verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!

on 22 - 03 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

logo-meta-mk-002

 

Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикасни во остварувањето на нивните мисии и во нивните напори за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција и заштитата на животната средина.

Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било поврзаност на Фондацијата „Метаморфозис“ со насилство, претставуваат груба манипулација и искривување на вистината.

„Метаморфозис“ не организира обуки за протести, туку работи во согласност со својата мисија, придонесувајќи за развој на демократијата и за подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Фондацијата секогаш работи во согласност со законите на Република Македонија.

Повикувајќи се на член 16 од Уставот на РМ, со кој се гарантира правото на одговор и на исправка во средствата за јавно информирање, како и на позитивните законски прописи, вклучително и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, „Метаморфозис“ бара од посочените и од другите медиуми да го објават овој демант во целост, на исто место и со исто времетраење како и горенаведените лаги и манипулации.

Фондација „Метаморфозис“

22. 03. 2017

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *