verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија

on 8 - 02 - 2017       

Untitled

 

Проблематиката поврзана со правото на приватност недоволно се третира во Република Македонија, Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации содржат дискутабилни одредби кои можат да ја загрозат приватноста на граѓаните, не постои ефикасен надзор на процесот на следење на комуникациите, а медиумите ја надминуваат границата на пристојност и ја нарушуваат приватноста при објавување информации за јавни личности.

Ова се генералните заклучоци од документот за јавни политики „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“, објавен од Институтот за комуникациски студии, чија цел е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.

Врз основа на направената анализа, утврдени се следните главни заклучни констатации:

  • Надзорот над следењето на комуникациите не е ефикасен, не претставува коректор на работењето на органите кои ги следат комуникациите, не се одвива во континуитет преку воспоставена практика и е подложен на партиски и на политички влијанија.
  • Законот за заштита на приватноста не понуди издржани законски решенија, а последните случувања со објавување разговори со исклучително приватна содржина, покажа дека Законот не се почитува целосно во практика.
  • Во однос на медиумското објавување и пренесување во јавноста на содржината на телефонските разговори од незаконското следење на комуникациите, впечатокот е дека во одредени моменти се премина границата на пристојноста и минимум почитување на приватноста, а доминираше сензационализам.

Документот за јавни политики „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ се реализира во рамките на проектот „Зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија за изразување на јавниот интерес“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Претплатете се за најнови вести