verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пцости и простотилак наместо промоција на текст

on 13 - 09 - 2016       

 

maktel

 

 

Објавата што ја рецензираме претставува збирштина од пцости и од вулгарности која во ниту еден момент не може да се нарече новинарски напис. Ваквата објава не е соодветна ниту за социјалните мрежи, а не, пак, за блог или за медиум.

 

 

maktelЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) ПИЧКА ВИ МАТЕРИНА НЕНОРМАЛНА – Свети Николчани не дочекаа богот Никола да им го направи мостот! НЕМАЛО ПАРИ?!?! А ИМА ЗА ТРКАЛО И РАЈСКА ГРАДИНА СО МАЈМУНИ, МАЈМУНИ ДА ВЕ ЕБАТ У УСТА! 

Датум и време на објавување: 07.09.2016  04:22:21 часот

Датум на рецензирање: 13. 09. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

Километарскиот таканаречен наслов претставува коментар и одраз на простотилак, а не на новинарски производ. Дури и да станува збор за белешка, коментар или слично, недозволиво е да се користи ваков речник.

Објавата, според замислата, би требало да претставува промоција на приказната на граѓанската организација „Цивил“, која претходно е објавена на веб-страницата, а во написот е линкувана.

Главата, односно првиот пасус, претставува пофалба за граѓанската сторија. Во неа се дава кратка најава за проблематиката на сторијата на граѓанската организација.

Во следниот пасус се наведува на што се трошат државните пари и се коментира дека не се одвојуваат средства за суштинскиот проблем на жителите на населбата Ливадиште.

Таканаречениот крај на објавата претставува изразување револт преку пцости, што е спротивно на професионалните новинарски стандарди и на Кодексот на новинари, при што се прекршени неколку члена:

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

Претплатете се за најнови вести