Актуелности

Балкански медиумски барометар: Македонија 2013

на 21. 10. 2013 | |
На 22 октомври 2013, вторник, 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје Фондацијата „Фридрих Еберт“ ја претстави публикацијата „Балкански медиумски барометар: Македонија 2013“, реализирана во соработка со НВО „Јавност“. Медиумските барометри се инструменти за самопроценка кои овозможуваат мерење на статусот на слободата на изразување и, воопшто, слободата на медиумите во национален контекст. Според информацијата од Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје: Медиумскиот барометар што за првпат е спроведен во Македонија произлезе од панелот на кој учестуваа новинари и претставници на невладиниот сектор кои ги оценуваа состојбите во медиумската сфера. Панел-експертите од Македонија дискутираа и оценија листа од 44 показатели засновани врз стандарди утврдени во европските документи, повеќето од нив усвоени од Советот на Европа. Публикацијата е достапна на македонски, албански

Најпопуларни вести на македонскиот интернет – 17.09.2013

на 17. 09. 2013 | | sq
.   (ИСМВ Mediasense, 17.09.2013) – Ова се петте најпопуларни вести на македонскиот интернет во изминатите 72 часа според бројот на Фејсбук активности што ги имаат генерирано.   А.) Листата опфаќа генерални вести од сите рубрики (без рубриките Забава и Спорт), а вклучени се вести од 120 портали од најразлични провениенции:   1. Јохан и Соња се венчаа во Св. Јован Бигорски 573 допаѓања – 16 споделувања – 17 коментари – 16.09.2013 – Курир 2. Правењето ајвар пред зграда не е казниво само на електричен шпорет 259 допаѓања – 47 споделувања – 99 коментари – 16.09.2013 – Прес 24 3. Мега апсење во Скопје: Падна првиот човек на Вељаноски за шпионажа 276 допаѓања – 46 споделувања – 73 коментари – 16.09.2013

Најпопуларни вести на македонскиот интернет – 13.09.2013

на 13. 09. 2013 | | sq
(Mediasense ИСВМ, 13.09.2013) – Ова се трите најпопуларни вести на македонскиот интернет во изминатите 72 часа според бројот на Фејсбук активности што ги имаат генерирано. Листата ги опфаќа вестите од сите рубрики освен Забава и Спорт, а вклучени се вести од 120 портали од најразлични провениенции: 1. Македонци, јебали сте матер кошарци! 959 допаѓања – 255 споделувања – 157 коментари – објавено 12.09.2013 – Бркај работа 2. Колумната на Путин за Њујорк Тајмс 850 допаѓања – 223 споделувања – 65 коментари – објавено 12.09.2013 – Off.net.mk *3. По четири години во кома се врати во училиште – запознајте го детето херој од Струга 824 допаѓања – 45 споделувања – 34 коментари – објавено 11.09.2013 – Прес 24   Поединечни категории:

Фронтот за слобода на изразување бара повлекување на медиумските закони од собраниска процедура

на 27. 08. 2013 | | sq
Фронтот за слобода на изразување бара од Собранието на Република Македонија, да ги повлече од процедура предложените закони: закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи.

АПЦ: Македонската влада презема чекори за ограничување на слободата на говорот на интернет и зголемување на државната контрола врз медиумите

на 5. 07. 2013 | | sq, en
Македонија е една од многуте земји во кои граѓаните се борат за демократија и против мерките за контрола на медиумите и ограничување на слободата на изразување и пристап до информации на (и надвор од) интернет. Најнова мерка е предложениот Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со кој ќе се бара сите медиуми – и печатени и на интернет, да се филтрираат преку централизирана владина агенција со што всушност ќе и се овозможи на владата законски да филтрира и да цензурира содржини. На 8-ми април 2013 година, македонскиот министер за информатичко општество и администрација ја претстави нацрт-верзијата на законот и најави 60-дневен период за јавни консултации, кој формално би завршил на 8-ми јуни. За време на развивањето на оваа прва

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

на 5. 07. 2013 | | sq, en
Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија. Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на интернет. Ова е неоправдано и непотребно и во голема мера ги надминува условите на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги 2010/13/ЕУ. Понатаму, премногу широките дефиниции (на пример, концептот новинари) и нејасни формулации создаваат ризик и можност за произволни толкувања од страна на државните регулатори, со што би се зголемил ризикот од поткопување на слободата на изразување. Подготовката на законот се одвиваше без ефективни консултации со релевантните

Објавена анализата „МРТ – Јавен сервис на граѓаните?“

на 16. 04. 2013 | |
НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал. Основната цел на оваа анализа насловена како „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ (PDF) е да утврди дали и колку МРТ ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија. Анализата на МРТ се состои од две компоненти: анализа на правно-административната поставеност на МРТ и на внатрешните процедури и анализа на програмите на МРТ1, МРТ2 и на Собранискиот канал. Овој документ, покрај деталната анализа на работењето на
СТРАНА 12 of 12« ПРВА...89101112