Актуелности

Никола Младенов – Живот подарен на новинарството

на 11. 03. 2016 | | sq, en
Никола Младенов, новинар и основач на „Фокус“. Фото: Фокус

На денешен ден пред точно 52 години* е роден Никола Младенов. Човекот кој важи за еден од творците на македонската пролет и новинарот кој најмногу ја задолжи кревката македонска демократија.
Само две недели по неговиот 49. роденден, вечерта на 26 март 2013 година, Младенов несреќно го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Наредниве денови ќе се сеќаваме на него преку текстовите што по смртта му ги посветија колегите и пријателите.

  Пишува: Редакција „ФОКУС“   Фокус, 10 март, 2014 Почнувајќи како надежен млад актер, Никола Младенов ја пренасочува својата амбиција и кон средината на 1980-тите почнува со работа како новинар во „Млад борец“. Тој е еден од луѓето што ги воведе плуралистичките

Говор на омраза на телевизија „Канал 5“

на 10. 03. 2016 | | sq
  Телевизија „Канал 5“, со изјавите и со ставовите искажани од страна на Миленко Неделковски во изданијата на неговата емисија „Миленко Неделковски шоу“ емитувани на 15, 22 и на 29 јануари, на 5 и на 12 февруари 2016 година, поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација, со што го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вели во писмениот извештај за извршен програмски надзор реализиран од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата укажува дека прекршувањето на законот се однесува на тоа што: „во неколку по ред последователни емисии кои се однапред снимени, телевизискиот програмски сервис на државно ниво ТВ Канал 5 носи уредничка одлука да му овозможи на

ЗНМ ги осудува притисоците врз новинарот Мухамед Зекири

на 7. 03. 2016 | | sq
Скопје, 7 март, 2016 – 12:29 (META) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува притисоците и заканите на претставници на ДУИ врз новинарот на ТВ „Шења“, Мухамед Зекири. „Ваквите притисоци ја загрозуваат слободата на говорот и поттикнуваат самоцензура кај новинарите. Со закани и со притисоци врз новинарите, Македонија нема да се извлече од групата африкански земји, каде масовно се кршат медиумските слободи“, пишува во соопштението на ЗНМ. Од Здружението велат дека крајно лицемерно е ДУИ да ја убедува јавноста дека медиумите на албански јазик се послободни благодарение на нивното одговорно однесување како владејачка партија, а во исто време нивните челници да се закануваат на новинари. „Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како потписник на Договорот од Пржино, се

НВО Инфоцентар: Конкурс за новинарски стории

на 7. 03. 2016 | | sq
НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“  поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, распишува конкурс за новинарски стории. Новинарските стории треба да се однесуваат на некоја од следниве теми: демографија, миграции, попис, избирачки список. Предложените стории треба да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и етика и да содржат елементи на аналитика и на истражување. Секоја од

„Глобал војсис“: Македонскиот Уставен суд ја потврди казната за новинарите кои цитираа изјава со обвинение за корупција

на 14. 01. 2016 | | sq
Објавено на 13 јануари 2016 16:23 GMT   Иако сега веќе е поранешен шеф на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање, се чини дека Сашо Мијалков сè уште има големо влијание врз судскиот систем во земјата, особено кога се во прашање „честа и угледот”. Уставниот суд на Македонија ја потврди паричната казна од 8.300 евра против двајца новинари од независниот неделник „Фокус“, Јадранка Костова и Владо Апостолов за клевета или „кршење на честа и угледот на поранешниот шеф на тајната служба“, кој е и роднина на премиерот во заминување, Никола Груевски, пишува „Глобал војсис“. Ова е третпат македонските судови да ја потврдат казната за цитирање извор, кој тврдеше дека Мијалков бил вмешан во корупција. Првостепениот суд ја одреди глобата за

МЕДИУМИТЕ И ПРОПАГАНДАТА: Избор написи на Владимир Петрески во 2015 година

на 30. 12. 2015 | |
Владимир Петрески. Фото: Метаморфозис   1. Лажните лични карти и лажните медиуми на власта (20. 12. 2015) 2. 20 милиони евра годишно медиумите можат да само да сонуваат, но не и да ги добијат од донаторите (24. 11. 2015) 3. И пропагандата не е она што беше: Наместо игнорирање – деманти и засилени контранапади врз критичките медиуми (26. 10. 2015) 4. Буџетски анализи со партиски шмек (19. 10. 2015) 5. Хајка против НВО-секторот: Клевети и бесмислици (11. 08. 2015) 6. Медиумскиот кукавичлук на власта (16. 07. 2015) 7. ЕУ стави крај на владината пропаганда финансирана со народни пари (20. 06. 2015) 8. Марсовскиот поглед на Ѓорге Иванов врз медиумите во Македонија (18. 06. 2015) 9. Агенција за разузнaвање ли е,

Сите интервјуа на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ во 2015 година

на 30. 12. 2015 | |
Сите наши интервјуа во 2015 година. Колаж: СПФМ   1. Чаусидис: Новинарите не треба да бидат алатки за останување или симнување од власт на одредена партија (21. 12. 2015) 2. Незири: За истражувачко новинарство потребна е добра финансиска кондиција на медиумот и слобода за истражување (26. 11. 2015) 3. Васко Ефтов: Моите ставови се исти и сега како и пред пет години (10. 11. 2015) 4. Адамчевски: Мнозинството медиуми се однесуваат игнорантски кон жалбената постапка во СЕММ, но сигурно не им е сеедно (5. 11. 2015) 5. Тахири: Деградирање во медиумите, како од политиката така и од самата професија (10. 09. 2015) 6. Исени: На многу портали цел им се плагијати, сензации, манипулации (03. 09. 2015) 7. Кокаланов: Наша цел

МЕДИУМИТЕ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Избор написи на проф. Мирјана Најчевска во 2015 година

на 30. 12. 2015 | | sq
  Проф. Мирјана Најчевска. Фото: photobucket   1. Стапицата на незнаењето: Медиумите и новиот универзитет (22. 12. 2015) 2. Медиуми = партиски гласила (За новата анкета на ИРИ) (30. 11. 2015) 3. Закон за заштита на приватноста: Кога уставот ќе стане „тоалетна хартија“ (17. 11. 2015) 4. Изборот е основно човеково право  (09. 10. 2015) 5. Неодговорените прашања за пасошот на Мијалков (08. 10. 2015) 6. Бегалци, мигранти и ксенофобија во македонските медиуми (04. 09. 2015) 7. Многу неодговорени прашања за смртта на загинатите полицајци во Куманово (17. 06. 2015) 8. Информациска пренатрупаност во аферата прислушувањето (07. 04. 2015) 9. Што може или не може да направи народниот правобранител (17. 02. 2015)  

АВЕ, АВЕ АМА И АМИН БРЕ ЦЕЗАРЕ!: Сите анализи на д-р Дејан Донев во 2015 година

на 30. 12. 2015 | |
Проф. Дејан Донев. Фото: лична колекција  
  1. Прво погледни се себеси а потоа зборувај за друг (15. 12. 2015)
  1. Изборите секогаш се најголем тест за етиката на новинарите (06. 12. 2015)
  1. Збогум рекламо, добредојде манипулацијо (27. 11. 2015)
  1. Медиумска (не)писменост – што беше тоа!? (15. 11. 2015)
  1. Аве, аве, ама и аман бре Цезаре! (26. 10. 2015)
  1. Колку министри може да собере еден ТВ-дневник? (13. 10. 2015)
  1. „Силни“ медиуми а уште помлитава јавност (23. 09. 2015)
  1. Непотпишано новинарство – премолчена вистина (13. 09. 2015)
  1. Кому кожувчето, кому јорганчето, а јавноста може и со кратки ракави!? (28. 08. 2015)
  1. Here comes the king again (14. 08. 2015)
  1. Изместувањето на контекстот само ќе ја „нашминка“ реалноста. Зарем живееме во толку лоша реалност!? 

НОВИНАРСТВО СО КАПИЏИК ВО ВЛАСТА: 10 написи на Љубомир Костовски во 2015 година

на 30. 12. 2015 | |
Љубомир Костовски. Фото: лична колекција  
  1. Весниците како фабриканти на политичката манипулација (14. 12. 2015)
  1. Атмосферата на „Фарма“ пренесена во студиото на МТВ (05. 12. 2015)
  1. Дојавувачот од 1971 година: Приказната за Серпико(03. 12. 2015)
  1. Претсмртни ламенти: ако умрам ил’ загинам (30. 10. 2015)
  1. „Истражувачко“ новинарство со капиџик во власта (15. 10. 2015)
  1. Новинарите како носачи на техника во его-трипот на премиерот (08. 10. 2015)
  1. Јавните функционери имаaт и јавни годишни одмори, другите политичари се „отвораат“ по избор (19. 08. 2015)
  1. Доба во која блогерите станаа колумнисти (04. 08. 2015)
  1. Македонија и руската пропаганда: „Турски тек“ заменет со бегалската криза (19. 07. 2015)
  2. Кој и зошто ѝ се нафрли на „Ал Џазира Балканс“ во Македонија? (05. 04. 2015)