verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст како муабет на колеги на своите работни места

on 8 - 09 - 2016       

kurir-za-remenski

[Рецензија: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП?]

 

Овој текст воопшто и немал намера да го прикаже проблемот од сите аспекти, туку наменски да ја претстави сликата само од аголот на власта, притоа фрлајќи дрва и камења по министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

 

remenskiЛинк до оригиналниот напис: Фрустрации, реваншизам и измислени скандали: Како Ременски го започна вториот мандат во МТСП?

Датум и време на објавување: 6.09.2016, 16:52

Датум на рецензирање: 07.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЕКЛАТАНТЕН НАПАД БЕЗ НОВИНАРСТВО

Материјалот што го рецензираме уште на самиот почеток ја критикува министерката Ременски:

„Нарушување на работната атмосфера, притисоци и обиди за скандали – Фросина Ременски го започна вториот мандат како технички назначен министер за труд и социјална политика исто така како што се однесуваше за цело време во текот на својот прв мандат на позицијата“.

Меѓутоа, ова критизерско четиво не нуди факти за искажаните тврдења, што ја доведува во прашање неговата вистинитост. Втората страна најверојатно воопшто и не била планирана. Текстот остава впечаток дека е наменски правен за да ја нападне министерката, без притоа да понуди соодветна аргументација. Со ваквиот начин на обработка и на пласирање на информациите се нарушени повеќе одредби од Кодексот на новинари, меѓу кои и првиот член, во кој јасно се наведува дека:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

Без да биде побаран одговор од Министерството за труд и социјална политика, но и без посочени релевантни извори кои би сведочеле за работењето на оваа институција, написот пласира паушална информација, што натежнува од пристрасност. Тоа го прави со единствена цел – да ја дискредитира работата на министерката Ташевска-Ременски.

„Ова го сведочат наши извори од министерството во кое минатиот пат Фросина Ременски за цели седум месеци немаше ниту една позитивна мерка, а цел грст скандали поврзани со нејзината нестручност и партизација на министерството“.

Кога се пишува за одредена ситуација потребни се аргументи што ќе го докажат тоа и, секако, изјави од засегнатите страни. Онака, пак, како што е пласиран овој материјал, тој остава впечаток дека има цел по секоја цена да се оцрни првиот човек на институцијата.

 

НА ПОМОШ И МАГИЈА

„Со самото стапување на функцијата вработените се жалат дека техничката министерка и нејзините соработници повторно имаат план да ја преземаат улогата на жртви и да се бават повеќе со дезинформации и измислување скандали, отколку со организирање на работата во министерството. За ова доволен показател се првите 7 месеци на Ременски во МТСП кои изобилуваа со партиски вработувања и нула резултати од нејзина страна. Работници беа испуштани од работа, семејства не можеа да добијат социјални станови бидејќи наидуваа на сопки од тимот на Ременски. Дали тоа им е планот и за овој втор мандат во МТСП, останува да видиме. Според почетокот, веројатно Ременски и нејзините луѓе можат и полошо“.

Ова изгледа како магија! Кога само успеаја за еден ден вработените да се пожалат на новата министерка? Башка што во овој дел нема дека дополнителниот заменик-министер и минатиот пат кога Ременски беше министер, ѝ поставуваше сопки во работењето. Министерството за финансии не ѝ исплаќаше пари, што провладините медиуми го искористуваа во текстови за нејзино плукање. Секако дека овие аспекти текстот ги нема.

Целиот текст од почеток до крај е коментаторски. Без втората страна, необјективен и несодржаен. Ова е можеби муабет на колеги на своите работни места, но никако не смее да се најде на некој портал кој претендира да биде влијателен и професионален.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

стилски уреден

Претплатете се за најнови вести