verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија

на 14. 07. 2014 | |
Ова е текст кој предизвикува забуна кај читателите. Се работи за соопштение кое е објавено и на веб страницата на Министерството за одбрана. Текстот е целосно преземен, без притоа да се наведе од каде, ниту да се линкува веб страницата на министерството. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија Датум и време на објавување: 11.07.2014 Датум на рецензирање:12.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ НОВИНАРСКИ СТАНДАРДИ

Текстот е вистинит. Настанот се случил и министерот за одбрана Зоран Јолевски навистина беше во посета на САД. Она што збунува е што написот е целосна копија на соопштение објавено на официјална веб страница, а тоа никаде не е наведено. Ова создава забуна од типот дека новинарот бил на

Рецензија: Осогово крие минерал со огромна лековита моќ

на 11. 07. 2014 | |
Ова е текст за минерал и неговото лековито својство, кој последниве месеци постајно се врти во медиумите. Некаде поопширно, некаде во скратена верзија, но го имало речиси низ сите медиуми. Тука текстот е нафрлен, со поткрепа на „експерти“ без притоа да се наведат барем од која институција, со штури информации и бомбастичен наслов. Затоа е и тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Осогово крие минерал со огромна лековите моќ Датум и време на објавување: 10.07.2014 Датум на рецензирање: 10.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ НАУЧЕН ДОКАЗ

Дека постои таков минерал, постои. Но, тоа е единственото што може низ интернетот како информација да се провери. Другите моменти се под знак прашалник. Не може со сигурност ниту да се провери дали

Рецензија: Како од практикант се станува новинар известувач

на 10. 07. 2014 | |
Ова е уште еден текст од низата кои се појавија деновиве, а имаат за цел да ги напаѓаат новинарите и невладините организации. Приведувањето на новинарот од „Лајм“, кој подоцна беше ослободен, беше искористено да се пласираат спинови поврзани со таа тема. Со тоа повторно се навлегува во чувствата на граѓаните, а се предизвикуваат и тензии кои навистина се непотребни во ова време. Линк до оригиналниот напис: Како од практикант се станува новинар известувач Датум и време на објавување: 07.07.2014, 19:32 Датум на рецензирање: 09.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОПАСНИ ПАСУСИ

Ниту еден пасус во текстот не е вистинит. Дури има и делови кои не можат здраворазумски да се објаснат, а згора на сѐ се опасни: Според информациите, не е исклучено

Рецензија: Порталите финансирани од Сорос ширеа параноја по протестите за „Монструм“

на 8. 07. 2014 | |
Во вакво време-невреме да се пласира теза дека: Во голема мера полугата на Сорос (портали и интелектуалци кои се финансирани од нив) потпомага во ширењето тензија поврзано со протестите околу случајот „Монструм“. … е крајно, во најмала рака да речеме, несериозно. Во моментов кога причините за протестите (кои ниту малку не се безопасни) се сосема од друга природа, а вината да се бара во медиуми, невладини организации и интелектуалци е лошо и штетно и за државата и за граѓаните. Овој текст го прави токму тоа. Спинува. Не знам само дали постои свест што се прави со ова? Или, пак, немоќта на институциите да се справат со новонастанатата ситуација сега се покрива со дефокусирање од вистинската тема. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела

на 7. 07. 2014 | |
  Пред нас имаме текст кој се занимава со исклучително комплексна тема. Известувањата за самоубиство во новинарството отсекогаш биле предизвик за тоа како и до колку треба да се известува за еден ваков настан. Таа проблематика најдобро ја има разработено м-р Жарко Трајаноски во анализата: Како (не) треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери. Во овој текст само ќе посочиме каде се направени грешките и зошто написот е се нашол на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела Датум и време на објавување: 03.07.2014, 08:06 Датум на рецензирање: 03.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРЕДОЗИРАЊЕ

Најверојатно настанот и се случил тоа така како што е напишано. Но, дилемата

Рецензија: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка

на 1. 07. 2014 | |
Овој текст неумесно ја искривува вистината. Во најголем дел тоа го прави насловот, но и понатаму текстот оди во тој правец. Имено, не се работи за тоа дека Русинките нема повеќе да носат гаќички од чипка, туку дека Русија забранува увоз на синтетика. Едно со друго нема врска, но, се разбира, насловот е тука да привлече повеќе читатели. Линк до оригиналниот напис: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка Датум и време на објавување: 28.06.2014, 19:58 Датум на рецензирање: 30.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕМА ОД ЖОЛТ ПЕЧАТ

Иако наизглед темата е бенигна, или, пак, така е претставена (инаку, се работи за сериозен закон кој опфаќа повеќе држави), не смее да се заборави вистинитоста. Тука толку е

Рецензија: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ

на 30. 06. 2014 | | sq
Личните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија. Линк до оригиналниот напис: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ Датум и време на објавување: 26.06.2014 Датум на рецензирање: 27:06.2014 Рецензент:

Рецензија: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт

на 26. 06. 2014 | | sq
Ова е текст кој во најголем дел, ако не и цел е невистина. Или се работи за груби шпекулации кои преминуваат во манипулации, или, пак, станува збор за незнаење. Сѐ ми се чини дека се работи за првото. Линк до оригиналниот напис: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:06 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСНА МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот е целосна невистина. Се прави една паралела која досега не се покажала за вистинита. Затоа што ниту сегашниот, ниту минатиот лидер на СДСМ, немаат никаде проговорено дека сакаат да добијат власт без избори. Затоа текстов е манипулација. Башка што тоа не е можно во демократски земји.

Рецензија: Грчева и Топузова распнати – ова ли е демократијата на СДСМ?

на 25. 06. 2014 | |
Ова е текст кој не може да се идентификува со ниту еден новинарски жанр. Ако требало да претставува информација, тоа не е. Не ги запазува ниту занаетските правила, а настрана етичките, моралните, па ако сакате и јазичните. Не е ниту колумна – не е потпишан од никого, а нема ниту други елементи. Иако колумната може да содржи и сатира, сепак, тука за тоа не може да стане збор. Или се сакало, само безуспешен бил обидот. Можеби од колумнистичкиот елемент е запазена само периодичноста. Вакви текстови се појавуваат одвреме навреме, и никој не знае зошто, кога, како и од каде. Линк до оригиналниот напис: Грчева и Топузова распнати- ова ли е демократијата на СДСМ? Датум и време на објавување: 24.06.2014, 10:51

Рецензија: Замина ли Заев на тајни средби во Грција за да ја свитка кичмата на државата?

на 24. 06. 2014 | |
Ова е текст полн со шпекулации, манипулации и клевети. Приказната која ја објави еден македонски дневен весник продолжува и наредните денови, но овојпат надградена и проширена низ порталите. И без разлика кој дел од продолженијата да се рецензира и тоа од било кој портал што ја застапува линијата на владата, нема да се погреши во оценката дека тоа се текстови надвор од сите познати новинарски стандарди кај нас и во светот. Линк до оригиналниот напис: Замина ли Заев на тајни средби во Грција за да ја свитка кичмата на државата? Датум и време на објавување: 21.06.2014, 12:43 Датум на рецензирање: 24.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НИШТО НЕ Е ВИСТИНА

Најверојатно ништо од текстот не е вистина. Секоја реченица се должи

Претплатете се за најнови вести