verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оцрнувачки текст

on 9 - 03 - 2016       

radmila

[Рецензија: Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?]

 

Валкано четиво, во кое имаме мешање на приватниот и на професионалниот живот на една опозициска политичарка. Написот е политички мотивиран за да се дискредитира заменик-претседателката на СДСМ.

 11111Линк до оригиналниот напис: Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?

 Датум и време на објавување: 06.03.2016

 Датум на рецензирање: 07.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

РЕЦИКЛИРАЊЕ

Неразбирлива е потребата од таквиот степен на навреди изречени на адреса на вториот човек на СДСМ.  Навистина, треба многу отсуство на професионалност, култура, а и на домашно воспитување во „медиумски“ текст некого да наречете канцер.

„Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?“

Едно е низ аргументи, бројки, факти да се анализира, дали и колку одреден политичар придонел за својата партија и како неговото раководење се одразува врз успешноста на организацијата, а друго е со еден уличарски и за медиум неприфатлив речник да се омаловажува конкретна личност. Таквите муабети, можеби, доликуваат пред маалската биртија, ама не и во еден новинарски текст. Дека пристапот е, пред сè, тенденциозен, зборува фактот дека станува збор за преземен напис кој со задоцнување од четири дена е изрециклиран и по „хируршката интервенција“, особено во насловот, е објавен како новина.

„Информацијата“ неспорно е интересна – дека Шекеринска го напушта СДСМ, си оди од Македонија и со се семејството се сели во Белград. Аха… А што велат консултираните извори? Блиски луѓе до Шеќеринска – само ова е наведено како можен извор.  Навистина, многу веродостојно?!  А зошто не ѝ се јавиле, па да ја прашаат, можеби ќе потврдила, може ќе демнатирала, ама како и да е, ќе било коректно тоа да се стори. Значи, втора страна, проверка на информацијата нема!

Како некаква потврда дека Шекеринска си заминува се наведува нејзиното отсуство на една прес-конференција што ја држел лидерот на СДСМ. А, што значи тоа што Шекеринска и Заев вчера беа заедно на партиски собир во Охрид? Најверојатно, демант на претходната теза.

 

МЕШАЊЕ ЖАНРОВИ

Оттука, не е тешко да се заклучи дека информативниот дел од материјалот (ако воопшто е и веродостојна вест зашто нема соодветни аргументи), губи не само поради несоодветниот, а и вулгарниот пристап, туку и поради збирот коментари чие место едноставно не треба да биде во ваков извештај. Пример за намерно мешање новинарски жанрови.

„По неуспесите што ги доживеа како лидер на опозицијата и договорот со Заев за заедничко водење на партијата, која очигледно нема капацитет да понуди програма, соодветен кадар и проекти, туку има константен пад на рејтингот, блиски луѓе од Шекеринска тврдат дека таа е пред финална одлука да ја напушти партијата и да се пресели во Белград.“

За ова во Кодексот на новинари се вели:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот .(член 13)

Душан Славковиќ во книгата „Да се биде новинар“, укажува:

„Коментарот е јавно изразено или напишано мислење за внатрешниот склоп и последиците од еден актуелен настан или појава. Додека информативните жанрови (веста и извештајот) зборуваат за настанот, појавата, човекот, коментарот, пак, како најтипичен аналитички жанр, се прави по повод настанот, појавата, човекот.“

Не треба да се изуми ниту т.н. содржајност која е „калапена“ по мерка исклучиво на оцрнување на спомената личност, нешто како медиумски катиљ-ферман.

Значи, вистинитост – непроверена, извори на информации – непроверени, втора страна – нема, содржајност – плукачка, коментари – има, пристрасност – ептен, наслов – катастрофа од професионална гледна точка.

Дури ни таблоиди не би објавиле материјал со вакви компоненти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести