Актуелности

До кога медиумски силеџии неказнето ќе поттикнуваат насилство врз медиуми и новинари?

на 2. 05. 2014 | | sq
Илустрација: Alternate Theories Blog
  Фронтот за слобода на изразување уште еднаш најостро го осудува говорот на омраза од Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“, кој поттикнува на насилство кон критички медиуми и кон конкретни новинари, колумнисти и политичари. Потсетуваме дека пред неколку седмици Фронтот за слобода на изразување јавно го осуди силеџискиот атак на Миленко Неделковски врз учесници на јавна ТВ-дебата, со зборовите: „Дојде време за метак у чело. Нема друг лек. Мора да се исчистиме од баграта“. Сега истата јавна личност, на својот портал, објавува листа на медиуми, новинари и политичари, повикувајќи на „Сечење на чировите“: „… чирот се отстранува хируршки. Со скалпел, со оштро сечиво.“  Групата на именувани медиуми и новинари се наречени „куп на ПЕДЕРИ ШТО

Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

на 30. 04. 2014 | | sq
На 29 април 2014 г., Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД го објавија следново заедничко оопштение: Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

Промовиран прирачник за јавност во кривичната постапка

на 23. 04. 2014 | |
ОБСЕ во соработка со Јавното обвинителство го презентираа прирачникот за новинари што ќе им помогне во појаснувањето на новиот закон за кривична постапка. На презентација присуствуваше и врховниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој, за жал, си замина насред презентацијата и не ги дочека прашањата од новинарите. Резарта Шуц, шеф на отсек за владеење на право на ОБСЕ рече дека не е доволно правдата да се спроведува, туку тоа да се види во јавноста, а тоа треба да се направи преку медиумите. Тие се очите и ушите на јавноста кои постојано внимателно ја следат кривичната постапка Целта на прирачникот е до новинарите да ги доближи клучните карактеристики и промени кои произлегоа од новиот закон за кривична постапка и да им укаже

Претставувања на Ромите во медиумите од Македонија

на 8. 04. 2014 | |
По повод 8 април – денот на Ромите, потсетуваме на дел од рецензиите и анализите во кои се обработува односот на некои од медиумите кон оваа етничка заедница. Анализи и новинарски лекции
  • Визи, азил, човекови права: За казнувањето и дискриминацијата (3)
  • Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна: 1 дел и 2 дел
  • Од сегментирани информации до дезинформации
  • Русокосата Марија и притаениот расизам во нас
  • Да се објави или не?
  • Премолчувањето може да биде дискриминација
Рецензии
  • Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!
  • Рецензија: Ромите од Центар против тврдењата на експертите за зградата во албански стил
  • Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?
  • Рецензија: Кипарската полиција трага

Промовирана нова платформа за пријавување говор на омраза

на 2. 04. 2014 | | sq
Панел на промоцијата. Од лево кон десно: К. Синадиновска (СЕММ), Б. Јовановски (Нова ТВ), А. Кабранов (Либертас), Н. Чаловска, У. Пировска и Ј. Голубовска (Хелсиншки комитет) На 2 април 2014 година во Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја промовираше интернет платформата за мапирање на говор на омраза www.govornaomraza.mk. На промоцијата претставничките на Хелсиншкиот комитет истакнаа дека платформата има за цел да собере информации за говорот на омраза во јавниот простор и во медиумите, но и да ги поттикне граѓаните, медиумите и новинарите да пријавуваат говор на омраза за да може да се создаде слика за состојбите во Република Македонија. Со цел да се соберат информации од повеќе градови и локални средини покрај градот Скопје, формирани се

Ирена Мулачка од „Фокус“ со најдобра истражувачка сторија во 2013 година

на 25. 03. 2014 | | sq
Добитничките на наградите „Никола Младенов“ за 2013 (од лево кон десно) Ирена Мулачка и Менче Атанасова Точи, со претставничката на Петре Димитров и Сашка Цветковска Сторијата за комплицираните операции на катаракта во Градската болница, со кои им е оштетен видот на педесетина пациенти е првонаградена на конкурсот “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Серијата текстови на новинарката Ирена Мулачка се објавени во неделникот „Фокус“. Менче Атанасова Точи, новинарка во порталот „Нова ТВ“ е добитничка на втората наградата за серијата прилози посветени на алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци. Третата награда ја освои Томислав Кежаровски за текстовите поврзани со истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, објавени во дневниот весник „Нова Македонија“. Годинава стручното жири

Ердоган го забрани Твитер, ама во Турција, сепак, се твита #TwitterIsBlockedInTurkey

на 21. 03. 2014 | | sq
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, го забрани Твитер во земјата, откако беа објавени линкови до снимки со разговори што ја потврдуваат корупцијата за време на изборите.  
  • Поддржете го протестот против забраната на Твитер во Турција и помогнете да се пробие блокадата со користење на хаштагот  #TwitterIsBlockedInTurkey.
  Европската унија ја осуди блокадата на меѓународната платформа за микроблогирање, која има околу 650 милиони корисници ширум светот, нарекувајќи ја „неоснована и кукавичка“. Турските власти велат, пак, дека забраната е направена легално, со помош на судот кој оценил дека треба да се блокира мрежата како „безбедносна мерка“. Низ светските медиуми се врти познатата изјава на Ердоган, кој вели: „Не ми е гајле што вели меѓународната заедница за ова. Секој ќе ја види

Усилена сензационалност која тиражот го става над информирањето, превентивните мерки и заштитата од дискриминација

на 19. 03. 2014 | |
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА остро реагира на написот објавен во весникот „Дневник“ од 19 март 2014 година, со наслов „ Алармантно ширење на ХИВ: од 11 нови случаи, осум се од врска на маж со маж“ поради следниве причини: – Демантираме дека ХЕРА учествувала во наведеното истражување и известуваме дека главните информации на кои се темели текстот сѐ уште не се публикувани. – Бројката на лица со ХИВ во објавената вест е далеку од алармантна, имајќи предвид дека се работи за истражување со кое целно се интензивира тестирање за ХИВ во рамки на група која е од особен ризик за ХИВ (односно кај мажите кои имаат секс со мажи), што е во согласност со

Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија

на 19. 03. 2014 | | sq, en

Од февруари 2014 во Република Македонија стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа. Со измените на Кривичниот законик кои Собранието по итна постапка ги усвои на почетокот на 2014 година и стапија во сила во средината на февруари (осум дена по нивното објавување во Службен весник на Р. Македонија, бр. 27 од 05.02.2014 година) членот 319 сега гласи: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост
врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други

Дебата „Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

на 10. 03. 2014 | |
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 13 март 2014 (четврток), во Клубот на новинари, со почеток во 11.30 часот, организира дебата:

„Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

Во  дискусијата  што  ќе  ја  модерира  новинарот  Саше  Димовски,  како  панелисти  ќе учествуваат: адвокатот  Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“,  Јадранка Костова и  претседателот  на  Здружението  на  новинарите  на  Македонија  (ЗНМ),  Насер Селмани. Очекуваме  присуство  на  судиите  кои  ги  водат  предметите  за  навреда  и клевета во Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и нановинари, експерти за медиуми, и претставници од граѓанскиот сектор кои се занимаваат со човековите права и слободата на изразување. На  дебатата  ќе  биде  презентиран  првиот 
СТРАНА 10 of 12« ПРВА...89101112