verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Смислено пласирање невистини

на 1. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер]

  Овој текст со денови ја турка истата манипулативна теза. И истото се прави во сите провладини медиуми. Инаку, тука имаме случај на спин со целосно извртување на вистината. Се прави обид да се протурка некоја теза, која во ниту еден момент не може да се потврди. Тука не станува збор за „ненамерно“, туку за смислено пласирање невистини. Линк до оригиналниот напис: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер Датум и време на објавување: 30.05.2015, 15:00 Датум на рецензирање: 31.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИН И НЕВИСТИНА

„Истите извори потврдуваат дека во СДСМ владее став дека покрај Заев треба

ТВ-прилог: Кој и зошто ги заборавил правилата на новинарската професија?

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата]

  Овој текст спинува од почетокот до крајот. Притоа го омаловажува едниот камперски протест на сметка на другиот. Исто така, во ниту една реченица нема доказ за тоа што го тврди. Значи, нема извор, нема објективност, а е објавен на медиум кој себе се декларира како професионален. За тоа да биде, сепак, мора да ги има сите новинарски познати стандарди прифатени од светската новинарска елита. Линк до оригиналниот напис: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата Датум на објавување: 21.05.2015, 5:08 Датум на рецензирање: 22.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОПАГАНДА

„Пред Владата меѓу присутните најбројни се административци од Струмица и Центар. Иако платени од граѓаните

Зошто нема различни извори

на 20. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Фијаско на митингот на СДСМ кој беше најавуван како „историски“]

  Ова е текст што не ја прикажува вистината. Сака да внесе забуна во јавноста со тоа што ќе прикаже помала посетеност на митингот на СДСМ во Скопје. Сепак, ако се сакало да се има објективен текст, морало да се наведат повеќе извори, па макар и да се различни според ставовите. Така, написот би бил содржаен и објективно би ја пресликал состојбата. Линк до оригиналниот напис: Фијаско на митингот на СДСМ кој беше најавуван како „историски“ Датум и време на објавување: 17.05.2015, 19:20 Датум на рецензирање: 19.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОГРЕШНО ТВРДЕЊЕ

Да се тврди дека на митингот имало околу 20.000 луѓе, без да се има потврда

Пеколен текст за „пеколниот план на Заев за 17 мај“

на 18. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај]

  Кога целиот текст е напишан на база на шпекулации, веднаш знаете дека нешто не штима. Башка, овој текст се појави на сите провладини медиуми речиси истовремено, што само дополнително го зголемува сомнежот дека е нарачан партиски памфлет. За да не се есапи како сериозен новинарски производ, има повеќе елементи, од објективност, до содржајност, во минус е со вистинитоста, а во плус со пристрасноста. Линк до оригиналниот напис: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај Време на објавување: 12.05. 2015, 13:12 Датум на рецензирање: 15.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Овој текст има цел да оформи една слика која не е вистинита. Притоа,

Како да се третираат свиркачите во законите и во медиумите

на 17. 05. 2015 | | sq, en
„Во земја на кртови, свиркачот е крал“. Најпознатиот пријавувач на денешнината – Едвард Сноуден. Фото: Tjebbe van Tijen, 2013    

Во процесот на поднесување на пријавите, неминовно е и инволвирањето на медиумите, како и на граѓанските организации кои се јавуваат во улога на важен сегмент што ги поврзува граѓаните со државните институции и овозможува полесна циркулација на информациите

  Пишува: Владо Ѓорчев   Во Република Македонија владее неповолна клима

Измислен датум за политичка штета

на 13. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај]

  Ова е текст што спинува информација, која, инаку, е официјално пласирана од МВР. Притоа, спинот намерно се насочува на датумот на протестот на СДСМ. Со тоа се претендира да се поврзе опозициската партија со терористите, што е целосна невистина и непрофесионален пристап. Линк до оригиналниот напис: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај Време на објавување: 10.05.2015, 15:04 Датум на рецензирање: 12..05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСЕН СПИН

Веста е неточна. Точно е тоа дека помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, рече дека нападите биле планирани за средината на месецот (мај), но тој не посочи датум. Други медиуми, пак, претежно провладини, излегоа со

Ова воопшто не може да се нарече новинарски текст. А, што е? Никој не знае

на 11. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?!]

  Ова е уште еден спин од серијата последниве денови, на кои не им се знае бројот. И една и едниствена цел има – да ги оцрни медиумите кои критички ја опсервираат власта и, секако, секогаш „виновната“ Фондација „Отворено општество Македонија“ (дел од мрежата Сорос-фондации). Инаку, целиот текст нема ама баш никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?! Датум и време на објавување: 07.05.2015, 10:58 Датум на рецензирање: 08.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИН КОЈ СЕ ГЛЕДА ОД АВИОН

„Организаторите на протестите во Скопје, СДСМ и Сорос, подготвуваат поголемо и покрваво сценарио. Тоа

Прашања од историјата во актуелна политичка криза и тоа за туѓ уредник

на 8. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска]

  Текстов има намера да биде уредник на медиумот за кој се пишува. Си зел за право да посочи 10 прашања кои новинарката Снежана Лупевска требало да му ги постави на гостинот Бранко Црвенковски. И како во вицот како мали Ѓокица замислува, така и прашањата како да се диктирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска Датум и време на објавување: 04. 05. 2015, 22:27 Датум на рецензирање: 06.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕРЕАЛНИ ПРАШАЊА

Веднаш за текстот се поставува прашањето зошто Лупевска да мора да ги постави тие прашања. Секој медиум си има уредувачка политика и постапува по неа. Какви, пак, прашања

Извртена математика

на 7. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо]

  Ова е текст кој има извртена математика. Написот, инаку, има единствена цел, а тоа е да има повеќе кликнувања. Ништо друго не му е важно. Тоа го покажува и насловот, кој намерно е оставен за да заинтригира, но, се чини, направил спротивен ефект. Така, на прво читање излегува како текстот да е погрешен, што е далеку од целта на професионалното новинарство. Линк до оригиналниот напис: Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо Датум и време на објавување: 29.04.2015, 14:27 Датум на рецензирање: 04.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЛОША МАТЕМАТИКА

Откако постои новинарството, се знае дека првата задача му е да пренесува информации точно и

ТВ-дневник: Пропуштен историски настан

на 7. 05. 2015 | |
Спомнатиот диететски производ што го нема во Македонија и едвај спомнатиот народ што ја преплави Македонија. Фото: видео скриншот/ СПФМ, 2015  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ на 5 мај 2015 година во 23.30 часот]

 

Премолчувањето на крупните настни на денот, кои, покрај тоа што се актуелни, имаат и поголемо значење од дневно-политичкото, е исто како и лажно известување. Единствена разлика е само што овде невистината се искажува

Претплатете се за најнови вести