verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наменско толкување на Уставот

on 8 - 02 - 2017       

pres 24

[Рецензија: Претседателот Иванов ја фрли бомбата]

 

Непоткрепеност и произволност се основни карактеристики на овој материјал. Во него се забележуваат обиди за некаква одбрана на претседателот Ѓорѓе Иванов и на неговата одлука за условување на тоа кому ќе го додели мандатот. Кога ќе се додаде и наменското толкување на Уставот, тогаш ситуацијата станува дури урнебесна, особено по објаснувањето што значи „мнозинство“.

 1111Линк до оригиналниот напис: Претседателот Иванов ја фрли бомбата

 Датум и време на објавување: 02.02.2017, 12:00

 Датум на рецензирање: 06.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ДА СЕ ОДБРАНИ НЕОДБРАНЛИВОТО

 В раце држиме одбрана на неодбранливото, попусто потрошени зборови за некакво оправдување на двојните стандарди на Ѓорѓе Иванов при решавањето кому и дали ќе го додели мандатот за составување влада. Интересно, целото писание се темели на неименувани, виртуелни извори на информации. Со други зборови, сериозни формулации кажани без покритие. „Аналитичари и експерти“ не се доволни за забрзан курс по уставно право што ни се продава во овој напис.

„Обидите на дел од политичките партии, неспособноста да формираат влада да ја префрлат врз претседателот пропадна, откако вчера Иванов јасно им порача дека ако сакаат Влада да си соберат 61 мандат“.

Но, прашање е  зошто Иванов не му порача на Груевски на 9 јануари прво да собере 61 пратенички потпис, па да бара мандат. Одговорот, ако така може да се нарече, ни се нуди на крајот на текстот. Во најмала рака, објаснувањето е шеговито:

„…Претседателот Иванов беше ставен во ситуација во која мораше да постапи онака како што постапи, велат експертите. Според нив, тој имаше рок од 10 дена во кој мораше да го даде мандатот на партијата која што има мнозинство во Собранието. Рокот од 10 дена изминуваше, а мнозинство во Собранието имаше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мнозинство не беше апсолутно со 61 пратеник, но такво мнозинство не бараше ниту Уставот но затоа имаше јасно пропишан рок од 10 дена во кој Иванов мораше да делува“.

Невистина! Уставот во членот 90 е јасен во делот за мнозинството:

„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“ (Устав на РМ)

 

НЕВИДЛИВИ ЕКСПЕРТИ

Но, еве, ако некој експерт смета дека вака може да си го објаснува терминот „мнозинство“, тогаш зошто не е прецизиран, именуван, за да се види кој е тој што така го чува Уставот.

Поточно, впечатокот е дека некој зад фразата аналитичари сака да се камуфлира коментар:

„Одредени аналитичари коментираат дека целата дебата со фамозниот мандат и тоа на кого Претседателот треба да му го додели е приказна за дефокусирање на јавноста од вистинските преговори меѓу партиите, односно од одговорите кои политичарите треба да им ги дадат на граѓаните, околу тоа, што се нуди и што се прифаќа за формирање на одредена коалиција“.

Ваквиот пристап се коси со член 13 од Кодексот на новинарите, кој укажува дека:.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Само за пример, ќе покажеме како се сработува материјал со вистински соговорници и со вистински експерти:

Нов скандал: Иванов си додели царски овластувања!  (Дојче веле, 02.02.2017)

Иванов се стави над сите, руши Устав и Собрание  (Слободен печат, 02.02.2017)

Борче Давитковски: Иванов ги пречекори овластувањата  (Телма, 01.02.2017)

Е, така требало…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести