verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

НВО Инфоцентар: Конкурс за новинарски стории

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Konkurs-STORII-300x250НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“  поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, распишува конкурс за новинарски стории.

Новинарските стории треба да се однесуваат на некоја од следниве теми: демографија, миграции, попис, избирачки список.

Предложените стории треба да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и етика и да содржат елементи на аналитика и на истражување. Секоја од предложените стории не треба да биде подолга од 3.500 зборови.

Пожелно е текстовите да бидат подготвени во соработка или во партнерство со  граѓански организации, иницијативи, активисти.

Право на учество на овој конкурс имаат сите новинари во Република Македонија. Најквалитетните предлози ќе бидат селектирани и поддржани за реализација. Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози, но на еден кандидат може да му биде одобрен само еден предлог.

Предложените стории треба да бидат подготвени во периодот април – мај 2016 година. НВО Инфоцентарот и партнерските организации (Центар за развој на медиуми, Македонски центар за европско образование и 8 Септември) ќе обезбедат техничка и експертска поддршка за подготовка и за објавување на селектираните предлози за новинарски стории.

Конкурсот е отворен до 16 март 2016 година. Селекцијата на предлозите ќебиде направена најдоцна до 31 март 2016 година.

Паричниот надомест на трошоците за новинарската сторија изнесува најмногу 22.000 денари (бруто).

Кандидатите заедно со формуларот за пријавување треба да достават и своја кратка биографија, како и најмалку две претходно објавени новинарски стории.

Формуларот за пријавување заедно со биографијата и со примероците од претходно објавените новинарски стории, кандидатите треба да ги достават исклучиво во електронска форма на електронска адреса: contact@nvoinfocentar.org.mk, со назнака „Конкурс за новинарски стории“.

Формулар за пријавување:  Апликација за новинарски стории 2016

Извор: НВО Инфоцентар. (7.3.2016 г.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *