verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Сензационализмот за „лек“ е опасен отров

на 21. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути]

Сензационализмот во текстови за човековото здравје и за третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Не е етички медиумите да шират информации за наводни откритија на лекови, што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата препишана терапија од лекар. Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во овој текст не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност.     Линк до оригиналниот напис: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути Датум и време на објавување: 19.04.2016, 08.40 Датум на рецензирање: 20.07.2016

ТВ-дневник: Превртената пирамида се исправи во вестите

на 18. 07. 2016 | |
Испробана стратегија: фали ги „успешните проекти“ на власта, нападни ја опозицијата. Фото: скриншот  

Едно информативно издание треба да биде комплетно. И по примерот на превртена пирамида да почне од најглавната вест, па да заврши со помалку важни. Во овој ТВ-дневник не беше така, туку информативното издание наликуваше на исправена пирамида. Во неа имаше каша-попара од вести, подредени без редослед, туку според нечие допаѓање 

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на

Крајот делото го гнаси

на 7. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗАЕВ МУ КАЖА НА ХАЈНДЛ ДЕКА Е МОЖЕН ДОГОВОР ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И ЗА МЕДИУМИТЕ]

Еден новинарски текст мора да има почеток и крај и во тие рамки да биде вистинит и објективен. Доколку само еден сегмент на написот биде невистинит или непроверен докрај, пропаѓа целиот труд на новинарот. Така е со овој текст. Насловот и речиси целиот текст се коректни, но последниот пасус…   Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ МУ КАЖА НА ХАЈНДЛ ДЕКА Е МОЖЕН ДОГОВОР ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И ЗА МЕДИУМИТЕ  Датум и време на објавување: 06.07.2016, 17:56  Датум на рецензирање: 07.07.2016  Рецензент: Владо Ѓорчев   До душа, насловот е малку изнасилен. Точно е дека Заев му кажал на германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес

Новинарството не значи „како првиот, така и вториот“

на 6. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗОРАН СТАВРЕСКИ ЕКСПРЕСНО ОДБИЕН ЗА ИСЕЛЕНИЧКА ВИЗА ЗА САД]

Tекстов е типичен пример за објавување непроверени и неточни информации. Желбата да се биде атрактивен и да се собере читаност, превладеала над фактите и над вистината, што е недозволиво во професионалното новинарство.     Линк до оригиналниот напис: ЗОРАН СТАВРЕСКИ ЕКСПРЕСНО ОДБИЕН ЗА ИСЕЛЕНИЧКА ВИЗА ЗА САД Датум и време на објавување: 02.07.2016 Датум на рецензирање: 04.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   „Зоран Ставрески во неколку наврати поднесувал ‪#‎оставка од Министерсвото за финансии и се пријавувал за заштитен сведок при судските процеси за поголемите корупциски скандали на Никола Груевски.  Меѓутоа, бидејќи братучедот Мијалков се снима и следи, Ставрески во повеќе наврати е сопиран и тепан од страна на личното обезбедување

Натежнува од шпекулации и од невистини

на 4. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: СТУДЕНТИТЕ ИМ СВРТЕА ГРБ: Цела вечер испраќале пораки во штабовите, им се собрале наркомани и дилери!]

  Ова е текст полн со шпекулации и со невистини. Толку нафрлени невистини во еден толку краток тест ретко можат да се сретнат. Линк до оригиналниот напис: СТУДЕНТИТЕ ИМ СВРТЕА ГРБ: Цела вечер испраќале пораки во штабовите, им се собрале наркомани и дилери! Датум и време на објавување: 01.07.2016 Датум на рецензирање: 03.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАВРЕДЛИВ ТОН

„Од околу 25 000 студенти на Универзитетот Кирил и Методиј само 50-тина се приклучија на насилното сценарио на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Најголемиот дел од овие беа приврзаници на најекспонираниот кадар на СДСМ – Сорос , геј иконата Љуми. Остатокот кои им се придружија

Текстот ги виде кутиите, ама не ги виде специјалците

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ]

Ова е текст кој како да известува за работи што не се случуваат во Македонија, туку некаде во Индија… Она што фрапира е што е невозможно покрај сите работи што се појавија на социјалните мрежи и по порталите да не се знае што точно се случило, односно да го нема тоа во текстот.   Линк до оригиналниот напис: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ Датум и време на објавување: 30.06.2016, 17:40 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ОД ПОЧЕТОК СО НЕВИСТИНИ

„СДСМ и платениците продолжуваат со своите сценарија за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.“

Првата невистина ја има уште

Повредата на авторското право во Македонија е казнива со закон

на 29. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Специјално судско одделение ќе стане нов услов за изборите?]

  Во последно време плагијаторството станува загрижувачки начин на собирање некој клик повеќе. Професионалните редакции, во кои има искусни новинари, постојано се на мета на плагијатори од таканаречените човек-портали или блогови, кои најчесто и не го наведуваат изворот, туку си го пренесуваат текстот како нивни производ. Таков е примерот и со написот кој е предмет на оваа рецензија.   Линк до оригиналниот напис: СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СТАНЕ НОВ УСЛОВ ЗА ИЗБОРИТЕ? Датум и време на објавување: 28.06.2016 Датум на рецензирање: 29.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Во случајов се работи за текст објавен во весникот „Слободен печат“, кој потоа со уредно назначување од каде е преземен и кој е

Текст што буди спомени

на 28. 06. 2016 | | sq

 [Рецензија: Го снема детскиот џагор од Пелистер]

  Дневно-политичките информации и вести целосно го имаат окупирано медиумскиот простор, па кога ќе се појави еден ваков текст, тој е своевидно освежување. Навистина многу ретко се објавуваат написи за некогаш репрезентативни објекти кои се оставени да пропаѓаат поради институционална немарност, негрижа или неодговорност. Линк до оригиналниот напис:  Го снема детскиот џагор од Пелистер Датум и време на објавување: 27.6.2016 Датум на рецензирање: 28.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТИШИНАТА НА ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ

Текстот  за тишината на овој подзаборавен објект е полн погодок и ги има сите елементи на професионално сработен новинарски производ. Што е најбитно, низ една фина нарација ја загатнува причината за пропаѓањето на детското одморалиште на Пелистер: „А таквата жална судбина

Објективноста на текстот како игла во сноп сено

на 24. 06. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија]

  Ова е едностран и необјективен текст, кој нагласено се труди да ги поврзе СДСМ, „Шарена револуција“ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ). Написот не се темели на факти, туку врз основа на паушални и тенеденциозни информации има цел да ги дискредитира и опозицијата и граѓанските протести, кои веќе трет месец се одржуваат на улиците во повеќе градови во земјава. Линк до оригиналниот напис: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија Датум и време на објавување: 23.06.2016, 11:31 Датум на рецензирање: 24.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИНЕРСКИ ТЕЗИ

„СДСМ се очекува да влезе во нов бојкот на Собранието. По барањето кое СОРОС преку т.н. „Шарена

Трајчевски: Треба желба кај сопствениците на медиумите за да се надмине говорот на омраза

на 22. 06. 2016 | |
  Зоран Трајчевски: „Говорот на омраза доминира на интернет-медиумите и на социјалните мрежи, додека на класичните медиуми (телевизии и радија) го има во многу помала мера“  

Најголем проблем во медиумската сфера е непочитувањето на професионалните новинарски стандарди и сè поголемата појава на стигматизација и на дискриминација по разни основи. Тоа е тренд кој не е од вчера. Тоа е процес кој оди во надолна линија веќе дваесетина години. Тоа

Претплатете се за најнови вести