verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политичката острастеност е канцер за новинарството

on 8 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

vecer

[Рецензија: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија, ќе беше сосема во ред доколку го прочитавме во категоријата „Мислења“. Така ќе беа прифатливи сите коментари и оценки. Па дури и квалификациите и осудувањата на ставовите и на постапките на личностите што се спомнуваат во текстот ќе беа прифатени како лични оценки, иако и тоа е недолично во јавната комуникација. Особено како во овој пасус:

„Тоа е како СДСМ да преговара сам со себе, а патем овие луѓе спаѓаат во најкорумпираниот дел од ДУИ“.

Членот 11 од Кодексот на новинарите јасно препорачува:

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.

Да оквалификувате некого како „најкорумпиран“, треба да имате сериозни и опипливи аргументи. Особено ако таков текст се објавува во рубриката „Македонија“ во која, сосема според стандардите, се очекуваат текстови во кои има воздржаност од коментари или, пак, ако има, тогаш тие се јасно издвоени од новинарскиот извештај.

Впрочем, кодексот на новинарите го предидел и тоа и затоа, во членот 13, препорачал:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

02072017-Vecer-PregovoriЛинк до оригиналниот напис: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!

Датум и време на објавување: 06.02.2017, 16:23

Датум на рецензирање: 08.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

НЕДОЛИЧНИ И НЕАРГУМЕНТИРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Овој текст е полн со коментари, недолични и неаргументирани квалификации за поединци и со напади на новинари за изнесени лични мислења во јавна дебата.

„Опозиционерката Блажевска, поради гнев од ваквите анализи на ДУИ со цинизам реплицираше дека партијата ја релативизира реалноста“.

И во однос на оваа отстапка од професионалните етички стандарди во овој текст, повторно ќе се повикаме на новинарскиот кодекс и на членот 10:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Овие отстапки од правилата на доброто новинарство како да не биле доволни и за да се засилат, во текстот е вметната и една изјава на еден шпански професор кој во претходните денови за еден друг медиум го толкуваше македонскиот Устав во делот на овластувањата на претседателот на нашата држава поврани со изборите. И тоа ќе беше во ред да не беше овој шпански екпсерт ставен само во контекстот на интересите на само една политичка партија. Тоа му додава црта на политичка пристрасност, а членот 14 од Кодексот инсистира известувањето од политичките процеси, особено од изборите, да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести