verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Манипулација со информација заради дискредитација на СЈО

на 19. 09. 2016 | | sq

Овој текст не може да се пофали со вистинитост и со објективност. Нафрлени се некои работи кои не можат да бидат точни, но тоа во написот не се појаснува. Тоа значи дека намерата не е информативна, туку манипулативна, со крајна цел – да се дискредитира Специјалното јавно обвинителство. Линкуван до оригиналниот напис: СЈО против граѓаните и МПЦ кои протестираа против стопирање на изградбата на црквата, а молчат за дивењеето на платениците на СДСМ и СОРОС  Датум и време на објавување: 15.09.2016, 12:54  Датум на рецензирање: 19.09.2016  Рецензент: Владо Ѓорчев „На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои

Школски пример за спин

на 15. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)]

    Овој текст е школски пример за спин. Тоа се гледа веднаш штом ќе се преслуша видеозаписот кој е ставен како извор на тезата што се застапува, но ниту тоа не спречило да се објави ваков сензационалистички наслов.   Линк до оригиналниот напис: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 14.09.2016, 12:12 Датум на рецензирање: 15.09.2016  Рецензент: Владо Ѓорчев   ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВА Со самото преслушување на видеоснимката веднаш се сфаќа дека се работи за спин. Тоа што се алудира во насловот, „Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја

Целосен политички напад со половично анализирање

на 14. 09. 2016 | |

[Рецензија: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе]

  Ова е уште еден од низата текстови натопени со идејата за пресметување со министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. И во овој текст воопшто не се води сметка за професионалноста и за стандардите на новинарството. Затоа и личи на напис по нарачка од некој центар, на кој воопшто не му се битни правилата, туку замајувањето на јавноста.     Линк до оригиналниот напис: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе Датум и време на објавување: 7.09.2016, 13:21 Датум на рецензирање: 09.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ЦЕЛОСЕН НАПАД СО ПОЛОВИЧНО АНАЛИЗИРАЊЕ „Технички назначената министерка од СДСМ одбиваше исто така да го потпише

ТВ-дневник: Може и поинаку – за малку испуштена шанса за позитивна оценка

на 13. 09. 2016 | |
Еден напад без да се праша нападнатата страна и еден „рекламен“ прилог го „затемнија“ одличниот ТВ-дневник. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 16 часот на 12 септември 2016 година]

 

Ова издание на вестите пропушти шанса да биде позитивно оценето првпат откако постои „Сервис за проверка на факти во медиумите“. Сепак, овој ТВ-дневник на „Сител“ покажа дека може да се работи професионално новинарски само ако се

Растресен текст само за на „Фејсбук“

на 13. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!]

  Ваков текст тешко може да се нарече новинарски, но ете, Македонија е земја на чудата, па и тој постои! Методологијата по која се раководи „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ како да е правена за овој текст. Покрај сето тоа, написот е лошо напишан, со граматички грешки кои говорат за основно непознавање на македонскиот јазик.   Линк до оригиналниот напис: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда! Датум и време на објавување: 11.09.2016 Датум на рецензирање: 13.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Една ваква фотографија и коментар може да „поминат“ на социјални мрежи, од каде, претпоставуваме,

Текст каков што одамна не сме прочитале

на 12. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа]

  По неколкудневната хајка со текстови против министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, конечно во македонскиот медиумски простор се појави нормален и професионално содржаен текст. Тоа што во него има неофицијални извори воопшто не му пречи на написот, напротив, само го збогатува и му дава содржајност. Ова е аргументирано, сеопфатно, а сепак читливо и непретенциозно четиво, а обработува прилично „жешка“ дневно-политичка тема.     Линк до оригиналниот напис:  Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа Датум и време на објавување: 10.09.2016, 17,39 Датум на рецензирање: 12.09.2016  Рецензент: Владо Ѓорчев     Текстот има правилно направен наслов, кој ги опфаќа

Текст како муабет на колеги на своите работни места

на 8. 09. 2016 | |

[Рецензија: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП?]

  Овој текст воопшто и немал намера да го прикаже проблемот од сите аспекти, туку наменски да ја претстави сликата само од аголот на власта, притоа фрлајќи дрва и камења по министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.   Линк до оригиналниот напис: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП? Датум и време на објавување: 6.09.2016, 16:52 Датум на рецензирање: 07.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ЕКЛАТАНТЕН НАПАД БЕЗ НОВИНАРСТВО Материјалот што го рецензираме уште на самиот почеток ја критикува министерката Ременски: „Нарушување на работната атмосфера, притисоци и обиди за скандали – Фросина Ременски го започна вториот мандат како технички

Текст кој е и психијатар и експерт

на 7. 09. 2016 | |
   

[Рецензија: „Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ]

  Текстот е несодржаен и необјективен од почеток до крај. Правен е со идеја да го дискредитира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) и да ја стави под прашалник неговата професионалност. Но, притоа се заборавило дека ДИК е независно тело и самото одлучува за својата работа, a нејзиниот претседател може да се среќава со кого сака во слободно време. Тоа воопшто не значи дека тој не е професионален. Напротив, неговата професионалност се гледа во работата на ДИК, во нејзините одлуки и во нејзината доверба кај граѓаните.   Линк до оригиналниот напис: „Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ Датум и време на

Скандалозен текст со непроверени шпекулации

на 5. 09. 2016 | | sq
   

[Рецензија: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие лицата од СДСМ кои се одговорни за нејзиниот ПР]

    Текстот што го рецензираме почнува како коментар и во најголем дел е токму тоа. „Скандалозно е лица кои се задолжени за односи со јавност, кои имаат допир со чувствителни материјали, да се кријат од медиумите и јавноста“. Со тоа уште од влезната реченица се прекршуваат правилата на етичко известување во медиумите. Сепак, што е скандалот останува нејасно до самиот крај. Дали е скандал тоа што се тврди дека Специјалното јавно обвинителство „крие“ нешто или е скандалозно тоа што текстот е непроверена шпекулација, без намера да се праша засегнатата страна.   Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие

Новинарска дилема: Борба за ексклузивитет или за правичност во истражни постапки

на 29. 08. 2016 | |
Криминалот, судот и новинарското перо. Фото: pixabay  

Досегашната практика покажа дека од СЈО досега не е излезено ниту едно име кое е осомничено. Тоа подразбира дека ниту новинарите не дошле до некои податоци, затоа што не е за верување дека не би објавиле „ексклузивна“ вест. Сето тоа е во рамките на законот и на стандардите на известувањето за вакви случаи. Следејќи го јавниот интерес, сепак мора да се информира

Претплатете се за најнови вести