Скандалозен текст со непроверени шпекулации
Објавено во Рецензии
on 5 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие лицата од СДСМ кои се одговорни за нејзиниот ПР]
Текстот што го рецензираме почнува како коментар и во најголем дел е токму тоа.
„Скандалозно е лица кои се задолжени за односи со јавност, кои имаат допир со чувствителни материјали, да се кријат од медиумите и јавноста“.
Со тоа уште од влезната реченица се прекршуваат правилата на етичко известување во медиумите. Сепак, што е скандалот останува нејасно до самиот крај. Дали е скандал тоа што се тврди дека Специјалното јавно обвинителство „крие“ нешто или е скандалозно тоа што текстот е непроверена шпекулација, без намера да се праша засегнатата страна.
Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Јанева и натаму ги крие лицата од СДСМ кои се одговорни за нејзиниот ПР
Датум и време на објавување: 4.09.2016, 09:37
Датум на рецензирање: 05.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ШТО Е СКАНДАЛОЗНОТО?
„Тоа покажува колку СЈО е нетранспарентно и колку СЈО работи по налог на СДСМ и само за медиумите под контрола на СДСМ/СОРОС, пишува Журнал.нет“.
Негативните класификации продолжуваат веднаш и во вториот пасус. Не може да се тврди дека нешто или некој е нетранспарентен ако не се побара изјава за темата која се обработува. Во написот нема обид да се побара став и од ова обвинителство, затоа сè што е напишано е во рамките на шпекулација. За тоа дека пасусот е целосно неаргументиран, без докази дека СЈО работи по налог на СДСМ, нема што повеќе да се зборува…
Иако текстот е превземен од друг портал (Журнал) нема критички осврт на напишаното, туку е целосна копија. Изворот на информациите е непознат, не е наведено дали е неофицијален, анонимен. Стои дека е соговорник, но тоа не значи ништо ако попрецизно не се долови од кое место потекнуваат информациите, затоа што само така ќе може да му се поверува на текстот. Вака излегува дека тоа може да биде пазарџијата, соседот, муабет во ресторан, кои, пак, немаат голем кредибилитет во новинарското пишување.
Најлесниот начин да се дојде до информацијата, сепак, е да се прашаат инволвираните соговорници во текстот. Тоа не е сторено, иако има повеќемина кои се засегнати од напишаното. Текстот не се обидел да искомуницира со ниту еден, со што се пропуштила шансата да се биде барем објективен и содржаен.
ЗОШТО НЕ Е ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО НА СЈО, НАМЕСТО НА ИНТЕРНЕТ?
„Новинарите блиски до Соросовата СДСМ, по цел ден се во СЈО и ги имаат сите, ама буквално сите, информации за истражни и предистражни постапки кои ги објавуваат за предизвикување на тензии и психолошки стрес.“
Ако, пак, медиумите кои критички се настроени кон СЈО побараат информации за истрагите, секако дека ќе добијат, толку колку што добиваат и другите медиуми. Тоа може да им го каже секој новинар кој побарал информација од ова обвинителство. Сите добиваат информации, секако онолку колку што дозволува истрагата или предистражната постапка. Многу јасно е дека ако не побараш, не можеш да имаш информација.
Така, од почеток до крај текстов е коментар, без прецизни извори, без втората страна…
Што уште треба да се каже за ваков текст. Секако дека одработува политичка агенда, воопшто не заморувајќи се со новинарството и со неговата приоритетна задача – да известува вистинито.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови