verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предупредување: Вознемирувачка објава!

on 10 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

Утре во Македонија започнува војна_ П_ - http___think.mk_pregled_utre-vo-ma 11

[Рецензија: Утре во Македонија започнува војна? Погледнете што ќе се случува во Бутел]

 

Текстот, кој, патем, нема текст, опремен е со сензационалистички наслов и илустриран е со фотографии од претходни настани низ улиците на Скопје, а има цел да предизвика паника меѓу народот и да „подгрее“ меѓуетнички тензии.

Се работи за драматична најава за протестот во Бутел, кој заврши без ескалација на ситуацијата. Како одговор на протестот на Албанците за поставувањето на крстот во Бутел, навистина, излегоа и Македонците, но сепак не дојде до поголеми тензии.


FireShot Capture 127 - Утре во Македонија започнува војна_ П_ - http___think.mk_pregled_utre-vo-maЛинк до оригиналниот наслов:
 Утре во Македонија започнува војна? Погледнете што ќе се случува во Бутел

Датум и време на објавување: 03.03.2016

Датум на рецензија: 09.03.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ПАНИЧЕН НАСЛОВ

Написот, инаку, се повикува на одредени медиуми, без да се прецизира кои се тие и што точно објавиле за овој настан.

„Одредени медиуми проширија вистинска паника на социјалните мрежи, прочитајте за што точно се работи во продолжение.“

Во него стои и предупредување дека информацијата треба да се земе со доза резерва, што се коси со сите новинарски правила. Што е новинарството ако не објавување проверени и точни информации?! Од друга страна, ако постоел сомнеж дека веста е неточна, нејасно е зошто тогаш имало потреба од нејзино објавување?

„Предупредување: Информацијата земете ја со доза на резерва.“

Во преамбулата од новинарскиот Кодекс е наведено дека основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, а при пренесувањето на информациите тие треба да бидат чесни, објективни и точни.  Истото е нагласено и во првиот член од Кодексот, каде се вели дека  „новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи“.

Без поткрепа од факти, овој текст е шпекулативен, а особено е проблематичен насловот со кој се најавува војна! Тој предизвикува вознемиреност меѓу граѓаните и може да поттикне насилство.

Ваквиот пристап на обработка и на пласирање на информациите е во спротивност со принципите на етички исправното новинарство, кои подразбираат дека новинарските текстови треба да бидат ослободени од сензационализам и со нив не смее да се провоцира насилство и омраза.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести