verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

СЕММ оцени како основани 9 жалби на Фондацијата „Метаморфозис“

on 7 - 04 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

semm-logo-transparent-fsdgsfgfdgdg

 

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), вчера, на 6 април, донесе девет одлуки по исто толку жалби поднесени од Фондацијата „Метаморфозис“, при што сите жалби беа оценети како основани.

Жалбите се однесуваа на необјавување демант испратен до порталите „Курир“ (kurir.mk), „Лидер“ (lider.mk), „Македонија 24“ (makedonija24.mk), „Нетпрес“ (netpress.com.mk), „Пулс 24“ (puls24.mk), „Република“ (republika.mk), како и до телевизиските станици „Канал 5“, „Нова“ и „Сител.“

Демантите, кои „Метаморфозис“ ги испрати до сите овие медиуми, пак, се однесуваа на невистините за работата на Фондацијата, искажани на средба со медиумите од страна на групата што се нарекува „Стоп операција Сорос“, за која не е јасно што претставува, кого претставува и кој стои зад неа, со оглед на фактот што исти три лица постојано говорат во име на овој нерегистриран и непостоечки ентитет, кој дури не е ни во фаза на регистрација, како што потврди и Централниот регистар на Република Македонија.

СЕММ во образложението на својата одлука се повикува на членот 3 од Кодексот на новинарите на Македонија, во кој се вели дека новинарот треба да настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и на одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата, но уште повеќе на членот 16 од Уставот на Република Македонија, поточно на ставовите 4 и 5, во кои јасно се вели дека правото на одговор и правото на исправка во средствата за јавно информирање се загарантирани.

Медиумите се должни да ја објават одлуката на СЕММ во рок од три дена според правилникот за работа на Комисијата за жалби при Советот, а доколку тоа не се случи, тогаш оваа Комисија ќе преземе дополнителни мерки.

Претплатете се за најнови вести