verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ирена Мулачка од „Фокус“ со најдобра истражувачка сторија во 2013 година

on 25 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Добитничките на наградите „Никола Младенов“ за 2013 (од лево кон десно) Ирена Мулачка и Менче Атанасова Точи, со претставничката на Петре Димитров и Сашка Цветковска

Сторијата за комплицираните операции на катаракта во Градската болница, со кои им е оштетен видот на педесетина пациенти е првонаградена на конкурсот “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Серијата текстови на новинарката Ирена Мулачка се објавени во неделникот „Фокус“.

Менче Атанасова Точи, новинарка во порталот „Нова ТВ“ е добитничка на втората наградата за серијата прилози посветени на алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци. Третата награда ја освои Томислав Кежаровски за текстовите поврзани со истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, објавени во дневниот весник „Нова Македонија“.

Годинава стручното жири додели и две пофалници за исклучителен новинарски ангажман. Новинарката Сашка Цветковска доби признание за примената на нови техники при истражување податоци на Интернет, во врска со сторијата за имотот на првиот човек на тајната полиција, објавена на Интернет порталот „Нова ТВ“. Новинарот Петре Димитров доби пофалница за обемниот серијал посветен на штитеничка во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, објавено на порталот „Е–Магазин“.

На годинешниот конкурс се пријавија 21 автор, со вкупно 29 стории обработени во 91 текст/прилог кои беа објавени во дневните весници и Интернет портали. Целосниот извештај на независната жири комисија која го направи изборот на најдобрите истражувачки стории за 2013 година е прикачен во прилог.

Извештај на Комисијата за избор на најдобрите истражувачки стории за наградата „Никола Младенов“ во 2013 година

Извор: МИМ. (25.03.2014.) Ирена Мулачка од „Фокус“ со најдобра истражувачка сторија во 2013 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести