verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Растресен текст само за на „Фејсбук“

on 13 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

branko

 

[Рецензија: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!]

 

Ваков текст тешко може да се нарече новинарски, но ете, Македонија е земја на чудата, па и тој постои! Методологијата по која се раководи „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ како да е правена за овој текст. Покрај сето тоа, написот е лошо напишан, со граматички грешки кои говорат за основно непознавање на македонскиот јазик.

 

brankoЛинк до оригиналниот напис: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!

Датум и време на објавување: 11.09.2016

Датум на рецензирање: 13.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Една ваква фотографија и коментар може да „поминат“ на социјални мрежи, од каде, претпоставуваме, е „набавена“ фотографијата. Сепак, во медиум тоа не може да помине. Одамна требало да се научи лекцијата дека „Фејсбук“ и портал не е исто и дека медиумите имаат кодекс на однесување.

За да се тврди дека тој на фотографијата е Бранко Црвенковски, мора да постојат и аргументи за тоа, особено во ваков случај, кога таа е матна, сликана оддалеку и не може со сигурност да се каже кој е на неа. А во аргументите влегуваат: изјава од посочениот лик, адреса или местото каде што е направена фотографијата, сигурен извор, соговорници…

Ништо од ова нема во текстот. А доволно било да се праша каде е направена фотографијата и, евентуално, да се побара некој очевидец. Вака останува само да веруваме на текстот, а тој не ни нуди доволно докази за тоа.

Дополнително, текстот е полн со коментари, чудни формулации на реченици и обид да се омаловажи поранешниот претседател на СДСМ.

Како и да е, овој текст не задоволува ниту едно прашање од новинарските норми на пишување. Неетички, тежок за верување, нејасен, несодржаен, необјективен, сè на куп. Затоа и ова нешто што се вика напис може да „помине“ на „Фејсбук“, ама во медиум – никогаш.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести