граѓанските организации во промоцијата на објективно и професионално новинарство засновано на факти.

Официјален веб-сајт:

Блог за содржини: mediumi.kauza.mk

Профили на социјалните медиуми:

Проектен тим

Раководител на проектот: Филип Стојановски
Уредник на содржините на македонски јазик: Владимир Петрески
Уредник на содржините на албански јазик: Петрит Сарачини

Административен асистент: Љиљана Цекиќ-Лазоровска
Веб-администратор: Филип Нешкоски

Лектор: Лилјана Петрушевска

Напомена: Цитатите во написите на Сервисот за проверка на факти, како и насловите на текстовите што се рецензираат, се објавуваат во оригинал и без лектура. Остатокот од написите е, се разбира, лектoриран. Цитатите преземени од написи на други медиуми и насловите на рецензираните написи од медиумите не се лекторираат со цел читателот да може да ги види и воочи во оригинал сосе сите евенутални грешки и за да добие вистинска слика, како и за да може да ги следи рецензиите, кои понекогаш говорат и за јазичните неправилности во рецензираните написи.

Контакт

Претплатете се за најнови вести