verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Метаморфозис“ стана прва членка на ИФЕКС од Македонија

on 13 - 06 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

ifex-logo-white-345x200

Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје стана членка на една од најголемите мрежи за слобода на изразување, ИФЕКС (www.ifex.org).  Станува збор за акциска мрежа, која сега има 88 членки во 60 земји, при што најголем дел од нив се во земјите во развој. Ве регионов мрежата има по една членка во Србија и Албанија (а од денес и од Македонија) и по две членки во Романија и Турција.

Мрежата се обидува да го сврти вниманието кон настани и случки што влијаат врз слободата на изразување и преку своите канали, но и преку градење коалиции, работни групи, заеднички изјави, петиции и други активности со цел да се предизвикаат позитивни промени. Мрежата, исто така, организира конференции, работилници и објавува ресурсни материјали за да ги засили капацитетите на своите членки.

ИФЕКС во минатото има спасувано животи на борците за слобода за изразување ширум светот, врши притисок врз владите да ги напуштат законите кои се опресивни и пружа поддршка, како и контакти за изолираните индивидуи и групи да можат да се приклучат и да лобираат за слободата на изразување.

Идејата за создавање на глобална мрежа на организации за заштита на слободата на изразување првпат е предложена во 1992 година во Монтреал, Канада, со цел да се координираат активностите на различните организации. Во периодот од 1993-96 мрежата се консолидира на начин да може да им помага на земјите во развој, а од 2007 година се развиени стратешки кампањи и програми за поддршка.

Претплатете се за најнови вести