verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Факти удавени во „поплавите“ во Стајковци

on 10 - 11 - 2016       

fireshot-capture-112-stajkovci-pak-pliva-vo-voda-a-vlasta_-http___fokus-mk_stajkovtsi-pak-pli

[Рецензија: „Стајковци пак плива во вода, а власта си свирка и чека избори“]

Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи алудира на тоа дека жителите на Стајковци повторно се поплавени поради врнежите на 8 ноември годинава и дека власта не презела ништо за да им помогне, бидејќи е окупирана со претстојнте избори.

Самиот текст е, всушност, нешто што треба да биде вест, базирана единствено врз ФБ-статус на граѓански активист и веќе политичар, без никаков новинарски напор да се проверат фактите за она што се тврди во насловот и во главата од веста.

Патем, ваквото тврдење изнесено уште во насловот на текстот, за само еден-два часа за други медиуми го демантираа жителите од Стајковци, кои изјавија дека, освен вода по улиците немале проблеми со поплавување на дворовите и на домовите, како што беше случај со големото невреме кое овој регион го зафати летото и кога имаше жртви и големи материјални штети.

fireshot-capture-111-stajkovci-pak-pliva-vo-voda-a-vlasta_-http___fokus-mk_stajkovtsi-pak-pliЛинк до оригиналниот наслов: Стајковци пак плива во вода, а власта си свирка и чека избори

Датум и време на објавување: 08.11.2016

Датум на рецензија: 10.11.2016

Рецензент: Силвана Жежова

Една фотографија објавена на социјалните мрежи не може да биде единствен и доволен доказ за да се тврди дека Стајковци е поплавено. За утврдување на фактичката состојба, сепак се потребни други извори кои во текстот воопшто ги нема. Иако Стајковци е, де факто, во Скопје, нема новинарски напор преточен преку испраќање репортер на терен, со намера да се провери веста, нема изјави од други граѓани, нема проверка од институции.

Фотографијата објавена од активистот Павле Богоевски е само индикатор за да се проверат фактите. Можеби е вистинита, ама од нејзе не може премногу да се заклучи, ниту да се вадат генерални оценки за целото село ниту, пак, да се става таков наслов.

Можеби е вистинита и е пласирана за да се сврти вниманието на јавноста кон проблемот со обесштетувањето кој овие жители го имаат уште од претходната поплава, а можеби и не е вистинита и е ставена од невнимание, некој му ја подметнал, да речеме, или, пак, со намера, бидејќи, да не заборавиме, кога ја објави фотографијата и коментарите, Павле Богоевски веќе два дена се наоѓа на кандидатска листа за пратеник во Собранието на РМ од страна на СДСМ.

Како што може да се заклучи, еден куп можности стојат како објаснување зад споменатата фотографија, а медиумите имаат морална и професионална обврска да ги проферуваат фактите. Наместо тоа, фејсбук-статус на граѓански активист и (иден) политичар се зема како потврден факт:

„Стајковци повторно е поплавено по обилните дождови што го зафатија скопскиот регион утрово. За ова сведочи фотографијата, објавена пред малку на Фејсбук профилот на Павле Богоевски, граѓански активист“.

Во текстот, покрај за „поплавеното“ Стајковци, се пренесува и друго тврдење на Богоевски за други прашања поврзани со августовските трагични поплави:

„Во меѓувреме, ДПМНЕ ја задолжи нашата држава со дополнителни 36 милиони евра за штетите од поплавите. Со тие пари: Се исплаќа минимални средства за обесштетување, кои не ги покриваат ниту основните трошоци. Исплатени се помалку од четвртина од оштетените. Не се санира каналската мрежа. Се вршат исплати по партиска линија. Парите се користат за финансирање на фирмите блиски до партијата, преку договори во четири очи“.

Ниту за ова во текстот не се гледа ниту еден новинарски напор да се проверат фактите. Да заклучиме – имаме ФБ-статус, врз основа на тоа се прави текст со автентичен наслов, има воведна реченица како класична глава на вест, а потоа сè е оставено на тврдењата на субјетктот од кого е преземен статусот.

Ова се коси со проофесионалните и со етичките стандарди. Статус или фотографија објавени на социјалните мрежи не можат да бидат доволни за од нив да произлезе новинарски текст во кој било жанр, особено не во основниот – вест. Тие можат да бидат добар индикатор и аргумент плус, за новинарот понатаму да ја утврди фактичката состојба и да користи извори и докази за да се поктрепи изнесеното тврдење.

Во спротивно, текстот е нецелосен, без утврдена виистина, т.е. факти и може да го дезинформира читателот, како што е сторено во овој случај. Една слика, сепак не е илјада зборови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести