verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Блокираме“ – нов агрегатор на блогови

on 21 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

Блокираме

 

Новиот агрегатор на блогови, „Блокираме“, ќе биде промовиран денеска во 12 часот во кафулето „Винил“ во Скопје, но и ќе почне новиот конкурс за блогери. Подолу го пренесуваме соопштението.

 

Со особена чест и задоволство би сакал да ви го презентирам нашиот нов проект „Блокираме“, агрегатор на блогови од Р. Македонија.
Блоговите може да почнете да ги пријавувате на следниот линк:
Покрај повикот да ги пријавите своите блогови на агрегаторот, истовремено би сакал да ви најавам дека како дел од проектот во соработка со „Нова ТВ“, регрантирање на Центарот за управување со промени (ЦУП), проект на Европската Унија и кофинансиран од Британската Амбасада во Р.Македонија, објавуваме конкурс за сите блогери на тема:

Индивидуални наспроти колективни човекови права, каде е границата?

Проектот е предвидено да почне со настан на кој ќе бидат презентирани активностите кои ќе се одвиваат покрај овој конкурс, како обука на блогери, социјално активни луѓе и новинари.
Затоа покрај повикот да го пријавите својот блог, ве повикувам од лично име и од име на сите вклучени во проектот да дојдете во просториите на кафе-бар „Винил“ в сабота на 21 јануари 2017 со почеток во 12 часот, на пригодна прес-конференција и кафе-пауза за сите заинтересирани да добијат повеќе информации за објавениот конкурс и активности на проектот.
За сите евентуални прашања, ви стоиме на располагање на нашите профили на ФБ, https://www.facebook.com/blokiramemk, и на „Твитер“,  https://twitter.com/blokirame, како и на info@blogirame.mk
Со почит,
Јован
„Блокираме“

Претплатете се за најнови вести