verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверена приказна, пренесена како неприкосновена вистина

on 30 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___think.mk_pregled_nikola-tod-crop-resizde

 

[Рецензија: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!]

 

Овој напис ја дезинформира јавноста дека министерот за здравство ја напушта функцијата, а него ќе го замени пратеник од редовите на владејачката партија. И, тоа го прави уште со самиот наслов во кој тврди: „Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер“, што подоцна се покажа неточно.

http___think.mk_pregled_nikola-todЛинк до оригиналниот напис: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!

Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11

Датум на рецензирање: 27.10.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

За што, всушност, станува збор?

Текстот се повикува на друг медиум – има и линк, но проблемот е во тоа што не ја проверува веста. Се потпира само на (дез)информациите до кои дошол порталот, кој, пак, користи неофицијални и анонимни извори. Имено, веб-страницата од каде што е преземена веста, врз основа на раскажувањето на неименувани „високи партиски извори“, тврди дека изминатиот викенд (24-25 октомври ) во ВМРО-ДПМНЕ се случувала драматична внатрепартиска караница. при тоа, премиерот Груевски, наводно, му рекол на Тодоров:

„…во понеделник да си ги спакува работите и да си замине од министерството…“

 

„…и дека нов министер за здравство ќе биде досегашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов.“

Оригиналниот текст не нуди докази за ваквите наводи, туку само шпекулира.

Дополнително, како поткрепа на приказната што ја плете, посочува копија од официјален документ, оставката на Ромео Тренов која за време на викендов пристигнала во Собранието“. Меѓутоа, споменатиот пратеник ја депонирал оставката во парламентот поради заминување на сосема друга функција – независен член на Одборот на директори на новоформираното акционерско друштво „Водостопанство“.

Материјалот што го рецензираме, пак, не се ни обидел да ја провери целата приказна, туку ја пренел како неприкосновена вистина. Спак, излезе дека е во прашање неточна информција.

Непрофесионален потег што се коси со стандардите на етички исправното новинарство кои налагаат:

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (прв амандман  од новинарскиот Кодекс)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор и извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести