verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Говор на омраза на телевизија „Канал 5“

on 10 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

milenko

 

Телевизија „Канал 5“, со изјавите и со ставовите искажани од страна на Миленко Неделковски во изданијата на неговата емисија „Миленко Неделковски шоу“ емитувани на 15, 22 и на 29 јануари, на 5 и на 12 февруари 2016 година, поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација, со што го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вели во писмениот извештај за извршен програмски надзор реализиран од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата укажува дека прекршувањето на законот се однесува на тоа што:

„во неколку по ред последователни емисии кои се однапред снимени, телевизискиот програмски сервис на државно ниво ТВ Канал 5 носи уредничка одлука да му овозможи на авторот на емисијата да биде извор на хомофобија и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација.“

Извршениот програмски надзор од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е реализиран по службена должност и се однесува на неколку емисии од „Миленко Неделковски шоу“, во кои тој: говори со јазикот на омразата и дискриминацијата, користи хомофобичен говор за да оцрни политички неистомисленици, ја поистоветува хомосексуалноста со болест итн. Агенцијата во својот извештај за оценувањето дали во емисиите „Миленко Неделковски шоу“ има хомофобија, дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација, се повикува на неколку законски одредби, и тоа: Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Извештајот содржи предлог со кој поради фактот што во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не е предвидена мерка за прекршување на член 48, а во согласност со Методологијата за вршење на програмски надзор, „директорот на Агенцијата снимките од емисиите и писмениот извештај од извршен програмски надзор да ги достави до Комисијата за заштита од дискриминација за нејзино понатамошно постапување“.

Извештајот ги разгледува сите релевантни аспекти при оценувањето на еден говор како дискриминаторски, хомофобичен и говор на омраза (контекст, лице кое е одговорно, постоење намера, содржина, степенот и опсегот на изразувањето и веројатноста од влијание врз публиката и нејзини идни дејствја).

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ја поздравува одлуката на Агенцијата за вршење на овој тип надзор врз медиумски содржини кои шират омраза и нетрпеливост кон одредени групи граѓани. Особено ја поздравуваме одлуката за интерсекторска соработка меѓу Агенцијата и Комисијата за заштита од дискриминација заради понатамошно постапување во случаи на говор на омраза.

Целиот извештај на Агенцијата преземете го тука.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *