verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Средба со медиумите на албански јазик денес во Македонија

on 1 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Десетина новинари од неколку медиуми, онлајн и пишани, национални и локални телевизии, учествуваа на средбата „Албанските медиуми денес во Македонија“, што беше организирана од Фондацијата „Метаморфозис“.

Целта на ова средба беше промовирање на Проектот  за проверка на факти во медиумите и неговата важност, особено придонесот што ја дава оваа иницијатива со цел да се зголеми свеста на јавноста за професионалното новинарство, но и како помошна алатка за самите медиуми за почитување на новинарските стандарди.

На средбата се диксутираше околу реалноста на албанските медиуми во Македонија, при што, од присутните новинари и уредници, во фокусот беа постигнувањата, но и предизвиците на новинарството на албански јазик во Македонија. На средбата се дискутираа и заедничките чекори за да се овозможи натамошен развој на медиумите.

Средбата беше организирана со поддршка од УСАИД, во рамките на активностите на Фондацијата Метаморфозис.

Претплатете се за најнови вести