verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

on 30 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

На 29 април 2014 г., Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД го објавија следново заедничко оопштение:

Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

„Претставниците на САД и ЕУ ги поздравуваат граѓаните на оваа земја кои го искористија своето право на глас на парламентарните и претседателските избори што се одржаа на 27-ми април, 2014 г.

Ја пренесуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во однос на ефективното управување со овие избори. Потребно е да се обрне внимание на загриженоста што тие ја изразија во врска со пристрасното медиумско известување и мешањето на државните и партиските активности без да се обезбеди простор за рамноправен натпревар, слично како во 2011 и 2013 година. Во овие напори мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада, ангажирајќи се во конструктивен дух со опозицијата. Тие мора да обрнат внимание не само на техничкото управување со овие избори, туку и на какви било недостатоци и неправичности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес.

Ги повикуваме лидерите на сите политички партии да се ангажираат конструктивно во реформите што ќе придонесат за процесот на евро-атлантските интеграции. ЕУ и САД остануваат партнери на земјата во овие напори“.

Извор: Амбасада на САД во Македонија „Joint Statement by the Delegation of the European Union and the U.S. Mission“ 29 април, 2014.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести