verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Пример за одличен новинарски текст

на 10. 11. 2016 | |

[Рецензија: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален]

Како солиден новинарски текст изгледа овој што го рецензираме. Односно, секој квалитетен напис има глава и опашка – и секако, месо помеѓу. Се подразбира дека таквиот текст мора да биде објективен, професионален, содржаен, но ништо помалку важно не е ниту доброто и читко пишување, граматички исправните реченици и разбирливото пренесување на работите, за текстот да биде четиво за читателите од 17 до 77 години.   Линк до оригиналниот напис: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален Датум и време на објавување: 08.11.2016 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ТЕКСТ СПАСТРЕН УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ Текстот почнува според новинарските правила. Има глава во која сублимирано е

Шпекулативен и навредлив материјал

на 8. 11. 2016 | | sq

[ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!]

  Станува збор за тенденциозен материјал со премногу шпекулации и без веродостојни извори. Понудените „сигурни“ информации за тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наводно, „наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!“, кои се пласираат уште во насловот, не се поткрепени со факти. Можеби Грувески навистина бил лут поради сообраќајниот инцидентот на Спасов, но овој едностран и навредливо интониран текст не нуди докази и прецизни извори на информации, за да може читателите да веруваат дека приказната што им се сервира е

Истражувачките новинари не веруваат никому освен себеси

на 8. 11. 2016 | |
    Што му значи на некој човек ако кажете 500 милиони евра? Кој има толку пари? Никогаш читателот толку пари не фатил в рака, затоа и му се далечни. Но, кога тоа ќе го сведете на работи кои му се блиски, полесно ќе го прифати податокот и ќе разбере за колкава сума се работи.   Основното правило на новинарите кои работат истражувачко новинарство во Србија е работа, работа и

Во новинарството сè уште живее професионализмот

на 4. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: Панчевски за НОВАТВ: Не паметам дека сум влијаел на судии]

Ретко во македонските медиуми сме навикнати да читаме текстови кои се направени целосно или приближно целосно, според сите новинарски стандарди. Сепак, дека професионализмот е сè уште жив, покажува и овој текст, кој оправдано заслужува позитивна рецензија. Тоа значи дека написи според професионалните стандарди можат да се пишуваат, ем и притоа да бидат читани. Ова го споменуваме зашто најчеста оправданост за непрофесионалноста во кој било поглед, особено за сензационалистичките наслови или дури и текстови, е токму читаноста – демек тоа било рецептот за успех.   Линк до оригиналниот напис: Панчевски за НОВАТВ: Не паметам дека сум влијаел на судии Датум и време на објавување: 03.11.2016, 8:45 Датум на рецензирање: 

Со „лепенки“ составуван текст за да се оцрни министер

на 3. 11. 2016 | | sq
   

[Рецензија: (НОВИ ДЕТАЛИ) ДРУГАРОТ НА ТОДОРОВ БИЛ ФАТЕН И СО КОКАИН ПОКРАЈ МАРИХУАНАТА]

  Ова е текст кој е несодржаен, што се гледа уште на прв поглед. Воопшто нема новинарски пристап и не се запазени правилата за подготовка на текст. Некој, наводно, вработен во министерство, наводно, бил фатен со дрога…. Ако идејата била да се омаловажи некој министер со полувистини или целосни невистини, текстот ќе го постигне ефектот, со оглед на тоа што на социјалните мрежи тие имаат голем импакт, па поради тоа и се споделуваат масовно. Ако, пак, од текстот се бара професионалност, што подразбира објективност и вистинитост, тоа нема да го најдеме или, во најмала рака, би се откажале уште на самиот почеток на таквата „истрага“.

Непотребно и неетичко нагласување на етничкиот идентитет

на 1. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: Осудени криминалци го нападнале Диме Спасов]

  Текстот игра на опасна карта преку потенцирање на идентитетот на наводно осомничени Албанци кои го бркале министерот Диме Спасов. Оваа практика, пак, со нагласување на етничкиот идентитет на осомничените, во случајов Албанци беше скоро напуштена во медиумите по 2001 година, но сега, посебно пред изборите, таа се засилува што е доста индикативен момент. Опасноста да се игра на линија на етничка нетрпеливост посебно во состојба која е на работ на ескалација поради политичката криза воопшто не е одговорен чин на еден медиум. Наспроти ова текстот неосновано ги објавува нивните идентитети, притоа смислено нагласувајќи дека се Албанци, без да се почитува пресумција на невиност и без да се почитува нивната приватност, нанесената

Стеван Дојчиновиќ: Страшно е кога државата ја користи тајната полиција да ги следи новинарите

на 1. 11. 2016 | | en
Стеван Дојчиновиќ, лидер на КРИК: Теми за корупција има колку сакаш  

Клучно е кога некој поединец ја сака државата и си ја работи работата. Тоа е посилно отколку кога државата ќе ги уапси поранешните министри. Битни се поединците кои се јаки, кои ќе истапат баш кога е време. После, доцна е за сè. Да се апси мртов коњ, нема ефект

  Пишува: Владо Ѓорчев   Можеби помалку или повеќе

Невистинит наслов е неетичко и непрофесионално новинарство

на 28. 10. 2016 | | sq

 

[Рецензија: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија]

Проблемот со овој текст е најмногу во насловот. Немајќи што да ѝ понудат на јавноста во самата содржина на новинарскиот производ, новинарите често знаат да се обидат да го привлечат читателот со насловот, што е своевидна измама, бидејќи во самиот текст нема потврда на кажаното. Тоа, пак, е целосно непрофесионален и неетички однос во новинарството. Линк до оригиналниот напис: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија Датум и време на објавување: 26.10.2016, 12:09 Датум на рецензирање: 27.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Новинарскиот производ што го рецензираме почнува со тенденциозен и невистинит наслов. „За два месеци ќе легнат 8.500

Не Јанева, туку текстот има двојни аршини

на 26. 10. 2016 | | sq
  [Рецензија: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски]   Деновиве сме сведоци на силни спинови кои имаат само една цел – да се омаловажи Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева. Таков е и овој текст. Со делови извадени од контекст, како што е и парчето од видеозапис, се спинува за наводни двојни аршини на Јанева. Наспроти тоа, пак, двојни аршини има текстот.     Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски Датум и време на објавување: 22.10.2016, 10:38 Датум на рецензирање: 26.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

Текст што коректно информира за јавниот интерес

на 25. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале]

  Сериозните медиуми секогаш водат сметка за јавниот интерес и врз основа на тоа ги определуваат темите. Затоа и овој текст, кој по сите критериуми заслужува позитивна рецензија, придонесува за создавање критичко мислење во општеството, поттикнува јавна дебата за прашања од општ интерес и, едноставно, е совест на заедницата.   Линк до оригиналниот напис: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале Датум на објавување: 20.10.2016, 14:49 Датум на рецензирање: 25.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Испочитуван е еден од основните принципи на однесување на новинарите, кој произлегува од Кодексот на новинарите на Македонија, а тоа е дека треба да се почитува вистината и дека јавноста треба да

Претплатете се за најнови вести