Актуелности

Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!

на 22. 03. 2017 | | sq
logo-meta-mk-002
  Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикасни во остварувањето на нивните мисии и во нивните напори за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција и заштитата на животната средина. Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било

Се одржа меѓународната конференција „Е-Општество“ на тема проверка на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството

на 17. 02. 2017 | | sq
  Лажните вести претставени како факти, фикцијата како реалност и (зло)употребата на принципите и стандардите врз кои почива доброто новинарство беа тема на 12. меѓународна конференција „Е-општество.мк“: „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“, која се одржа на 31 јануари 2017 година, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“. На конференцијата се разговораше за важноста на проверката на фактите во медиумите и од аспект на борба против лажните вести и од аспект на почитување на стандардите во новинарството.   „Сервисот за проверка на факти во медиумите е одлична алатка за едуцирање на граѓаните да препознаат вистинити и квалитетни информации, а со тоа и да придонесат во демократизацијата на општеството“,  рече Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“.  Директорот на мисијата

Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија

на 8. 02. 2017 | |
  Проблематиката поврзана со правото на приватност недоволно се третира во Република Македонија, Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации содржат дискутабилни одредби кои можат да ја загрозат приватноста на граѓаните, не постои ефикасен надзор на процесот на следење на комуникациите, а медиумите ја надминуваат границата на пристојност и ја нарушуваат приватноста при објавување информации за јавни личности. Ова се генералните заклучоци од документот за јавни политики „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“, објавен од Институтот за комуникациски студии, чија цел е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности

Демант на лагите искажани од СОС за Фондацијата „Метаморфозис“

на 6. 02. 2017 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“ најостро ги осудува и ги квалификува како тешка лага и клевета и во целост ги демантира изјавите на претставниците на групата од три граѓани наречена „Стоп операција Сорос“ (СОС), искажани на прес-конференцијата на 4 февруари 2017 година. На прес-конференцијата беа изнесени лаги за „Метаморфозис“, вклучително и неточни обвинувања дека на сметки на фондацијата легнувале „милионски суми“ кои, наводно, биле користени за партиски активности и за цели на СДСМ. Најостро ги отфрлуваме ваквите клевети и навреди. Средствата на „Метаморфозис“ никогаш не биле и нема да бидат користени за активности на која било политичка партија. Ваквите конструкции и манипулации имаат цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми и да го нарушат угледот на „Метаморфозис“

„Блокираме“ – нов агрегатор на блогови

на 21. 01. 2017 | | sq
Блокираме
  Новиот агрегатор на блогови, „Блокираме“, ќе биде промовиран денеска во 12 часот во кафулето „Винил“ во Скопје, но и ќе почне новиот конкурс за блогери. Подолу го пренесуваме соопштението.   Со особена чест и задоволство би сакал да ви го презентирам нашиот нов проект „Блокираме“, агрегатор на блогови од Р. Македонија. Блоговите може да почнете да ги пријавувате на следниот линк: http://blokirame.mk/add Покрај повикот да ги пријавите своите блогови

ЗНМ со осуда за вербалното насилство на власта против новинари

на 17. 01. 2017 | | sq
Capture-1
понеделник 16 јануари, 2017 Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кој е насочен против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира. Ваквите напади имаат цел да ги заплашат и да ги замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата

ДЗЛП: Порталите за информирање да бришат лични податоци

на 16. 01. 2017 | | sq
DZLP
  СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ Една од надлежностите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“, бр. 7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16), како самостоен и независен државен орган за заштита на личните податоци во Република Македонија, е да развива политики и да дава насоки во врска со заштитата на личните податоци.
Дирекцијата за заштита

СИТЕ МАСКИ НА „НОВИНАРСТВОТО“: Избор написи на Зоран Бојаровски во 2016 година

на 11. 01. 2017 | |
Зоран Бојаровски. Фото: Фејсбук профил. Фото-ефект: funphotobox.com
  Претепани новинарски правила (16.12.2016) Уште една куса лекција: Кога станува збор за известување за дејства или настани во кои има загрозување на човечкиот живот или неговата физичка и друга безбедност, најрелевантни, освен примарните извори како што се очевидците, се таканаречените овластени извори. Тоа се, најчесто, полицијата и лекарите.
Значи, мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни информациите на кои се

Избор од новинарските лекции во 2016 година

на 4. 01. 2017 | |
4290597309_2e5b9e5df6_o
    Колку е скапоцен угледот на јавните личности? (30.12.2016) Изјавата на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, која во нејзината изјава искажа цврсто уверување дека лицето ќе ја добие заслужената казна, и укажувањата на обвинителството како да одлучува се загражувачки, од причина што ваквите изјави доаѓаат од високи преставници на друга држава.   Работата на ад хок телото: Предизборeн надзор на медиумите во време на поствистината (26.12.2016) – Новинарска лекција

ЗА НОВИНАРСКОТО ЛАКЕЈСТВО И ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ: Избор написи на д-р Дејан Донев во 2016 година

на 1. 01. 2017 | |
Дејан Донев. Фото: Фејсбук профил. Фото-ефект: funphotobox.com
Дејан Донев. Фото: Фејсбук профил. Фото-ефект: funphotobox.com     Oдделение за постизборна трауматологија (19.12.2016) „Ниските поени го поткрепуваат песимизмот на медиумската заедница и очекувањата да се избегне од тенденциите кон поголема државна контрола, политизација и економска деградација на медиумите“, се вели во Извештајот на Прибе. „Наспроти оваа заднина, важно е да се нагласи дека медиумите се клучен играч во демократија, не само како јавен заштитник, туку и како соработник на
СТРАНА 1 of 1212345...10...ПОСЛЕДНА »