verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Зборник за деконструкција на наводните медиуми 

на 26. 07. 2017 | |
   

Зборникот, освен феноменот на политичка инструментализација, на многу стручен и компетентен начин, а, пред сѐ, и практичен, со конкретни примери, ги третира и линиите помеѓу професионализмот и слободата на говорот. Но, не само тоа. Третирани се и разни девијации во новинарството во Македонија какви што се: злоупотребата на изворите на информациите, а особено многу распространетиот феномен „копи-пејст новинарство“ и злоупотребата на авторското право од страна на интернет-медиумите –

Четиво кое обработува суштински проблематики на новинарството

на 26. 07. 2017 | |
    (Рецензија на зборникот „Професионално и одговорно новинарство“ од проектот „Сервис на проверка на фактите во медиумите„)   Проф. д-р Јасна Бачовска-Недиќ[1], Правен факултет „Јустинијан Први“ УКИМ, Институт за новинарство, медиуми и комуникации   
  1. За важноста на проблемот што го презентира и го обработува Зборникот
Во однос на поимот професионалност, од доктринарен аспект, битни се следниве аспекти за новинарот: стручноста, одговорноста кон публиката и автономијата. Прашањата за општествениот престиж и за

„Репортери без граници“: На 111. место, Македонија е „лошото момче на Балканот“

на 26. 04. 2017 | |
Париз, 26 април, 2017 – 9:56 (META)  – Најновиот извештај на „Репортери без граници“ ја рангира Македонија на 111. место според индексот на слобода и земјата ја нарекува „лошото момче на Балканот“. Според „Репортери без граници“, слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозијата на владеењето на правото е највидлива во Македонија. Оттаму нагласуваат дека клеветата била отстранета од кривичниот законик во 2012 година, но дека обвиненијата се

СЕММ оцени како основани 9 жалби на Фондацијата „Метаморфозис“

на 7. 04. 2017 | | sq
  Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), вчера, на 6 април, донесе девет одлуки по исто толку жалби поднесени од Фондацијата „Метаморфозис“, при што сите жалби беа оценети како основани. Жалбите се однесуваа на необјавување демант испратен до порталите „Курир“ (kurir.mk), „Лидер“ (lider.mk), „Македонија 24“ (makedonija24.mk), „Нетпрес“ (netpress.com.mk), „Пулс 24“ (puls24.mk), „Република“ (republika.mk), како и до телевизиските станици „Канал 5“, „Нова“ и „Сител.“ Демантите, кои „Метаморфозис“ ги испрати до сите овие медиуми, пак, се однесуваа на невистините за работата на Фондацијата, искажани на средба со медиумите од страна на групата што се нарекува „Стоп операција Сорос“, за која не е јасно што претставува, кого претставува и кој стои зад неа, со оглед на фактот што исти три лица

Втори април, Меѓународен ден на проверката на факти

на 2. 04. 2017 | | sq
Проверка на факти – светлина врз вистината. Фото: Pixabay   Втори април е промовиран како Меѓународен ден на проверката на факти од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти основана при Институтот „Поинтер“ од Сент Питерсбург, сојузна држава Флорида, САД, во соработка со организациите за проверка на факти во светот. Како што вели организаторот на настанот на својата веб-страница, „ова не е само обичен настан, туку верување дека повеќе

Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!

на 22. 03. 2017 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикасни во остварувањето на нивните мисии и во нивните напори за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција и заштитата на животната средина. Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било

Питер Померанцев: Во светот на постфактите иднината исчезнува

на 21. 02. 2017 | | sq
Питер Померанцев: Демагозите и популистите на гледачот му нудат непријатели и заговори. Фото: СПФМ  

Следи обраќањето на украинско-британскиот автор и новинар, Питер Померанцев, еден од најзначајните светски аналитичари и критичари на современата авторитарна пропаганда, кое преку видеоконференциска врска од Лондон го изнесе на Меѓународната конференција „Е-Општество: Проверка на факти и влијанието на новите технологии во општеството“. Таа се одржа во Скопје на 31 јануари 2017 година, во организација на

Се одржа меѓународната конференција „Е-Општество“ на тема проверка на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството

на 17. 02. 2017 | | sq
  Лажните вести претставени како факти, фикцијата како реалност и (зло)употребата на принципите и стандардите врз кои почива доброто новинарство беа тема на 12. меѓународна конференција „Е-општество.мк“: „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“, која се одржа на 31 јануари 2017 година, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“. На конференцијата се разговораше за важноста на проверката на фактите во медиумите и од аспект на борба против лажните вести и од аспект на почитување на стандардите во новинарството.   „Сервисот за проверка на факти во медиумите е одлична алатка за едуцирање на граѓаните да препознаат вистинити и квалитетни информации, а со тоа и да придонесат во демократизацијата на општеството“,  рече Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“.  Директорот на мисијата

Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија

на 8. 02. 2017 | |
  Проблематиката поврзана со правото на приватност недоволно се третира во Република Македонија, Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации содржат дискутабилни одредби кои можат да ја загрозат приватноста на граѓаните, не постои ефикасен надзор на процесот на следење на комуникациите, а медиумите ја надминуваат границата на пристојност и ја нарушуваат приватноста при објавување информации за јавни личности. Ова се генералните заклучоци од документот за јавни политики „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“, објавен од Институтот за комуникациски студии, чија цел е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности

Демант на лагите искажани од СОС за Фондацијата „Метаморфозис“

на 6. 02. 2017 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“ најостро ги осудува и ги квалификува како тешка лага и клевета и во целост ги демантира изјавите на претставниците на групата од три граѓани наречена „Стоп операција Сорос“ (СОС), искажани на прес-конференцијата на 4 февруари 2017 година. На прес-конференцијата беа изнесени лаги за „Метаморфозис“, вклучително и неточни обвинувања дека на сметки на фондацијата легнувале „милионски суми“ кои, наводно, биле користени за партиски активности и за цели на СДСМ. Најостро ги отфрлуваме ваквите клевети и навреди. Средствата на „Метаморфозис“ никогаш не биле и нема да бидат користени за активности на која било политичка партија. Ваквите конструкции и манипулации имаат цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми и да го нарушат угледот на „Метаморфозис“

Претплатете се за најнови вести