verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промовиран прирачник за јавност во кривичната постапка

on 23 - 04 - 2014       

ОБСЕ во соработка со Јавното обвинителство го презентираа прирачникот за новинари што ќе им помогне во појаснувањето на новиот закон за кривична постапка. На презентација присуствуваше и врховниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој, за жал, си замина насред презентацијата и не ги дочека прашањата од новинарите.

Резарта Шуц, шеф на отсек за владеење на право на ОБСЕ рече дека не е доволно правдата да се спроведува, туку тоа да се види во јавноста, а тоа треба да се направи преку медиумите. Тие се очите и ушите на јавноста кои постојано внимателно ја следат кривичната постапка

Целта на прирачникот е до новинарите да ги доближи клучните карактеристики и промени кои произлегоа од новиот закон за кривична постапка и да им укаже на судските известувачи, кои права никој не смее да им ги ускрати, објаснуваат авторите главниот обвинител за организиран криминал Јован Илиевски, апелацискиот судија Зоран Димитриевски и новинарот Саше Димовски.

 

Претплатете се за најнови вести