verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Агенциско новинарство – фабрика за вести

на 10. 08. 2016 | |
Новата зграда на „Франс прес“ во Париз. Фото: „Википедија“  

Битна разлика помеѓу новинските агенции и другите медиуми е во тоа што новинските агенции ги опслужуваат другите медиуми и така посредно доаѓаат до крајниот корисник: читателот на весник, слушателот на радио, гледачот на телевизија, корисникот на интернет…

  Пишува: Владо Ѓорчев   Агенциското новинарство (анг. agency journalism/reporting) е облик на новинарство што се остварува по пат на агенција која служи

Неетички е да се објави фотографија на загинати во сообраќајка

на 5. 08. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО]

Не е преголем грев ако понекогаш во рубриките каде се пласираат полевтерни вести (забава, живот…) се протнат и написи обоени со сензационализам. Но, недозволиво е да се прави сензационализам од семејни трагедии и тоа на насловните страници или во „посериозните“ рубрики (црна хроника). А, токму таков е текстот што е пред нас, кој известува за сообраќајката кај Удово во која животот го загуби брачен пар од Скопје. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО Датум и време на објавување: 04.08.2016 Датум на рецензирање: 05.08.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЈ Е ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ДА СЕ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈАТА?

Неетички и

Празнично „плукање“ по опозицијата

на 4. 08. 2016 | |

[Рецензија: Иронијата на СДСМ: Ги сквернавеа Илинденците, а денес лицемерно им се поклонуваат]

Текстот е целосен спин, од почеток до крај, креиран со единствена цел – да  ѝ  наштети на опозициската партија.  Притоа се прави врска со големиот национален празник Илинден, па злоупотребувајќи ги чувствата на народот, социјалдемократите се обвинуваат за антимакедонство. Линк до оригиналниот напис: Иронијата на СДСМ: Ги сквернавеа Илинденците, а денес лицемерно им се поклонуваат Датум и време на објавување: 2.08.2016, 13:46 Датум на рецензирање: 03.08.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев    

НЕВИСТИНА

„Продолжува лицемерното однесување на СДСМ и партиските полтрони. Со месеци тие ги сквернавеа спомениците низ Скопје, плукнаа по асномците и илинденците, ги шараа со боја и ги уништуваа. Денес со насмевка на лицето лицемерно се

Новинарот не смее да сугерира пресуда

на 3. 08. 2016 | |
 

[Рецензија: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ]

    Ова е крајно необјективен текст. Не може да се пофали ниту со содржајност, ниту со објективност, но затоа „вришти“ од пристрасност. Новинарството, пак, не препознава вакви текстови, односно јасно дефинира дека таа појава е недозволива според професионалните норми и стандарди…   Линк до оригиналниот напис: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ Датум и време на објавување: 31.07.2016, 10:48 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев     ПРИСТРАСНОСТ УШТЕ ОД ПОЧЕТОК   „Четири месеци откако е поднесена кривична пријава против поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за непочитување судска одлука

Медиуми, а да помислевте на детето, а не на кликнувањата!

на 29. 07. 2016 | |

   

И независно кој прв почна да ја расплетува чувствителната приказна, срамно е што притоа многумина во медиумите заборавија на болката на детето. Тоа, се разбира,  е неодговорно и недозволиво за етички исправното новинарство.

    Пишува: Владо Ѓорчев   Кој прв почна и кој е виновен за обелоденувањето  на имињата на малолетното девојче и на осомничениот педофил, случај што деновиве ја потресе македонската јавност? На остри и крајно

Текст за една употреба

на 28. 07. 2016 | |

[Рецензија: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ]

  „Луѓето ќе веруваат во она во што медиумите им кажуваат да веруваат“ – Џорџ Орвел. Читајќи го внимателно текстот што е предмет на рецензија, не можеме да ја исклучиме веројатноста дека постојат и луѓе што можат да поверуваат на содржината што е објавена под сензационалистичкиот наслов. Се работи за манипулација со онаа публика која лесно наседнува на приказните за чудотворци, бајачки и за исцелители, па и на ваков текст за магии. Линк до оригиналниот напис: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ Датум и време на објавување: 19.07.2016 Датум на рецензирање: 27.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

МАГИИ, БАЈАЧКИ, ГАТАЧКИ

Во медиумите неретко се среќаваат вакви

Извитоперена слика

на 27. 07. 2016 | |

[Рецензија: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми]

  Медиумите наклонети на владејачката партија секоја вест што е поврзана со изборите можат да ја извртат до тој степен што таа не само нема да има допирна точка со вистината, туку нема да има никаква врска со професионалното новинарството. Таков е и овој текст, кој речиси во сите пасуси спинува, со што дава извитоперена слика за темата што ја обработува. Линк на оригиналниот напис: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми Датум и време на објавување: 22.07.2016, 16:13 Датум на рецензирање: 26.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОИ НОВИНАРИ СЕ ЧУДАТ?

„Фантомската математика на Заев и Шеќеринска доживеа

Подгответе се – „в петок“ почнува викендот!

на 25. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок]

  Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, пак, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Можеби текстот, кога ќе го видите насловот, ќе ви биде атрактивен за читање, но ако помислите дека има уште нешто интересно во него, ќе се излажете.     Линк до оригиналниот напис: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок Датум и време на објавување: 23.07.2016 Датум на рецензирање: 25.07.2016

Не се знае за што, ама СДСМ е виновен

на 22. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик]

  Тој што се надеваше дека по договорот на четирите партии ќе се смират страстите, дури и во медиумите, се излажал. Тоа се покажа нецели 48 часа откако претставниците на партиите насмеани излегоа од Клуб на пратеници и соопштија дека се направени „крупни чекори“ во подобрување во сферата на медиумите. Но, не испадна така. На дело со овој текст се виде веднаш дека нема да функционира сѐ така мазнo.     Линк до оригиналниот напис: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик Датум и време на објавување: 22.07.2016, 11:29 Датум на рецензирање: 22.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев

Македонските медиуми заробени од четири партии

на 21. 07. 2016 | |
Медиумите во канџите на партиската политика. Фото: edkohler/мета  

По скептицизмот кај познавачите на состојбата во медиумите останува само да се види колку од договореното ќе се реализира. Многумина веруваат дека преговорите ќе продолжат со дебата и во септември, без конкретни решенија. Како и да е, новинарите не се согласуваат со тоа партиите да им го кројат начинот на работа и професионалните стандарди. Пржинската четворка тоа не го разбра досега

Претплатете се за најнови вести